Шефот на српската дипломатија Никола Селаковиќ, утрово ги почна активностите предвидени во рамките на официјалната посета на Скопје. Прва на агендата е средбата со својот хомолог од Северна Македонија,Бујар Османи по што двете делегации ќе имаат пленарна седница а ќе биде потпишана и Спогодбата за основање на културно-информативни центри во Скопје и Белград.

Двајцата министри ќе одржат заедничка прес конференција.

Селаковиќ во Скопје ќе има одвоени разговори со претседателот Стево Пендаровски, со претседателот на Собранието Талат Џафери како и со премиерот Димитар Ковачевски.

Според МНР во фокусот на средбата на министрите ќе бидат тековните состојби во билатералните односи, перспективата на европската интеграција на Западниот Балкан, соработката во рамките на регионалните иницијативи, како и конкретните форми за искористување на потенцијалите на секторската соработка.