Author: Mirjana

Жителите на украинскиот град Мариупол се однесени во Русија против нивна волја од страна на руските сили, соопшти во саботата Градскиот совет на Мариупол, информира Си-Ен-Ен. „Во текот на изминатата недела, неколку илјади жители на Мариупол беа однесени на руска територија“, се вели во соопштението на градот. „Окупаторите незаконски ги однесоа луѓето од областа Ливобережњи и од засолништето во зградата на спортскиот клуб, каде што повеќе од илјада луѓе (главно жени и деца) се криеја од постојаното бомбардирање. Заробените жители на Мариупол биле однесени во кампови каде руските сили ги проверувале нивните телефони и документи, а потоа некои од жителите…

Read More

Русија и Украина се приближуваат до договор за „клучните“ прашања, нагласи турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во интервју објавено денеска, додавајќи дека се надева дека ќе се постигне примирје доколку двете страни не се откажат од досегашниот напредок. Чавушоглу, кој минатата недела отпатува и во Русија и во Украина за да разговара со своите колеги Сергеј Лавров и Дмитриј Кулеб, за турскиот весник Хуриет изјави дека има „конвергенција на позициите на двете страни за важни теми, клучни теми“. „Можеме да кажеме дека се надеваме на примирје доколку страните не се повлечат чекор од сегашните позиции“, тврди Чавушоглу без…

Read More

Актуелните правила за патување во Грција, односно задолжителниот документ за Ковид-19, но без ПЛФ- формуларот што е укинат од 15 март, мерки кои меѓу другото важат и за државјаните на Северна Македонија, се непроменети и продолжени за уште две седмици, јави дописничката на МИА од Атина. Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за ограничување на ширењето на Ковид-19“, веќе е објавена во Службен весник на Грција, стапува во сила утре наутро, а ќе важи до 4 април 2022 година. Пополнувањето на ПЛФ формуларот (Passenger Locator Form) што 20 месеци беше задолжително за патување кај јужниот сосед, како што веќе…

Read More

Управата за јавни приходи (УЈП) во текот на изминатите два дена извршила 611 контроли на територијата на цела држава при што кај 114 даночни обврзници биле констатирани неправилности во однос на спроведување на одлуката за ослободување од ДДВ на основните прехранбени продукти, согласно Законот за регистриање на готовински плаќања. Во контролите биле опфатени даночни обврзници кои вршат дејност трговија на мало со храна и пијалаци, со месо и производи од месо, со моторни горива, кои дејноста ја вршат преку повеќе деловни единици со поголема продажна површина и остваруват промет во поголем износ. Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, денеска на прес-конференција…

Read More

Британскиот туристички магазин Culture Trip ја рангираше Црна Гора на листата на најдобри одржливи дестинации во 2021 година. Тоа сигурно ќе привлече голем број туристи поради исклучителните природни и културно-историски добра на оваа соседна земја. Токму Здружението „Еко-тим“ ќе продолжи да се бори за животна средина во која еден ден, како што велат, човек ќе знае како да живее. Во склад со природата, тоа важи и за домаќините и за туристите. Оваа граѓанска организација има намера тоа да го постигне првенствено преку залагање за одржливо користење на природните ресурси и намалување на загадувањето вели Милија Чабаркапа, извршниот директор на „Еко-тим“.…

Read More

Во текот на вчерашната вечер (19./20.03.2022) во периодот од 22.00 до 03.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 180 возачи. Од нив 43 на територија на СВР Скопје, 27 на територија на СВР Куманово, 21 на територија на СВР Струмица… Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Read More

ТИРЗ покажа дека и за време на кризата нема застој во инвестициите а успеваме да поттикнеме зголемен интерес кај инвеститорите, не само странски туку и домашни. Еве само за пример во моментов една сериозно голема американска компанија ја таргетира земјава како потенцијално место за реализација на својата инвестиција вредна околу 150 милиони евра, вели во интервју за НОВА директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски. Членството во НАТО е адут и го користиме и ќе го користиме во периодот што следи. Она на што мора да поработиме, ако навистина сакаме да бидеме конкурентни е промовирање на стабилна клима за работење. И тука…

Read More

Рускиот лидер Владимир Путин е заробен во затворен свет што самиот го создал, веруваат западните шпиони. И тоа ги загрижува. Со години тие се обидуваа да влезат во умот на Путин, за подобро да ги разберат неговите намери. Со оглед на тоа што руските трупи навидум се заглавени во Украина, потребата да се направи тоа стана уште понеопходна додека тие се обидуваат да откријат како тој ќе реагира под притисок. Разбирањето на неговата состојба на умот ќе биде од витално значење за да се избегне ескалација на кризата на уште поопасна територија.Имаше шпекулации дека рускиот лидер бил болен, но многу…

Read More

Во Тетово осум лица се приведени за неколку часа во два одвоени случаи на откриена дрога. Прво при претрес кои го направиле полицајци во угостителски објект и плац за стари возила, во рамки на кој се наоѓал објектот, лоциран на улица „Видоја Смилевски-Бато” од 19 часот и 30 минути до 22 часот приведени се шест лица. – Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер по претходно извршен претрес во објект сопственост на Н.С.(31) од тетовско Шемшово ги лишиле од слобода:Љ.С(24),С.А.(33) од Тетово, М.А.(37), од тетовски Порој, С.С.(29), С.С.(36),двајцата од Шемшово и сопственикот на објектот.При претресот, реализиран со судска наредба,  на различни…

Read More

Синоќешната карневалска манифестација во градчето Стрепи, во близина на Брисел на само 30 километри, за жал се претвори во крвав пир откако во толпата народ со огромна брзина од задната страна “влетал“ автомобил кој косел буквално се пред себе. Според локалните медиуми се јавува за потврдени 6 мртви , 20 повредени од кои  12 тешко . Мештаните се во шок, јавуваат тамошните медиуми. Министерката за внатрешни работи на Белгија Верлинден на својот твитер налог сподели сочувство до семејствата на жртвите и вети брзо пронаоѓање на сторителот на овој грозоморен чин, за кој властите не се изјасниле сеуште дали е терористички…

Read More

Русија ја гаѓаше Украина со крстосувачки ракети од бродови во Црното и од Каспиското Море и лансираше суперсонични ракети од воздушниот простор на Крим, соопшти денеска руското Министерство за одбрана. Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изјави дека   цел на нападите во саботата навечер и денеска наутро е воената инфраструктура на Украина. „Крстосувачки ракети „Калибар“ беа лансирани од Црното Море кон фабрика во градот Нижин, која ги поправа украинските оклопни возила оштетени во борбите“, рече Конашенков. Русија лансираше крстосувачки ракети „Калибар“ од Каспиското Море и суперсонични ракети „Кинжал“ од воздушниот простор на Крим за да го уништи складиштето…

Read More

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, од утре ќе биде во работна посета на Брисел. Во рамки на посетата, на покана на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендијас, ќе учествува на работен појадок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Европската унија. Работниот појадок ќе биде посветен на европското досие на Северна Македонија, а ќе се одржи на маргините на Советот за надворешни работи на ЕУ. На појадокот ќе бидат присутни и Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ и потпретседател на ЕК, Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи. Османи во Брисел ќе…

Read More