Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Во јавниот сектор во земјава заклучно со 31 декември лани биле вработени 132.088 лица во 1.346 институции. Повеќе од половината имаат најмалку високо образование. Споредено со лани, има околу 900 вработени повеќе. Намалување за околу 600 лица има во органите на државната власт. Најголем дел вработените во јавниот сектор работат во образование. Просечната старост на вработените е 46 години. Ова го покажала анализата на Годишниот извештај за вработените во јавниот сектор за 2021 година што денеска на прес-конференција ја презентираше министерот за информатичко општество и јавна администрација Адмирем Алити. Интересно е тоа што од вкупниот број вработени, 19.311 лица работат…
Анализа на проф. д-р Марјан Ѓуровски Зголемената поврзаност и глобализација делуваат како катализатор на процесите кои суштински ја менуваат природата на војувањето како општествена појава. Ваквото брзо менување на светските трендови не овозможуваат традиционален пристап и постепено реформирање и носење на соодветни заклучоци. Напротив, наметнуваат едно ново темпо на брзо детектирање и делување кон заканата. Ваквиот навидум хаотичен пристап, овозможува непријателот без разлика дали е државен или недржавен да ги експлоатира нашите слабости. Брзото и непредвидливо темпо отвара голем број т.н „прозорци на можности“ кои се користат против нашите интереси. Целта на оваа анализа е да се насочи вниманието кон…
Вселенскиот телескоп Хабл ја забележа најоддалечената поединечна ѕвезда што некогаш воопшто била забележана, блескајќи на 28 милијарди светлосни години од нас. А ѕвездата би можела да биде помеѓу 50 и 500 пати помасивна од нашето Сонце и милиони пати посветла, јавува Си-Ен-Ен. Тоа е досега најдалечното откривање на ѕвезда, од 900 милиони години по големата експлозија. Астрономите и дадоа прекар на ѕвездата Ерендел, изведен од староанглиските зборови што значат „утринска ѕвезда“ или „светлина во подем“. Студија со детали за наодите објавена во средата во списанието Nature. Оваа опсервација го соборува рекордот поставен од Хабл во 2018 година кога забележа ѕвезда…
Добрите македонско – американски односи кои американската страна ги толкува како незаменливо сојузништво, уште еднаш се потврдени во телефонскиот разговор меѓу премиерот Димитар Ковачевски и американскиот државен секретар Ентони Блинкен. – САД се фокусирани на поддршката за проширувањето на ЕУ со Западен Балкан. Поддршката на Вашингтон за земјава, доаѓа од целосната посветеност на Северна Македонија на вредностите на НАТО, кои земјата ги докажа и во поддршката за Украина којашто е целосно хармонизирана со сите сојузници во НАТО, рекол Блинкен во телефонскиот разговор со Ковачевски, информираат од Владата. Притоа Блинкен ја поздравил новата динамика во македонско – бугарскиот дијалог и изразил…
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска поднесе кривична пријава против П.Т. (66) од Скопје, Б.Т. (36) и А. Т. (34), сите од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.3 од Кривичниот законик. П.Т. (66) бил приведен денеска како дел од меѓународна криминалистичка истрага во рамки на која Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал,…
Ромските семејства кои пред две години беа дислоцирани од под тврдината Кале и згрижени во привремените живеалишта во прифатниот центар во Визбегово, се соочуваат со можноста да останат на улица откако примиле допис од Министерството за труд и социјална политика (МТСП)да ги напуштат овие живеалишта. Рокот за иселување, пишувало во дописот, бил до утре 31 март, во спротивно ќе биле присилно иселени. На ова, реагира Хелсиншкиот комитет за човекови права кој како што информира, минатата недела се обратил до МТСП, со барање за изнаоѓање алтернативно решение за овие семејства, но и дека , како што наведуваат „ иако се работи…
Скопје расте во секој поглед – ова е генералниот заклучок од пописот кога ќе се спореди со бројките од последниот попис пред дваесет години. Според сегашниот попис во Скопје живеат 526 502 жители, што споредбено со пописот од 2002 година е за 19 576 лица повеќе или за 3,9 отсто повеќе. Сегашната бројка на попишани станови изнесува 213 850 стана и е повеќе за 50 105 во споредба со 2002 кога биле преброени 163 745. Земено по домаќинства во Скопје има 171 171 домаќинство што е за 24 605 домаќинства повеќе споредбено со 2002 кога во Скопје биле попишани 146…
Утрово на мостот на Црна Река меѓу Росоман и Кавадрци се случила сообраќајна несреќа во која учествувале трактор и комбе кое било наменето за транспорт на леб од Скопје за Кавдарци. Несреќата се случила , кога комбето кое возело во ист правец како и тракторот, удрило во него, по што тракторот излетал од патот а неговиот возач кој бил на 69 години се здобил со тешки и опасни по живот повреди. Човекот е донесен на скопските клиники. Со телесни но не животозагрозувачки повреди се стекнал и возачот од комбето кој бил на 27 годишна возраст. Јавниот обвинител меѓу другите нареди,…
Северна Македонија е на 82. место, кое го дели со Црна Гора, на листата од 199 земји според „Индекс на пасоши Номад 2022“ објавен од консултантската компанија за даноци и имиграција „Номад капиталист“. Битно е да се спомене дека овој индекс во своето бодирање ги додава оданочувањето, глобалната перцепција, можноста за добивање двојно државјанство и личната слобода. Оваа позиција на македонскиот пасош му дава 78,50 поени а овозможува да се патува во 125 земји. За глобалната перцепција на земјава и за слободата на медиумите сме освоиле 20 односно 30 поени. На списокот пред нас од регионот се Хрватска, Бугарија и…
Духовниот водач на православните христијани, патријархот Вартоломеј и денеска го осуди рускиот напад врз Украина како свиреп чин кој предизвикува огромно патење. Тој не ја именува Русија во коментарите за време на посетата на Варшава по средбата со украинските бегалци, пренесува АП.
Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници треба да се состанат овој четврток за да ги одредат нивоата на производство почнувајќи од мај – и бидејќи нестабилните цени на нафтата отидоа многу над 100 долари за барел, се очекува одлуката на групата да биде една од нивните највлијателна досега, пишува OILPRICE. Сепак, пазарот главно претпоставува дека ОПЕК ќе се придржува до своето претходно планирано зголемување на производната квота од 400.000 барели дневно. И затоа повеќето проценки од релевантни фактори, се дека најновата одлука на ОПЕК нема многу да отскокнува од планираните за производство до 400.000 барели дневно…
На крстосницата од улицата „Александар Урдаревски“ со сервисна улица што ја поврзува со улицата „Петар Манџуков“, патничко возило удрило во 67 годишен човек со иницијали С.С. од Скопје, по што го напуштило местото на настанот. Како што известуваат од МВР, С.С. се здобил со тешки телесни повреди кои му биле констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот, информираат од полицијата.