Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Руско-украинската криза удри врз европската економија, вртоглав раст на цените на храната и енергенсите

0
By Mirjana on March 20, 2022 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 20, 2022 09:39

Руско-украинската криза удри врз економијата на европските држави и врз животниот стандард на граѓаните. Прогнозите се дека инфлацијата ќе расте, а по вртоглавиот раст на цените на нафтените деривати на светските берзи на почетокот на кризата, во повеќето европски држави евидентно е зголемувањето на цените на горивата и на основните прехранбени производи. Владите со пакети мерки се обидуваат да го ублажат ударот, а се бараат и алтернативни начини за пренос на природниот гас доколку Русија како реципроцитетна мерка го прекине преносот на руски гас откако Европската унија воведе строги санкции кон Руската Федерација.

Ефектите од кризата не го заобиколија и Балканот. Евидентен е скокот на енергенсите и на храната, а во дел од државите забележан е недостиг на основните прехранбени производи во маркетите поради паничното купување залихи од страна на граѓаните и обидот на дел од трговците да ја искористат ситуацијата и да остварат екстра профит.

Горивата најскапи во Грција, најевтини во Северна Македонија

Во Грција, цената на бензинот веќе надмина две евра, во Албанија се продава по цена од 1,7 евра откако интервенираше Владата по скокот од 2,1 евро за литар, а во Србија литар дизел се продава по цена од 1,59 евра, додека цената на бензинот БМБ 95 изнесува 1,49 евра. Последниве денови, во Косово бензинот се продава по цена од 1,5 евра за литар за разлика од  почетокот на кризата кога достигна цена од рекордни 1,85 евра за литар. Во Северна Македонија, според последната пресметка од петокот, цената на бензините е околу 1,3 евра за литар, а на дизелот 1,2 евра.

Дописничката на МИА од Атина јавува дека цените на електричната енергија и природниот гас во Грција бележат зголемување за над 70 отсто, а на мазутот над 40 проценти. Грчката Влада покрива дел од покачувањата на сметките за струја на сите домаќинства без исклучок, а за следните три месеци предвиден е и пакет мерки во висина од 1,1 милијарди евра коишто се однесуваат, пред сѐ, на најранливите категории и на економски најслабите граѓани.

Во Србија, донесена е Уредба за ограничување на цените на нафтените деривати која се однесува на дизелот и евро премиум БМБ 95 и која ќе важи до 11 април. Утврдени се максималните малопродажни цени на горивата, забрането е полнење гориво надвор од резервоарот на возилото и намалени се акцизите за безоловниот бензин и гасното гориво за 20 отсто. Цените на нафтените деривати, како што информира дописникот на МИА од Белград, се формираат секој петок во неделата.

Во Северна Македонија, одлуката за цените на горивата се носат на дневно ниво доколку пресметката за цената на било кој нафтен дериват оди нагоре или надоле за два денара. Како дел од пакетот од 26 анткризни мерки намалени се акцизите и ДДВ-то од 18 на 10 проценти, а увозниците на природен гас, електрична и топлинска енергија се ослободени од плаќање ДДВ.

Во Албанија, како што јави дописничката на МИА од Тирана, формирано е посебно тело кое ја одредува цената на горивата, а секој кој нема да ја почитува одлуката за определните цени, ќе му биде одземена дозволата за работа. Цената на електричната енергија не е зголемена и ветувањата се дека нема да се зголеми.

Поскапи цени на прехранбените производи, најмногу на удар лебот, брашното и зејтинот

Инфлацијата бележи раст во сите земји од регионот. Поскапување има речиси кај сите прехранбени производи, особено кај лебот, маслото за јадење и брашното. Литар зејтин во Косово на почетокот на кризата чинеше 3,49 евра, а моментално литар сончогледово масло се продава по цена од околу две евра.

Во Албанија, еден леб се продава по цена повисока за 30 проценти, а во трговската мрежа се чувствува недостиг на брашно, масло за јадење, макарони и други тестенини.

Зголемената побарувачка и раст на цените на основните прехранбени производи има и во Србија каде Владата донесе одлука за привремена забрана за извоз на пченица, пченично брашно, пченка, житарки и сончогледово масло, а претходно беше донесена и владина мерка за ограничување на цените на основните прехранбени производи.

Слични мерки беа донесени и во Северна Македонија каде по првичниот скок на цените, сега по набавна цена се продаваат белиот леб, брашното тип 400 и маслото за јадење, а без ДДВ, покрај овие три продукти, се продаваат и млекото со масленост од 2,8, од 3,2 и од 3,5 проценти масленост, белиот шеќер, сончогледовото масло, свежото месо, белиот ориз и јајцата. Намалени се и маржите за дел од основните прехранбени продукти. Литар зејтин се продава по цена од околу 1,6 евра.

Во Грција нема недостиг на одредени производи и нема масовно празнење на рафтовите по супермаркетите како што тоа беше случај пред две години на почетокот на пандемијата, а една од причините би можело да биде зголемувањето на цените на голем дел од основните продукти.

Руско-украинската криза се одразува и врз пласманот на земјоделските производи кои од регионов се извезуваа во Украина и Руската Федерација.

Војната во Украина ќе го забави економскиот раст на европските држави

Повисока инфлација, тензии на финансиските пазари и намалена надворешна побарувачка очекува Франција. Прогнозите на Централната банка, како што јавува дописникот на МИА од Париз, укажуваат на послаб раст од очекуваниот, но засега се исклучува секаков ризик од рецесија за француската економија. Овие проекции на „Банк де Франс“ се засноваат на информациите достапни на крајот на февруари/ почетокот на март и тие не вклучуваат можно европско ембарго на рускиот гас, чии економски последици би биле значајни.

Француската Влада објави „план за отпорност“ за заштита на домаќинствата и претпријатијата. Од 1 април во период од четири месеци ќе има попуст на гориво од 15 центи по литар, а најавите се дека оваа мерка ќе се прошири и за природниот гас. Најавени се и мерки за компаниите, рибарите, земјоделците, транспортните компании, градежните компании и компаниите извозници. 

Доколку трае кризата во Украина, во супермаркетите во Франција се очекува пораст на цените на брашното, лебот, свинското месо, млекото, путерот, сончогледовото масло, колачите…

Во Италија поскапи се маслото за јадење, брашното и лебот, кој има различна цена во различни градови, додека во Германија сончогледово масло за јадење се продава по цена од 2,5 евра за 750 милилитри, а најголем скок на цената во иднина се очекува кај тестенините.

Во престолнината на Европската унија, како што јави дописничката на МИА од Брисел, цените уриваат рекорди. Литар дизел чини 2,3 евра. Федералната влада за ублажување на последиците врз секојдневието на белгиските граѓани донесе мерки за намалување на ДДВ за фотоволтаици и зголемување на увозот на хидроген како чист транзициски извор на енергија додека не се постигнат зацртаните цели за обновливите енергии.

Колкави ќе бидат штетите по економијата од руско-украинскиот конфликт допрва ќе се утврдува, но јасно е дека европската економија нема да го достигне предвидениот раст за годинава, а пред граѓаните престои тешка и неизвесна година.

 

 

 

 

УКРАИНСКАТА ВОЈНА УДРИ ВРЗ ЦЕНИТЕ ВО СВЕТОТ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.