Премиерот Ковачевски е оптимист дека решение за покачување на платите во образованието може да се најде и дека ќе се најде.Но, како што дополни, синдикатот требало да е исправен пред себе и да не ги доведува до заблуда вработените во образованието.

Ние ја качивме минималната плата и постои законски рок од шест месеци за усогласување на платите. Тој рок не е истечен. СОНК без да го отвори дијалогот во рамки на тие шест месеци го започна штрајкот. Според мене ги доведе и во заблуда наставниците бидејќи и вчера ја гледав прес-конференцијата на СОНК, каде претседателот ги образложува членовите од колективниот договор и од Законот за исплаќање на плата за време на штрајк, меѓутоа не беше искрен до крај. Не ги кажа точните членови и не ги кажа до крај сите членови во однос на тие законски решенија, а тоа треба да го направи, изјави Ковачевски 

Преговори не се водат под уцена, децидно порача Ковачевски туку низ економско-социјалниот дјалог. Премиерот во своето излагање уште еднаш ги повика наставниците да се вратат на настава во училиштата.

Тој нагласи дека во јавниот сектор кој брои околу 132 000 многу е лесно дигни штрајк изнуди повисоки плати, треба да се води сметка и за приватниот сектор кој ги обезбедува платите за администрацијата, рече Ковачевски кој дополни дека се работело на нов закон за плати со кој ќе се отстранеле сите неконзистентности за платите во земјава.

(М.Т.)