Author: Mirjana

Кинеската војска денеска соопшти дека спроведе воени вежби околу Тајван, јави кинеската државна телевизија. Вежбите се насочени кон „погрешниот сигнал“ што САД го испратија во врска со Тајван, информираше портпаролот на источната команда на Народноослободителната армија на Кина. Група од шест американски конгресмени, вклучително и претседателот на Комитетот за надворешни односи на Сенатот, Боб Менендез, пристигнаа вчера на Тајван во дводневна посета, јавија медиумите. Како што коментираат дел од нив, САД немаат формални односи со Тајван, но, се негов најважен меѓународен спонзор и снабдувач на оружје. а Кина го смета за своја територија.

Read More

Министерството за труд и социјална политика во целост ги отфрла обвинувањата за заплашување на штрајкувачите како невистинити. Ова го темелат врз основа на фактот што досега до министерството и  инспекциската служба, не била пристигната  никаква поплака од страна на штрајкувачките одбори или поединечно од учесници во штрајкот за попречувањето во одвивање на штрајкот во предучилишните установи, се наведува во дописот на министерството за труд и социјална политика. Од таму го потсетуваат синдикатот дека работното време на вработените во градинките е регулирано согласно колективниот договор, а правото на штрајк е регулирано со Законот за работни односи и дека за време на…

Read More

Новата постапка за издавање на дрвените куќарки на кејот „13 Ноември“ Градот Скопје ќе ја води со крајна цел заштита на закупците кои продаваат книги на кејот, истакнала градоначалничката Данела Арсовска на средбата со претставници на корисниците на овие куќарки, информираат од прес службата на градот Скопје. Корисниците на куќарки на кејот „13 Ноември“ се оставени без активни договори со Град Скопје од 01.02.2018 година, односно веќе четири години немаат регулиран статус и правен основ за користење. Овие лица за првпат се пријавиле на јавен оглас во 2011 година со договор од времетраење од една година, што се продолжувал со…

Read More

Во центарот на вниманието на монетарната политика мора да е одржувањето на ценовната стабилност, а со тоа и на вкупната макроекономска стабилност, коишто се најдобриот придонес што таа може да го даде за економијата. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, говорејќи на панел-дискусијата „Задржување на домашниот раст сред постпандемично врамнотежување, ценовни притисоци и војна во Украина“ во рамките на Економскиот форум организиран од „Фајненс тинк“. Зборувајќи за тоа како да се поддржи економскиот раст, а во исто време да се стабилизира инфлацијата, предизвикана од воениот конфликт во Украина, гувернерката посочува дека особено е значајна координацијата на фискалната и на…

Read More

Детската градинка „Детелинка“ во Ѓорче Петров, утрово осамнала целосно испишана со црн спреј и со пораки со недолична содржина.  Пораките се во контекст на актуелните случувања со синдикатот и штрајкот во образованието. Полицијата е известена  за ова случување и веднаш излегла на терен. Се работи на расветлување на случајот и на откривање на можниот сторител кој ја руинирал фасадата на објектот за згрижување на деца од најмала возраст.

Read More

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи вчера информира дека има документ како основа за договор со Бугарија прифатлив за македонската страна, но се уште нема одговор дали тој е прифатлив и за Софија, посочувајќи дека кога ќе има согласност по однос на кој било документ како основа за договор со Бугарија, пред да се стави потпис ќе ја информира јавноста и пратениците. Одвојувањето на Тирана од Скопје на патот кон ЕУ, пак, според него, ќе ја влоши регионалната динамика на долгорочен план. Османи, нагласи дека се уште не може да каже дека имаме договор меѓу двете страни по однос на…

Read More

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, смета дека инцидентот со крстосувачот „Москва“ само краткорочно ќе влијае врз воениот потенцијал на Русија, со констатација дека руската морнарица „има доволно капацитети“. Според Кирби, Русија од почетокот на воената операција во Украина имала меѓу десет и 20 активни воени бродови во Црното и во Азовското Море, така што е „тешко да се процени каков точно ќе биде ефектот од онеспособувањето на овој брод“. „Тие се уште имаат доволен број воени капацитети на море“, заклучува Кирби. Претходно беше соопштено дека на воениот крстосувач „Москва“ избувнал пожар, по што дошло до експлозија на муниција на бродот…

Read More

Во организација на Министерството за надворешни работи и Бирото за регионален развој денеска ќе се реализира Економско-дипломатски карван во Југозападниот плански регион (ЈЗПР). Караванот, прв од ваков тип, има цел да ги презентира и промовира економските потенцијали на домашните фирми и да ги запознае претставниците на дипломатскиот кор во државава со инвестициските можности во ЈЗПР. Агендата на Економско-дипломатскиот карван предвидува активности во трите најголеми економски центри во ЈЗПР – општините Кичево, Охрид и Струга, каде се наоѓа и седиштето на Центарот за развој на регионот. Централниот настан на Карванот ќе се одржи во хотел „Изгрев“ во Струга, во чии рамки…

Read More

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Read More

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 25 степени. Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 24 степени. Во текот на утрешниот ден ќе има зголемена облачност, а кон крајот на денот и локални врнежи од дожд. Под влијание на влажна и студена воздушна маса в недела и понеделник времето ќе биде облачно, ветровито и значително постудено со врнежи од дожд, а на планините и на некои…

Read More

Посетата, како што информираат од Стопанската Комора,  ќе запoчне во Гранд-експорт, ќе продолжи во Пекабеско и Кадино Индустри Груп. Компании во прехранбената индустрија ќе бидат цел на разговорите за актуелната ситуација предизвикана од мулти кризата како потврда на активностите што СКСМ ги презема изминатата недела на планот на креирањето мерки за соочување со проблемите на реалниот сектор. Неспорна е констатацијата дека цената на суровините, високата цена на енергенсите, јавните набавки и ликвидноста се се` повеќе проблем на македонските компании, предизвикани од неизвесноста дома и на странските пазари. СКСМ како најстара и најбројна бизнис-асоцијација е секогаш со своите членки кога е…

Read More

Во организација на Стопанската комора на Северна Македонија и Стопанската комора на Црна Гора, се одржа бизнис форумот на стопанствениците од двете земји. Потпретседателот на Стопанската комора на Црна Гора, Павле Д. Радовановиќ, истакна дека бизнис форумот е организиран со цел согледување на можностите за унапредување и подобрување на економските односи помеѓу двете земји, запознавање на стопанствениците од Северна Македонија со бизнис можностите во Црна Гора, како и дирекно поврзување на двете земји. Потпретседателот Радовановиќ  направи краток осврт на развојот на црногорската економија од обновувањето на државната независност, предизвиците со кои се соочуваат за време на пандемијата и последната криза…

Read More