Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
САД оценија дека на Украина навистина не и се потребни воени авиони за да се спротивстави на руските напади, туку планираат да испратат повеќе одбранбени системи „земја-воздух“. – Авионите не се она што им е најпотребно на нашите украински партнери во моментов. Кога го анализираме уништувањето што Кремљ го прави во регионите на Украина, тоа е главно од ракети, проектили, артилериски оган, изјави портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, додавајќи дека авионите не се најдобриот начин да се елиминира таквото оружје. Според Прајс, украинската армија има неколку ескадрили авиони способни да летаат. Тој нагласи дека ефикасноста на руската флота борбени…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Како што известуваат од АМСМ, од 07:00 часот на ден 10.03.2022 година Регионалниот пат R-2248 село Ранковце – село Герман, на потегот од с. П’ клиште до село Герман, Општина Ранковце е непрооден за сите видови на моторни возила, поради снежна покривка. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ…
Лебот, маслото за јадење и брашното од вчера се продаваат по набавни цени, а за дел од основните прехранбени продукти се намалени маржите со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните и да се сочува нивниот животен стандард во екот на најголемата економска криза кога на светските берзи секојдневно расте цената на горивата. За белиот шеќер, трајното кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо, сувомеснатите производи, како салами, виршли и колбаси, сирењето, урдата, оризот, јајцата и макароните намалени се профитните маржи во трговијата на големо од 5 на 4 проценти и во трговијата…
Утрово во 7 часот најмногу снег има во Крушево 65 сантиметри и на Попова Шапка 64 см, следат Маврови Анови со 53 см, Ѓуриште 32 и Пожаране 23 см. Најстудено со измерени -15 степени е на Попова Шапка и во Маврово, -13 во Берово, -11 Крушево, -9 Претор, Kрива Паланка, -8 Охрид, -7 во Битола, Прилеп и Струмица, -6 во Виница и Штип, -5 во Тетово, Гевгелија, Дојран и Демир Капија, во Скопје -3 кај Петровец и -2 на Зајчев Рид. Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со умерен, а вдолж Поварадрието краткотрајно засилен…
Во 15 часот денеска треба да почне собраниската седница на чиј дневен ред единствени точки се измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност и на Законот за акцизи. Измените и дополнувањата вчера беа доставени од Владата, по што претседателот на Собранието, Талат Џафери ја закажа седницата. Според Владата, измените и дополнувањата треба да бидат донесени во итна собраниска постапка за да се обезбеди намалување на највисоките малопродажни цени на бензините и другите нафтени деривати. -Овие закони се однесуваат на повеќе мерки како што е мерката за намалување на повластената стапка на ДДВ за основните производи за човечка…
Неделава, околу 50 организации за верски слободи и човекови права во светот испратија заедничко писмо до бугарскиот премиер Кирил Петков, од кого бараат да се извини за депортацијата на македонските Евреи, по повод 79 години од нивното насилно и организирано носење во логорот на смртта Треблинка. Кликнете тука за писмото. Тие бараат Петков да биде првиот бугарски премиер кој официјално ќе ја признае и ќе се извини за депортацијата на 98 отсто од македонската еврејска заедница од страна на тогашното Кралство Бугарија. „Во отворено писмо до вашиот претходник, македонската еврејска заедница, преку Европскиот еврејски конгрес, рече дека актуелната влада во Република Бугарија…
– Колку што сум информиран во текот на утрешниот ден практично имаме во Парламентот два закони кои што по скратена постапка треба да се донесат, а тоа е измената во законот за додадена вредност и измената во законот за акцизи. Иако ние тоа го предложивме уште таму некаде на крајот од минатиот месец за жал поради самобендисаноста би рекол и надменоста на оваа Влада, граѓаните изминативе две недели плаќаа за неколку десетици денари за литар поскапо гориво“,истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на Алфа телевизија, притоа дополнувајќи: – Ќе видиме како ќе се одвиваат работите деновиве, јас…
Владата на Република Северна Македонија денеска ги испрати до Собранието измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност и на Законот за акцизи. Во дописот од Владата се наведува дека овие измени и дополнувања треба да бидат донесени во итна собраниска постапка за да се обезбеди намалување на највисоките малопродажни цени на бензините и другите нафтени деривати. Овие Закони се однесуваат на повеќе мерки како што е мерката за намалување на повластената стапка на ДДВ за основните производи за човечка исхрана од 5% на 0%. Основните производи на кои ќе се однесува оваа мерка се леб; шеќер; брашно…
Од Регулаторната Комисија за Енергетика апелираат на разумност и разбирање од граѓаните и трговците за честата променливост на цените на нафтата и нафтените деривати и пред се нивното покачување. -Се наоѓаме во најкритичната недела кога цените на нафтата и нафтените деривати на светските берзи драстично се покачуваат што придонесува за нестабилност на пазарите. Покрај војната во Украина ова е војна со енергенси, но сепак најдобро од се е што има нафта иако со цени кои се многу високи, велат од Регулаторната Комисија. Од таму информираат дека цената на енергенсите, според најновата методологија, ќе се утврдува на дневна основа врз база…
Пишува: Проф.Др. Нано Ружин Во април 2016 на Економскиот форум во Санкт Петерсбург, Владимир Путин го лансираше проектот „Голема Евро-азија“. Според концептуалистот на оваа идеја Александар Дугин, „Претседателот Путин настојувал да се фокусира врз возвишената идеја од геополитичка и политичка природа. Се работи за создавање на супранационална унија базирана врз заедничка цивилизациска основа на северниот Евроазиски простор. Сто дванаесет години претходно, (1904) геополитичарот Халфорд Џон Макиндер ја развил тезата за Евро-азија како персонификација на Земјиното срце (Heartland). Според Мекиндер, светот е споредлив со светскиот океан каде што е сместен светскиот остров („world island“) составен од Азија, Европа и Африка. Околу…
Ги насочуваме парите онаму каде е најпотребно – за финансиска поддршка на граѓаните и компаниите. Единствен приоритет во моментов е да го заштитиме стандардот на граѓаните и да одржиме економска стабилност, порача на социјалните мрежи претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски. Премиерот Ковачевски во својата објава истакнува дека живееме во време на огромна светска економска криза, но дека со сите досегашни политики, мерки и одговорно владеење, новата влада за само 50 дена покажа дека може и умее да се справи со предизвиците. „Силно ги субвенционираме граѓаните за електрична енергија која би била 80% поскапа доколку нема субвенции,…
Стапката на инфлација во Македонија во февруари на годишно ниво достигна околу 8%. Уште повеќе загрижува фактот што само за 28 дена во февруари оваа година цените пораснале за над 1%. Со најновите поскапувања во тековниов месец, кои никако да сопрат, најверојатно трендот на пораст ќе продолжи и ќе дојде до забрзана инфлација која станува двоцифрена. Да се потсетиме, двоцифрена инфлација за последен пат сме имале некаде кон средината на 90-тите години од минатиот век. Генерациите наши граѓани родени во независна Македонија за прв пат се среќаваат со феноменот на висока инфлација. Ваков пораст на цените, проследен со празни рафтови…