Author: Mirjana

Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека руските сили започнале офанзива по целата линија на фронтот на југот и на истокот на Украина. Во објавата се наведува дека напорите на руските сили се насочени кон заземање на Мариупол и достигнување до административната граница на регионот Керсон, пренесува Интерфакс Украина. „Главните напори на непријателот се насочени кон пробивање на одбраната на нашите војници во областите Луганск и Доњецк, како и воспоставување целосна контрола над градот Мариупол“, истакнуваат од украинскиот Генералштаб.

Read More

Лихтенштајн треба да го свика Генералното собрание на ОН денеска, за да дебатира за нацрт резолуцијата, поддржана од Вашингтон, со која се бара од петте постојани членки на Советот за безбедност да го оправдаат користењето на ветото, јави АФП, пренесе Франс 24. Старата идеја, што има за цел да ги натера постојаните членки на Советот за безбедност да го намалат користењето на своето право на вето, се оживеа со неодамнешната руска инвазија на Украина. Правото на вето на Москва дозволи да се замрзне дејствувањето во Советот за безбедност – тело кое би требало да интервенира во конфликти како гарант на…

Read More

На територија на Град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон, 12 санкции за непочитување на првенство на минување, а седум мерки, информираа од МВР, за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за нерегистрирани возила… Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, соопштуваат ид МВР.

Read More

Утрово до 8:30 часот минимални -7 степени се измерени на Попова Шапка, а максимални четири во Скопје – Зајчев Рид, Скопје – Петровец и Гевгелија. Според УХМР, -3 е во Маврови Анови, -2 во Крушево и Берово, 0 во Крива Паланка и Претор, еден во Струмица и Виница, два во Битола, Прилеп, Охрид, Штип и Демир Капија, како и три степени во Тетово, Дебар, Куманово и Дојран. Во изминатите 24 часа наврнале 8 литри на метар квадратен воден талог во Крушево, 6 во Битола, 5 во Демир Капија, 4 во Маврови Анови и Дојран, 3 во Гевгелија, 2 во Претор,…

Read More

Националниот ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“, вечер, во Националната опера и балет, со почеток во 20 часот, ќе го одржи традиционалниот голем Велигденски концерт. На овој гала концерт ќе биде изведена атрактивна играорна и вокално-инструментална програма од различни региони на земјата, на кои се создавало македонското фолклорно богатство. Со учество на целиот ансамбл, на концертот ќе можат да се проследат одушевувачки кореографски постановки како „Малешевка“, „Сретсело“, „Копачија“ и други бројни бисери од богатата вокално-инструментална ризница. На нашиот културниот амбасадор „Танец“, му претстои особено динамична меѓународна сезона, која ќе започне во мај со гостувањето во Канада и Америка.…

Read More

Франција ќе поддржи целосно ембарго на нафта и гас за Руската Федерација, соопшти претседателот на Франција Емануел Макрон во интервју за ТВ каналот „Франс 5“. Макрон, исто така, ги негираше информациите дека на негова иницијатива е одложено прашањето за руското ембарго за нафта до крајот на француските претседателски избори и потсети на неговиот став дека Европејците треба да престанат да купуваат нафта и гас од Русија за да ја „ослабат способноста на Москва „за финансирање на војната. – Франција не зависи од испораките на руски гас, така што друга земја го блокира ембаргото, додаде Макрон, додавајќи дека „европскиот пазар е…

Read More

Статуа на поранешниот Советски лидер, Владимир Ленин, повторно е поставена во украинскиот град Хеническ, окупиран од Русија. Информацијата е потврдена од фотографии, објавени на социјалните мрежи, а Си-Ен-Ен ја утврди нивната веродостојност. Речиси седум години поминаа откако статуа од Ленин се отстрани, како дел од напорите за „декомунизација“. На фотографиите објавени на Фејсбук, може да се види новата статуа пред зградата на регионалниот совет. Се гледа и руско знаме на покривот од објектот. Оригиналната статуа на Ленин се отстрани по наредба од градскиот совет на 16 јули, 2015 година, според податоци на локалните медиуми. Како што се пишува, Хеническ бил…

Read More

Светската банка ја намали прогнозата за глобалниот економски раст поради војната во Украина. Претседателот на Советот на министри Дејвид Малпас објави дека банката ја намалила прогнозата за раст за 2022 година од 4,1 отсто на 3,2 отсто, при што забавувањето на растот е главно во Европа и Централна Азија. Претходно овој месец, институцијата соопшти дека економијата на Украина ќе се намали за речиси половина оваа година како резултат на војната. Малпас предвидува дека руската инвазија ќе предизвика поголема економска штета во Источна Европа и делови од Азија отколку пандемијата на коронавирус. Конфликтот во Украина затвори половина од бизнисите на земјата…

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден моментално не планира да ја посети Украина и покрај апелот од украинскиот колега Володимир Зеленски. Но, Бајден планира да одржи состанок со сојузниците, во врска со украинската криза, соопшти Белата куќа во текот на вчерашниот ден. – Нема такви планови, одговори портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки. Владата на САД се концентрира на испраќање воена опрема во Украина. Доколку американски член на Владата отпатува за Украина, тоа ќе биде објавено откако ќе се врати, поради безбедносни причини. Зеленски го повика Бајден да ја посети Украина, со цел самиот да добие идеја за тоа каква е ситуацијата…

Read More

Софија треба да ја ревидира позицијата кон Скопје, смета бугарскиот европратеник и известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук. Според него, евроинтеграцијата на С Македонија и другите балкански земји може само да придонесе Бугарија и целиот регион да се чувствуваат посигурни, особено во ситуација на воен конфликт на европскиот континент. – Стратешки интерес на Бугарија е да се граничи со демократски земји кои можат да обезбедат простор на безбедност, просперитет и можности. Другото не можам да си го објаснам. Секогаш тенденциозно им се дава гласност на луѓето кои сакаат Северна Македонија да не биде дел од Европската Унија.…

Read More

Согласно здравствените протоколи од денеска во Собранието новинарите ќе можат да ги следат седниците на собраниските тела во салите каде што се одржуваат, а се враќа во функција Прес-центарот во Парламентот. За ова вчера на координација претседателот на Собранието Талат Џафери ги известил координаторите на пратеничките групи. -Покрај тоа, се враќа во редовна работа и бифето до Прес-центарот. Дополнително, претседателот на координацијата ги извести присутните и за тоа дека по најновата донесена одлука на Владата за влегување во сила на новите здравствени протоколи за заштита од Ковид-19, и  во законодавниот дом се укинува мерката за задолжително носење маски во затворен…

Read More

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната 39-та седница, што се одржа преку видеоконференциска врска, ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од користење на Макро-финансиска поддршка (МФП) од Европската Унија за не – ЕУ држави.Владата го задолжи Министерството за финансии во рок од 7 дена да испрати до Европската Комисија писмо за формално барање за користење на Макро-финансиска поддршка од Европската Унија за Република Северна Македонија.МФП е наменета за земји кои географски, економски и политички се блиску до ЕУ, вклучувајќи ги земјите кандидати, потенцијалните кандидати за членство во ЕУ, како и земјите кои се граничат со ЕУ, односно сите…

Read More