Ракетниот напад во петокот беше меѓу најсмртоносните врз украинските сили од почетокот на руската инвазија, при што загинаа десетици маринци, информира Њујорк Тајмс.

Ракетниот напад кој се случи рано наутро го уништи штабот на 36-та украинска поморска пешадиска бригада со седиште во јужниот град Миколаев.

Спасувачите денеска продолжија да ги бараат телата на исчезнатите маринци, пишува Њујорк Тајмс.