Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Еко-тим од Црна Гора: Законската рамка е прв чекор во основањето Фонд за животна средина 

0
By Mirjana on March 20, 2022 ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 20, 2022 14:07

Британскиот туристички магазин Culture Trip ја рангираше Црна Гора на листата на најдобри одржливи дестинации во 2021 година. Тоа сигурно ќе привлече голем број туристи поради исклучителните природни и културно-историски добра на оваа соседна земја. Токму Здружението „Еко-тим“ ќе продолжи да се бори за животна средина во која еден ден, како што велат, човек ќе знае како да живее. Во склад со природата, тоа важи и за домаќините и за туристите. Оваа граѓанска организација има намера тоа да го постигне првенствено преку залагање за одржливо користење на природните ресурси и намалување на загадувањето вели Милија Чабаркапа, извршниот директор на „Еко-тим“.

Тие се залагаат за спроведување на концептот за трајна заштита на реките од посебен биодиверзитет, предел и културно-историско значење. „Еко-тим“ спроведува и проекти од областа на енергетиката и климатските промени, како и јавните набавки од областа на животната средина.

Вредните членови на „Еко-тим“ соработуваат со локалните заедници и ги поддржуваат во борбата за заштита на реките од изградба на мали хидроцентрали. Бидејќи се занимаваат со прашања од јавен интерес, граѓаните, медиумите и институциите активно ја следат нивната работа и на тој начин преку директна и индиректна комуникација се обидуваат да дојдат до решенија од јавен интерес.

Владата на Црна Гора на седницата на 22 ноември 2018 година донесе и Одлука за основање на Фонд за заштита на животната средина (Еко-Фонд) кој своите активности ги врши во соработка со надлежните органи на државната управа и органите на државната управа надлежни за заштита на животната средина, локалните самоуправи, стручните и научните институции и граѓанскиот сектор. Еко-тимот е активно вклучен во спроведувањето и контролата токму на овој Еко-Фонд.

Која е основната дејност на Фондот за животна средина во Црна Гора?

Милија Чабаркапа: Основната дејност на Еко-Фондот е дефинирана како финансирање на подготовка, реализација и развој на програми, проекти и слични активности од областа на зачувувањето, одржливото користење, заштитата и подобрувањето на животната средина, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија, на државно и локално ниво.
Преку своите активности, задачата на Еко-Фондот е да обезбеди финансиски средства за реализација на проекти, програми и активности насочени кон постигнување систематско и сеопфатно зачувување на квалитетот на сите еколошки компоненти, биодиверзитетот, рационално користење на природните ресурси и енергијата како основни услови за одржлив развој, се со цел остварување на основното право на граѓаните на чиста и здрава животна средина.

Кои надлежности ги има Црногорскиот Фонд?

Милија Чабаркапа: Организацијата, надлежностите и начинот на работа на органите на Друштвото се уредуваат со Статут и други општи акти, во согласност со закон. Средствата од еко-фондовите се доделуваат на корисниците заради кофинансирање проекти, програми и слични активности, во согласност со Статутот на Друштвото и прописите (достапни на веб-страницата www.eko-fond.me).

Годишната програма за објавување јавни конкурси за распределба на финансиски средства ја донесува Управниот одбор на предлог на извршниот директор на Фондот, а во согласност со годишната програма за работа и финансискиот план.
Имајќи предвид дека Фондот функционира и официјално започна со работа во март 2020 година, во моментов се занимава со поедноставни модели на поддршка, кои се засноваат на еднократни субвенции за набавки според одредена спецификација, додека други видови на распределба на средства, кои вклучуваат и бараат посложени шеми, ќе развива Еко-фондот во иднината.

Како се финансира Фондот и на кој начин за да може да функционира континуирано?

Милија Чабаркапа: Средствата за финансирање на Еко-фондот се обезбедуваат од буџетот на Црна Гора, средства од еко-компензација, заеми, донации и помош. Исто така преку програми и фондови на Европската унија, Обединетите нации и меѓународните организации, потоа странски инвестиции наменети за заштита на животната средина и други извори во согласност со закон.

Досега Фондот има и средства добиени по годишни надоместоци или решенија издадени од Агенцијата за заштита на животната средина согласно член 77 од Законот како што се на пример  надоместок за увоз на супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка, отпад како и надоместокот од доделување на емисионите кредити преку Јавното наддавање врз основа на „Уредба за активности или дејности со кои се емитуваат стакленички гасови за кои се издава дозвола за емисија на стакленички гасови“ согласно член 3, но и надоместок од распределбата на емисионите кредити Јавни аукции.

Како активно Здружение во кои области директно соработувате со Фондот?

Милија Чабаркапа: Во досегашното работење имавме одредено ниво на соработка со Фондот во врска со законската рамка и прашањата поврзани со дејностите што испуштаат стакленички гасови за кои се издава дозвола за емисија на стакленички гасови. Главниот предизвик на Еко Фондот е да ги обезбеди приходите неопходни за негово функционирање. Една од интересните активности на Еко-фондот во 2021 година е Проектот за енергетска ефикасност – Област за е-мобилност – Јавен повик за грантови од Фондот за заштита на животната средина за физички, правни и претприемачи за набавка на електрични и хибридни возила (категорија м1).
 
Политичка волја за создавање на Фонд во МакедонијаДа се подигне политичката волја за создавање на Фонд за животна средина. Еко таксите и надоместоците кои ги плаќаат граѓаните и фирмите а се влеваат директно во државниот буџет, им се губи траг, затоа тие треба да се насочат на засебна сметка користејќи се за дадената цел.
Во моментов македонскиот Центар за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ преку јавна кампања апелира за воспоставување на Фонд за животна средина во Македонија, а со тоа посочува до Владата за неопходност за формирање на Фондот преку проектот „Зајакнување на улогата на граѓанските организации во донесувањето на одлуки за застапување Фонд за животна средина“, финансиски поддржан од ГЕФ ПМГ – програма за мали грантови во РСМ.

Фонд за животна средина клучен и за туристичкиот развој
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.