Author: Mirjana

Според договорените количини за испорака на гас во Европа до денеска побарувачката за овој енергенс од „Газпром“  изнесува 106,6 милиони кубни метри , објави Ројтерс.  Увозот што го извршува во Европа “Газпром“ изнесува 40 % од потребите за гас во земјите од Европската Унија. Како што пренесува Ројтерс „Газпром“  соопштил дека ќе ги реализира испораките со гас преку територијата на Украина , во согласност со барањата  на европските коминтенти.

Read More

Училиште што служело како заштита за околу 400 луѓе во украинскиот пристанишен град Мариупол е погодено од бомба, објавија градските власти на Телеграм. Зградата се користеше како засолниште за жени, деца и стари лица се додека не беше погодена вчера. Градските власти ги обвинија руските сили дека го извршиле нападот. „Луѓе се уште се под урнатините“, се вели во соопштението. Се уште нема податоци за загинати или повредени.

Read More

Русија соопшти денеска дека повторно ги истрелала своите најнови хиперсонични ракети во Украина, уништувајќи складиште за гориво на југот на земјата. „Авијациските ракетни системи Кинжал со хиперсонични балистички ракети уништија големо складиште за горива и мазива на украинските вооружени сили во близина на населбата Костјантинивка во регионот на Николаев“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Read More

Турција е убедена дека Москва и Киев можат да постигнат мировен договор, и приоритетна задача на Анкара е да организира средба меѓу украинскиот и рускиот претседател Володимир Зеленски и Владимир Путин, изјави Ибрахим Калин портпарол на турскиот претседател. – Мировен договор е можен. Сега се поставува прашањето кога и како тоа ќе се постигне, изјави Калин во интервју за Ал Џезира. – Една од клучните задачи што Турција си ги постави е да организира средба меѓу Путин и Зеленски, додаде Калин. Според него отворени се канали за комуникација од двете страни. – Тоа е многу важно и нашите напори се…

Read More

КОМОРА НА ИДНИНАТА – МЕСТО ЗА НОВИТЕ БИЗНИС-ЛИДЕРИ И МОДЕРНИ ПРАКТИКИ Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија Иако стара според годините на постоење – 100 години – Стопанската комора е исклучително млада и жилава кога станува збор за креирање активности за потребите на компаниите, кои од ден на ден се менуваат во зависност од нивните приоритети и од моменталните барања на пазарот, но и од актуелните случувања на глобален економски план (корона-кризата, економската криза, финансиската криза, скапите суровини и енергенси, како и воениот руско-украински конфликт, кои ги билдаат цените на суровините на светските берзи и доведуваат и…

Read More

Руско-украинската криза удри врз економијата на европските држави и врз животниот стандард на граѓаните. Прогнозите се дека инфлацијата ќе расте, а по вртоглавиот раст на цените на нафтените деривати на светските берзи на почетокот на кризата, во повеќето европски држави евидентно е зголемувањето на цените на горивата и на основните прехранбени производи. Владите со пакети мерки се обидуваат да го ублажат ударот, а се бараат и алтернативни начини за пренос на природниот гас доколку Русија како реципроцитетна мерка го прекине преносот на руски гас откако Европската унија воведе строги санкции кон Руската Федерација. Ефектите од кризата не го заобиколија и…

Read More

Европската комисија ги суспендираше сите проекти што земјите од ЕУ ги имаа со Русија и Белорусија, а кои се кофинансирани од фондовите на ЕУ, потврди еврокомесарката за кохезиона политика Елиса Фереира. „Интеррег и програмите за прекугранична соработка се прекинати. Не самите програми, туку транши од пари што требаше да ги поддржат руската и белоруската страна во таа соработка“, рече Фереира на 8-от кохезиски форум во Брисел посветен на кохезиона политика. „Сега работиме на репрограмирање на тие пари за да и помогнеме на прекуграничната соработка со Украина, за да и помогнеме да го реши својот проблем“, додаде Фереира. Европската комисија би…

Read More

Канцеларијата на ОН за човекови права (ОХЦХР) соопшти дека најмалку 847 цивили биле убиени и 1.399 ранети во Украина до 18 март. Повеќето од жртвите настрадале од експлозивно оружје, како што е гранатирање од тешка артилерија и ракетни системи со повеќекратно лансирање, како и ракетни и воздушни напади, соопшти ОХЦХР. Се смета дека реалниот биланс е значително поголем бидејќи ОХЦХР, кој има голем тим за набљудување во земјата, се уште не може да ги потврди извештаите за жртвите од неколку тешко погодени градови, се додава во извештајот.

Read More

Најмалку 30 повредени во тунелот „Болу“ на автопатот меѓу Истанбул и Анкара , откако се случил карамбол во кој учествувале 18 возила. Во сударот учествувале од  семејни аута до автобуси , комбиња и камиони. Дел од учесниците во сообраќајната несреќа, а кои не биле повредени,  барале помош да се спасат преку некои од безбедносните излези на  тунелот.  Благодарение на брзата интервенција на спасувачките, противпожарните и медицински служби, ибегната е поголема катастрофа. Според последните информации од турските медиуми 17 лица биле хоспитализирани од нив 3-4 биле во потешка состојба. https://www.youtube.com/watch?v=DLI2Ptu59YQ

Read More

Германскиот министер за економија Роберт Хабек втор пат за кусо време реагира поради откажувањето на рускиот гас и  гепот додека не се најдат алтернативни извори од овој реагенс.  „Откажувањето на гасот од Русија може да доведе до прекин на греењето во Германија следната зима. Доколку се прекине снабдувањето од Русија и не се појават нови извори, тогаш Германија нема да може да ги загрее куќите и да ја обезбеди потребната енергија за индустријата, изјави Хабек. Приоритет за Германија е да најде нови снабдувачи со гас и да ја направи земјата независна во таа смисла во однос на Русија. Повеќе од…

Read More

Заменик премиерот на Бугарија, Асен Василев, во интервју за националното „БНР“ радио информира дека Бугарија немало да го обнови договорот за снабдување со природен гас со руски Газпром поради војната во Украина. Она на што работи во моментот Бугарија е разгледување на алтернативни испораки како и иден заеднички договор со Европската Унија  за да се избегне недостиг од овој енергенс.  “Bloomberg” пак пишува дека на Бугарија  увозот на гас од Русија и е регулиран со десетгодишен договор со Газпром кој истекувал на крајот на годинава и поради тоа планирала да ги забрза проектите за диверзификација на своите извори  и складишта…

Read More

Амбасадорот на Русија во БиХ Игор Калабухов гостувајќи  на телевизијата „Фејс“ каде меѓу другото зборуваше  за плановите на БиХ за влез во НАТО, одговарајќи на новинарско прашање, зошто на Русија не и пречат соседните земји кои се веќе дел од НАТО, одговори:  –  Од каде знаете дека немаме планови против Хрватска , Унгарија, Полска? На потпрашањето ; Имате планови против Хрватска?  Тој одговори„Против НАТО. Имаме планови против НАТО. Ја проценуваме геостратешката ситуација, гледаме од каде доаѓаат заканите и реагираме“. Калабухов во интервју за Телевизијата на Федерацијата БиХ (ФТВ) на 15 март изјави дека Русија ќе поддржи се за што ќе одлучи…

Read More