Author: Mirjana
На денешната средба со министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ, Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, ја потенцирал засилената динамика на билатералните односи на највисоко ниво меѓу двете страни, изразувајќи надеж дека овој квалитет и континуитет на оваа комуникација и соработка ќе продолжи и понатаму, соопшти кабинетот на собранискиот спикер. Тој го истакна значењето на регионалната иницијатива ,,Отворен Балкан“, како можност за регионално поврзување и соработка на земјите од Западен Балкан, а воедно и како порака до нашите европски пријатели во Брисел дека земјите од регионот полека изразуваат спремност кон прифаќање на европските вредности…
Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Беа реафирмирани добрите билатерални односи, коишто ги поврзува долгогодишно традиционално пријателство и интензивна соработка во многу сфери од заеднички интерес. Претседателот Пендаровски посочи на блиската соработка меѓу двете држави во контекст на пандемијата на Ковид-19, како пример за високиот степен на развој на билатералните односи. На средбата беше констатирана потребата за натамошното искористување на потенцијалите за развој на односите во сите области од заемен интерес, вклучувајќи ја економијата и трговската размена, инвестициите, инфраструктурното, енергетското поврзување, како и…
Република Северна Македонија и Република Србија имаат пријателски и партнерски односи со тенденција на зацврстување на соработката и јакнење на довербата, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи на заедничката прес конференција со министерот за надворешни работи на Република Србија Никола Селаковиќ , кој е во возвратна официјална посета на земјава. И двајцата министри информираа дека воделе отворен и конструктивен разговор со цел да се проверат областите во кои си задале задача да ја унапредат соработката при ланската посета на Османи на Белград, колку од договореното е реализирано. И Османи и Селаковиќ видно задоволни ги презентираа резултатите од економската соработка.…
По средбата во министерството за надворешни работи, министрите Бујар Османи и Никола Селаковиќ одржуваат заедничкла прес конференција. Селаковиќ е во официјална посета на земјава во рамките на која ќе се сретне со државниот врв Пендаровски, Џафери и Ковачевски.
Моите мисли се со украинскиот народ, напиша на Фејсбук познатиот актер Арнолд Шварценегер. Не сум експерт за надворешна политика, вели тој, па ќе ги препуштам анализите на попаметни од мене. „Знам како е да растеш во поствоени услови, и знам дека во војна и по војна сите страдаат и никој не е победник. Имам пријатели и обожаватели во Украина, имам пријатели и обожаватели и во Русија. Можам да кажам дека никој од нив не го сака ова. Се надевам дека разумот ќе преовлада и оваа војна ќе заврши пред да бидат уништени многу животи. Во меѓувреме, јас сум со луѓето…
Претседателот на Русија Владимир Путин е подготвен за преговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски за предавање на Украина, ова го изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Според Песков условите на Русија за прекин на воената интервенција се „гаранции за неутрален статус“ и „ветување дека нема да има оружје на украинска територија“. Наведувајќи ги , Песков рече, тоа се условите, кои ќе овозможат постигнување на „демилитаризација и денацификација на Украина“. Претходно, рускиот претседател Путин се огласи прв пат по инвазијата и порача дека Москва немала друга опција да се одбрани, освен да дејствува во Украина.
Шефот на српската дипломатија Никола Селаковиќ, утрово ги почна активностите предвидени во рамките на официјалната посета на Скопје. Прва на агендата е средбата со својот хомолог од Северна Македонија,Бујар Османи по што двете делегации ќе имаат пленарна седница а ќе биде потпишана и Спогодбата за основање на културно-информативни центри во Скопје и Белград. Двајцата министри ќе одржат заедничка прес конференција. Селаковиќ во Скопје ќе има одвоени разговори со претседателот Стево Пендаровски, со претседателот на Собранието Талат Џафери како и со премиерот Димитар Ковачевски. Според МНР во фокусот на средбата на министрите ќе бидат тековните состојби во билатералните односи, перспективата на…
Украинската армија соопшти дека има борби со руските сили во непосредна близина на главниот град Киев. „Украинските вооружени сили се борат во областите на населбите Димер и Инванкив“, соопшти армијата на Киев на својата Фејсбук страница. Димер е околу 45 километри северно од Киев, додека Иванкив е околу 60 километри северозападно од главниот град на Украина. Украинскиот министер за надворешни работи денеска објави дека Киев бил под „ужасни“ руски напади во текот на ноќта. „Последен пат нашиот главен град доживеа нешто слично во 1941 година, кога беше нападнат од нацистичка Германија. Украина го победи тоа зло и ќе го победи…
Вечерва во седиштето на Европската Унија во Брисел, кое патем, светлосно е обоено во националните бои на Украина, почна вонредниот самит на 27-мината, кој се очекува да резултира со политичка одлука за пакетот санкции кон Русија. Со овој пакет санкции, за кој од Унијата велат ќе бил најголем досега кој воопшто Европа го има усвоено било кога и против било кого, требало да и се нанесат сериозни последици на руската економија. – Со овој пакет ќе биде погодена руската елита и нејзината економија. Ќе биде замрзнат рускиот имот во европскиот блок , стопирање на пристапот на банките на европските берзи…
Американскиот претседател Џозеф Бајден одржа прес конференција на која рече дека Путин избрал војна и немал намера да разговара со него. Тој е уверен дека две третини од светот не ја поддржуваат руската воена интервенција и очекува санкциите кои ги нарече остри, да вродат со плод иако , како што потенцира, можеби најголем притисок ќе се извршело со санкции кон руските банки но дека Европа во целост не се согласила со тоа. Бјаден нагласи дека Путин со месеци наназад трупал војници на границата со Украина и ги отфрлал дипломатските напори на САД и сојузниците. „Тие ја обвинија Украина за геноцид…
Телевизискиот канал Ал Џезира пренесува дел од реакциите и ставовите на русите и на руските институции за воениот напад на нивната земја врз Украина. Официјалната линија на Кремљ и продржавните медиуми е во согласност со оценката на Путин – Русија немала друг избор освен да одговори на „агресијата“ на Украина и дека војската ги намалува одбранбените капацитети на Украина избегнувајќи цивилни жртви. Александар Котс, воен дописник на таблоидот Комсомолскаја Правда од Донбас, објави дека во средата вечерта „Украина се обидела да го реши своето територијално прашање со сила“, но бунтовниците одговориле на напредувањето на Украина преку реката Доњец. Котс додаде…
Русија „немаше друг начин“ да се одбрани освен да ги испрати своите сили во Украина, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин додека руската армија ја напаѓа соседната земја. – Она што се случува сега е изнудена мерка бидејќи на Русија не ѝ е дадена можност да постапи поинаку, рече Путин на средба со деловни луѓе во Москва, која беше емитувана на телевизија. Путин рече дека се создадените ризици за безбедноста биле толку големи што било невозможно да се постапи поинаку и укажа на непомирливоста на Киев и Западот кон руските барања поврзани со безбедноста. – Можеа да не доведат до такви ризици…