Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Во соопштението се наведува дека одлуката да продолжи поддршката за Украина укажува дека Алијансата сака да продолжи судирот. – Одлуката на Западот да испрати оружје ја поттикна украинската Влада да употреби сила против сепаратистичките енклави, кои имаат поддршка од Русија во источна Украина, истакнува руското Министерство за надворешни работи. Русија претходно изјави дека луѓето во сепаратистичките региони се соочени со геноцид.
Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на вонредниот Самит на НАТО Брисел се сретнал со бугарскиот колегата Кирил Петков. Двајцата премиери, како што напиша Ковачевски на Фејсбук, взаемно изразиле задоволство од динамиката на билатералната соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија преку работните групи кои се остваруваат во тековниот период, како и од потпишаните договори и меморандуми за соработка во повеќе области од заеднички интерес. -Оценивме дека правиме сериозни чекори напред и со целосното усогласување на надворешната и безбедносната политика на Северна Македонија со политиките на ЕУ со што ги продлабочуваме односите меѓу двете држави и го подигаме нивото на…
Русија не може да ја уценува Европа со своите енергетски ресурси и нема да ѝ биде дозволено да ги заобиколува и избегнува санкциите барајќи плаќање во рубљи за нејзините испораки на нафта и гас, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Таа оцени дека „тоа би било еднострана одлука и јасно прекршување на договорот“, коментирајќи го барањето на Русија нејзините енергенти да се плаќаат во рубљи. – Тоа би било обид да се заобиколат санкциите. Нема да дозволиме да се избегнат нашите санкции. Заврши времето кога енергијата можеше да се искористи за да не уценуваат, нагласи Фон…
Шарл Мишел денеска е реизбран за претседател на Европскиот совет. Поранешниот премиер на Белгија на функцијата во Европски совет ќе биде до ноември 2024 година. Мишел нема право на трет мандат.
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска во Брисел, по повод потенцијалната руска употреба на хемиско оружје во Украина, изјави дека природата на одговорот ќе зависи од природата на употребата на тоа оружје. Зборувајќи за тоа дали тоа ќе предизвика директна интервенција на НАТО во Украина, Бајден рече дека тоа „ќе го предизвика истиот одговор“, пренесува Би-Би-Си. Американскиот претседател претходно изјави дека Русија треба да биде отстранета од групата Г20 на најразвиени земји и економии во светот. „Мојот одговор е да“, рече тој на прашањето дали Русија треба да биде исклучена од Г20, пренесува Ројтерс. Американскиот претседател денеска ги уверуваше европските партнери…
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,60% во однос на одлуката од 23.03.2022 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 3,00 ден/лит. Па така по полноќ цните ќе бидат следни : Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 84,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1…
Лидерите на Групата седум економски најразвиени земји од состанокот во Брисел истакнаа дека се обединети во нивната решеност да го вратат мирот и стабилноста и да се придржуваат до меѓународните права и ја повторија својата осуда за воената агресија на Русија врз Украина. „Остануваме згрозени и ги осудуваме разорните напади врз населението на Украина и цивилната инфраструктура, вклучително болници и училишта. Ги поздравуваме истрагите за меѓународните механизми, вклучително и обвинителството на Меѓународниот кривичен суд, и работиме заедно на собирање докази за воени злосторства“, стои во заедничкото соопштение на Г7. Г7 ги повикува руските сили веднаш да обезбедат безбедни хуманитарни коридори…
Франција во средата успешно тестираше модернизирана верзија на својата балистичка ракета со среден дострел АСМПА, кој може да носи нуклеарно полнење, соопшти во четвртокот француското Министерство за одбрана. Француската министерка Флоренс Парли, рече дека е многу задоволна од тестирањето на таа стратешка ракета лансирана од авионот Рафал, кој полета од воената база Казо во Атлантскиот Океан. Француската програма за вооружување е во согласност со целта на претседателот Емануел Макрон „да се одржи оперативниот кредибилитет на вооружените сили на ниво кое го бара меѓународната средина“, соопшти Министерството. По успешното тестирање АСМПА оди во пошироко производство, а потоа во француската армија. Ракетниот…
И годинава улица Македонија во центарот на Скопје блесно во златно-жолт сјај, почнаа Деновите на медот. Производителите упатуваат на проблемот со кој се соочуваат а тоа се „лажните медари“ кои на граѓаните наместо мед им продаваат сируп. Цената на тегла цветен или ливадски мед, велат тие е 500 денари додека оној од костен, 600 денари. Жално е велат медарите, што граѓаните поради стандардот и натаму медот го консумираат како лек а не како производ кој треба да е секојдневно присутен во исхраната.
Генералното собрание на Обединетите нации денеска со големо мнозинство усвои резолуција со која се бара пристап до помош и заштита на цивилите во Украина и ја критикуваше Русија за создавање „тешка“ хуманитарна ситуација. Резолуцијата, подготвена од Украина и нејзините сојузници, доби 140 гласа „за“ и пет „против“ – Русија, Сирија, Северна Кореја, Еритреја и Белорусија. Како што се наведува, 38 земји беа воздржани од гласањето.
Микропластиката е 10 пати поголема во изметот на бебињата во споредба со возрасните и дека бебињата хранети со пластични шишиња голтаат милиони микропластични честички дневно. „Исто така, генерално знаеме дека бебињата и малите деца се поранливи на изложеност на хемикалии и честички. Тоа многу ме загрижува“, изјавил Дик Ветаак, екотоксиколог на Универзитетот Врије во Амстердам , Холандија. Сторија на „Гардијан“ За прв пат откриено загадување со микропластика на човечка крв, при што научниците откриле ситни честички кај речиси 80% од тестираните луѓе. Откритието покажува дека честичките можат да патуваат низ телото и може да се сместат во органите. Влијанието врз…
Руската инвазија над Украина е неприфатлива и потребно е да биде осудена од светот. Штетите од неа се глобални, а ќе ги има и Северна Македонија и потребно е ЕУ да биде посмела во процесот на проширувањето и да ги реобмисли своите ИПА фондови во однос на поддршката на регионот на Западен Балкан, со цел подобро справување со последиците од украинската криза. Ова беше истакнато на панел дискусијата на тема „Војната во Украина и нејзиното влијание на Балканот“ што се одржа денеска во организација на Факултетот за политички науки при Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС). Говорејќи за импликациите од украинската…