Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
За православните христијани денеска почна Страстната – Страдалната седмица, последната седма недела од чесниот пост што му претходи на Велигден. Оваа недела, од Велики понеделник до Велика сабота верниците ја поминуваат во строг пост, молитви и покајание. На богослужбите во црквите се потсетува на последните земни денови на Исус Христос, неговото приведување и страдањето на крстот. Оваа недела се нарекува „страстна“ според старословенскиот збор „страст“ што значи страдање, трпение и болка. Денеска на Велики понеделник црквата потсетува на осум библиски настани – четири од Стариот и четири од Новиот завет. Велики понеделник е: ден на старозаветниот Јосиф, намразениот од браќа…
Именувањето установи од областа на културата на докажан соработник на фашистичкиот режим не служи на добрососедството. Во Битола беше направен обид еден докажан соработник на хитлеровиот нацистички режим да биде претставен како мост на зближување меѓу двете држави. Владата на Република Северна Македонија како и јавноста со нетрпение го очекува денот кога и кај нашите соседи ќе созрее времето кога и таму оние граѓани кои имаат, на пример, македонско самосознание, ќе можат на ист таков слободен начин да ги практикуваат своите уверувања. Ова се дел од реакциите на македонскиот државен врв по повод присуството на бугарската делегација предводена од премиерот…
Штрајкот во училиштата и градинките низ државава на членовите на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) продолжува, поради што втора работна недела нема настава и згрижување на децата. Советот на СОНК вчера одлучи да не го прифати предлогот на Владата за 10 проценти покачување на платите со кој би се прекинал штрајкот почнат на 11 април. – Зголемувањето на платите од 10 проценти во детска заштита, основно и средно образование воопшто не кореспондира со висината на зголемување на минималната плата оваа година и не е соодветна стимулација за враќање на достоинството на професијата, рече претседателот на СОНК Јаким …
Бројот на активни претплатници во мобилна телефонија во четвртиот квартал лани изнесувал 1.941.352. Од нив резиденцијални припејд претплатници се 780.098, а постпејд 912.660, додека деловни постпејд се 248.595, покажуваа најновите податоци на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). Пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа во четвртиот квартал лани имале 1.416.911 претплатници.Најголем удел во вкупниот број претплатници има Македонски телеком со 48, 2 проценти, по што следи А1 Македонија со 48,04, па Лајкамојал со 2,53 проценти, Роби со 1,21 процент и Грин мобиле со 0,02 проценти. Најголем удел од приходи, пак, има А1 Македонија со 49,37 проценти,…
Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието краткотрајно ќе се засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени. Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 9 степени. Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, но…
Настанот се случил синоќа нешто по 20 часот, кога е и пријавено во МВР дека на крстосницата од улиците Костурски херои и Благоја Давков, товарно возило „фолксваген“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д. С. (46) од Скопје, удрило во велосипед управуван од малолетник од Скопје на возраст од 16 години. Во несреќата тешки телесни повреди добил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. По укажувањето на лекарска помош, момчето денеска било пуштено на домашно лекување, информираат од полицијата. „Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје“, информираа од МВР.
„Кина ги повика американските власти да престанеле со обидите да им ги расипуваат односите со Русија, поради украинската криза и да престанеле говорите за ривалство меѓу Кина и САД, изјави денеска портпаролот на министерството за надворешни работи Джао Лиџијан. „ Вашингтон продолжува со пласирање лажни информации насред кризната ситуација во Украина во обид да ја оцрни Кина и да закова клин во односите меѓу Кина и Русија . САД очигледно се обидуваат да создадат противречност и да ја искористат за своите себични потреби. Вашингтон би требало да ги ревидира своите постапки“ изјавил Джао, пренесува ТАСС. Според зборовите на кинескиот дипломат…
Владата и синдикатот, придружени со претставници на дел од регионалните одбори на синдикатот во текот на претстојниот викенд остануваат во комуникација за да се најде взаемно прифатливо и достоинствено решение за одредено зголемување на платите во образованието и предучилишното воспитување и згрижување. На состанокот во Владата, претставена од премиерот Димитар Ковачевски, првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за образование и наука Јетон Шакири и министерката за труд и социјална политика…
Радомир Благојевиќ лице на 52 години осуден е денеска во Вишиот суд во Белград на казна доживотен затвор бидејќи на 13 јули 2020 година во Сурчин ја полил со бензин и жива ја запалил сопствената жена, Зорица Калиниќ по што таа починала. Ова е трета изречена казна доживотен затвор во Србија откако е воведена во српскиот правен систем во 2019 година. На Благојевиќ му бил продолжен притворот до упатување во затвор за отслужување на казната.
Според претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, најголем ризик во моментот е да не се презема никаков ризик. Во свет кој се менува со огромна брзина, единствена стратегија што е гаранција за неуспех е воопшто да не се ризикува, вели Азески. Стопанската комора на Северна Македонија цени дека би било добро да се разгледа можноста и да се обврзе владата до крајот на годината да не воведува нови даноци или други давачки за приватниот сектор. Сите знаеме дека тоа во вакви услови е тешко, но мислиме дека е единствено решение, предвидливо поради следните констатации: – Драстичен раст…
Заинтересираните понудувачи за изградба на хидроелектраната Чебрен ја посетија локацијата на Црна Река во Мариово каде, според проектот, треба да се гради електраната. Посетата беше организирана од страна на меѓуресорската владина Комисија за спроведување на постапката и од АД ЕСМ. -На терен беа претставници на компаниите кои се квалификуваа во првата фаза. Притоа, имаа можност да извршат извидување на околината, дополнителни мерења и земање примероци од геолошки материјал. Локацијата исто така е слободна за посета од страна на квалификуваните понудувачи, за потребите на проценки и подготовки во пресрет на доставувањето на конечните понуди, информира ЕЛЕМ. Со понудувачите беше одржан и…
САД сметаат дека одговор на прашањето за можно одвојување на процесите на пристапни преговори на Северна Македонија и Албанија со ЕУ по јуни, треба да дадат засегнатите страни и Унијата. На прашање од МИА дали САД се согласуваат на одвојување на процесот за Албанија да ги започне претпристапните преговори со ЕУ во јуни, а Северна Македонија да остане поради блокадата на Бугарија, портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, синоќа на брифинг изјави дека за тоа решаваат земјите во ЕУ. – Ние имаме билатерални партнерства со земјите за кои станува збор, како и со ЕУ и во врска со ова подобро…