Author: Mirjana

Ракетниот напад во петокот беше меѓу најсмртоносните врз украинските сили од почетокот на руската инвазија, при што загинаа десетици маринци, информира Њујорк Тајмс. Ракетниот напад кој се случи рано наутро го уништи штабот на 36-та украинска поморска пешадиска бригада со седиште во јужниот град Миколаев. Спасувачите денеска продолжија да ги бараат телата на исчезнатите маринци, пишува Њујорк Тајмс.

Read More

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска на состанок на Советот на министри изјави дека во Бугарија нема независно обвинителство. – Повторно се соочуваме со апсолутна саботажа од Обвинителството на Република Бугарија под раководство на Иван Гешев, изјави бугарскиот премиер. – Се прикриваат обвиненија што лесно можеме да ги најдеме. Информациите добиени од изнуденото лице се прикриваат и игнорираат, за да не се спроведе законска истрага, нагласи Петков. Наводите на Петков доаѓаат откако поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, беше приведен 24 часа во специјална операција во четвртокот доцна навечер, заедно со Севделин Арнаудов од службата за односи со јавноста…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја повика швајцарската влада да ги замрзне банкарските сметки на сите руски олигарси. Зеленски се обрати во живо со илјадници антивоени демонстранти во швајцарскиот град Берн, нагласувајќи  дека нивните банки ги држат средствата на луѓето кои ја започнале војната.Зеленски и се заблагодари на Швајцарија за поддршката откако Русија ја започна инвазијата на Украина на 24 февруари, но и отворено зборуваше за швајцарскиот финансиски сектор. „Вашите банки се место каде што се парите на луѓето кои ја започнаа оваа војна. Тоа боли. Замрзнувањето на нивните сметки е исто така борба против злото. Тоа би било и…

Read More

И покрај тврдењата дека поради војната во Ураина на тројца руски космонаути ќе им биде откажан летот кон Меѓународната вселенска станица, сепак тие полетаа. Но, она што остави впечаток е униформата која беше во националните бои на Украина.  Тие дојдоа со капсулата „Сојуз“, а во посадата се наредникот Олег Артемјев, Денис Метвејев и Сергеј Корсаков. На МВС дојдоа по тричасовен лет од Казахстан. Се работи за први космонаути од Русија, кои дојдоа на МВС по нападот. На Меѓународната станица срдечно добредојде им посакаа  американски и германско колеги, како и Руси кои веќе беа горе.

Read More

Американските нафтени компании Халибартон и Шлумбергер го прекинуваат својот бизнис во Русија како одговор на американските санкции поради руската инвазија врз Украина. Халибартон денеска соопшти дека го суспендирал идниот бизнис во Русија поради санкциите кои ги забрануваат нивните трансакции и работа, вклучително и одредени руски државни купувачи. Халибартон изјави дека пред неколку недели ги прекинала сите испораки на одредени санкционирани делови и производи во Русија. Халибартон наведоа дека таму нема активни заеднички потфати. Шлумбергер денеска најави и дека веднаш ги суспендирале инвестициите и примената на технологијата во неговиот бизнис во Русија и дека ќе продолжи активно да го следи развојот…

Read More

Руските сили извршија ракетен напад врз складиште за ракети и муниција во населбата Дељатин во областа Ивано-Франковск во западна Украина, соопшти денеска украински воен претставник. Портпаролот на украинските воздухопловни сили Јуриј Ихнат изјави дека допрва треба да се потврди дали проектилот што го користеле Русите е навистина Кинжал, најнова хиперсонична ракета или некој друг вид на оружје. Претходно денеска Министерството за одбрана соопшти дека руската армија вчера го погодила подземниот магацин во Дељатин со таква хиперсонична ракета што сега првпат ја користат во борба. Според руските власти, „Кинжал“ го носат борбени авиони МиГ-31 има домет до 2.000 километри и лета…

Read More

На 18.03.2022 во 10,05 часот во СВР Охрид, Д.Д.(61) од Струга, вработен како анестезиолог во ЈЗУ„Специјализирана болница за нефрологија“, пријавил дека на 17.03.2022 во временски период од 17,00 часот до моментот на пријавување, непознат сторител со употреба на предмет насилно дејствувал на цевките на централниот довод за гасови. Овие цевки воделе од машинската куќа до салата за операција во болницата, така што прво била оштетена надворешната обвивка, потоа во внатрешноста од цевката насилно биле исечени бакарните цевки кои произведувале медицински гас до операционата сала во зградата.  По ова го напуштил местото на настанот. Извршен бил увид од увидна екипа на…

Read More

Синоќа  во 21.45 часот Љ.М.(59) од Скопје, пријавил дека околу 12.30 часот во гаража на ЈСП-Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров додека извршувал работни активности, каде бил вработен како бравар, бил нападнат со тврди предмети од страна на Д.А.(исто вработен во ЈСП). Според пријавеното, напаѓачот бил спречен од страна на Р.Г. (вработен во ЈСП ) кој во моментот бил присутен во работната просторија, заедно со друг вработен. Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.

Read More

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов денеска извршил детекција кај браната „Липа“ во истоименото село во неготинско, откако општина Неготино пријавила состојба на протекување на вода низ браната во нејзиниот долен дел. Ангелов во видео обраќање вели, состојбата била алармантна и постоела опасност од нејзино уривање. Браната била изградена пред педесетина години од страна на земјоделска задруга и практично претставувала дива брана, која со странска помош пред 7 години била реконструирана и тестирана, но сега повторно се дестабилизирала , вели Ангелов. https://www.youtube.com/watch?v=8xm77CaZhAc

Read More

Мировните преговори за ставање крај на украинскиот конфликт би можеле да бидат „димна завеса“ за поекстремни руски воени маневри, предупреди денеска британската министерка за надворешни работи Лиз Трас во интервју за весникот „Тајмс“. – Јас сум многу скептична. Она што го видовме е обид да се создаде простор Русите да се прегрупираат. Нивната инвазија не оди според планот. Се плашам дека преговорите се уште еден обид да се создаде диверзија и да се создаде димна завеса. Мислам дека сè уште не сме во точка за преговори, додаде таа. Таа ги повтори коментарите на британското разузнавање дека рускиот претседател Владимир Путин би…

Read More

Соработката меѓу Русија и Кина само ќе стане посилна во сегашните околности, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. – Оваа соработка ќе стане посилна, бидејќи во време кога Западот очигледно ги поткопува темелите на кои е изграден меѓународниот систем на вредности, секако дека ние како две суперсили (Русија и Кина) ќе треба да размислиме како да продолжиме во овој свет, истакна Лавров. Во телефонскиот разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг одржан во петокот, американскиот претседател Џозеф Бајден ги наведе „импликациите и последиците“ во случај Пекинг да обезбеди материјална поддршка за Русија и нејзиниот напад врз Украина, соопшти…

Read More

Руското министерство за одбрана на твитер објави како со суперсонично оружје кое за прв пат било употребено откако е почната воената инвазија врз Украина, бил погоден подземен склад со оружје и муниција во Унгарија. ▫️Destruction of a weapons depot of the Armed Forces of Ukraine by high-precision missile weapons strike. We can see the exact hit of an underground hangar with weapons and ammunition. pic.twitter.com/sKTF46Tdb0 — Минобороны России (@mod_russia) March 19, 2022

Read More