Author: Mirjana
Русите го заземаа воениот аеродром Гостомел, кој се наоѓа на околу 40 километри од Киев, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, ветувајќи им дека ќе им биде вратен на Украинците. Зеленски рече дека руските сили го зазеле аеродромот, но падобранското слетување на тој аеродром било блокирано, бидејќи украинската армија добила наредба да ги „уништува“ руските сили. Украински воен функционер, кој претходно денеска изјави дека на аеродромот во тек се борби, изјави дека ситуацијата е „затегната“ и на југот на земјата, каде се водат битки за градовите Геническ, Скадовск и Чаплинка во Херсонската област во близина на црноморскиот полуостров Крим. Тој…
Рускиот амбасадор во ЕУ, Владимир Чизов, беше повикан на разговор од страна на Европската Унија денеска поради руската инвазија на Украина, јавува дописничката на МИА од Брисел. Рускиот амбасадор го прими генералниот секретар на Европската служба за надворешна акција, Стефано Санино, во име на цела ЕУ. ЕУ му пренела на рускиот амбасадор Чизов дека рускиот напад врз Украина најостро се осудува, дека тој бил неиспровоциран и неоправдан и бара да му биде пренесено на рускиот претседател Владимир Путин под итно да им стави крај на воените дејствија и да ги повлече трупите безусловно од целата територија на Украина. Санино му…
Кризата во Украина секако ќе има свои рефлексии и на Балканот. Од една страна, повеќето од земјите на Балканот се земји-членки на НАТО и јасна е осудата на агресијата која и се случува на Украина. Во тој став се едногласни сите балкански земји, можеби со исклучок на Србија, која се држи резервирано по ова прашање и се обидува да балансира. И во нашата домашна политичка арена евидентно е дека постои консензус кај скоро сите сериозни политички актери дека инвазијата врз Украина мора да престане и дека ситуацијата мора итно да деескалира. Солидарноста со Украина и украинскиот народ е силна и…
Војната во Украина ќе предизвика потреси и во македонската економија. Цените драстично ќе скокнат не само на енергенсите, туку и на основните прехранбени продукти со оглед на тоа што Украина е еден од најголемите светски производители на пченица, предупредуваат економските аналитичари. Од Министерството за економија за Нова Тв велат дека Украина е мошне важен трговски партнер на земјава, иако во периодот 2018 – 2021 година не спаѓа во листата на првите 20 земји со кои нашата држава остварува најголем обем на трговска размена. Вкупната трговска размена на земјава со Украина учествува со 0.7% за 2020 година, односно со 0.9% за…
Авион на „Ејџиан ерлајнс“ што утрово од Атина полетал кон Москва, кусо пред да влезе во рускиот воздушен простор од безбедносни причини добил наредба да се врати назад и се очекува да слета на атинскиот аеродром, соопштија од грчката авиокомпанија, јави дописничката на МИА од Атина. Од „Ејџиан ерлајнс“ објаснуваат дека „од безбедносни причини и поради карактеризацијата на поширокиот регион како регион со висок ризик, авионот од оперативниот центар на компанијата добил наредба да се врати во Атина“. Додаваат дека од 14 февруари за летовите кон Москва, се избегнува украинскиот воздушен простор.
Агенцијата за бегалци при ОН денеска соопшти дека ситуацијата во Украина забрзано се влошува и ги повика соседните земји да ги отворат границите за прием на бегалци. – Веќе видовме извештаи за жртви и луѓе кои почнаа да ги напуштаат своите домови за да одат на безбедно место, изјави високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди. Тој рече дека УНХЦР ги интензивирала своите операции и дека работи со украинските власти за да обезбеди поголема хуманитарна помош.
Како што наведува новинарот Кристофер Милер, Русите со хеликоптерите МИ-8 го надлетуваат Меѓународниот аеродром Антонов во Хостомел во Украина. Министерството за внатрешни работи на Украина соопштило дека Русија ја презеде контролата врз овој регион. – Многу е опасно, тоа е само 15 минути западно од обиколницата на главниот град, напиша на Твитер новинарот Кристофер Милер. Confirmed by Ukrainian authorities. A large air assault operation with Mi-8 helicopters on Antonov International Airport in Hostomel. Interior Ministry says Russia has seized control. Very dangerous; it’s just 15 minutes west of the capital ring road. pic.twitter.com/JhlyVktVRC — Christopher Miller (@ChristopherJM) February 24, 2022
НАТО утре (петок) ќе одржи виртуелен самит за руската инвазија врз Украина, изјавија дипломати, додека Алијансата најави дека се преземаат „дополнителни чекори“ за заштита на земјите-членки. „Одлучивме, во согласност со нашето одбранбено планирање за заштита на сите сојузници, да преземеме дополнителни чекори за понатамошно зајакнување на одвраќањето и одбраната низ Алијансата. Нашите мерки се и остануваат превентивни, пропорционални и неескалаторни“, се вели во соопштението на НАТО.
Го осудувам чинот на отворена воена агресија од страна на Русија врз Украина. Војната е најлошиот начин за решавање на недоразбирањата, а агресијата врз Украина е закана и за европскиот и светскиот мир, напиша премиерот Димитар Ковачевски на својот фејсбук профил. Во текстот меѓу другото пишува: „Владата ја следи многу внимателно состојбата во Украина. Безбедносната состојба во нашата земја е стабилна и во овој момент не постои директна закана за безбедноста на Северна Македонија. Покрај безбедносната состојба, владата одблиску ги следи и промените во светските економски текови кои се дестабилизирани од новонастанатата состојба. Владата како и досега ќе делува максимално…
На денешната 17-та седница, Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за новиот пакет на рестриктивни мерки на ЕУ во поглед на ситуацијата во Украина со препорака за придружување на Северна Македонија кон сите одлуки на ЕУ за овој вид на рестриктивни мерки. Во врска со оваа точка, Владата го задолжи Министерството за надворешни работи, преку Постојаната мисија при ЕУ во Брисел, да извести дека Северна Македонија се придружува кон новиот пакет на рестриктивни мерки на Советот на ЕУ, заедно со сите претходни одлуки за рестриктивни мерки од 2014 година до сега, во поглед на ситуацијата во…
Најостро го осудуваме застрашувачкиот напад на Русија врз Украина, кој е целосно неоправдан и неиспровоциран. Нашите мисли се со сите загинати и повредени и со народот на Украина. Ние, исто така, ја осудуваме Белорусија што го овозможи овој напад. Овој обновен напад е сериозно прекршување на меѓународното право, вклучително и Повелбата на ОН, и е целосно контрадикторен со обврските на Русија според завршниот акт на Хелсинки, Париската повелба, Меморандумот од Будимпешта и Основачкиот акт НАТО-Русија. Тоа претставува акт на агресија против независна мирна земја. Ние стоиме со народот на Украина и нејзиниот легитимен, демократски избран претседател, парламент и влада. Секогаш…
Украина упати официјално барање до Турција да ги затвори теснецот Босфор и Дарданелите за руските воени бродови. Ова денеска го изјави вонредниот и ополномоштен амбасадор на Украина во Турција, Васил Боднар, во Амбасадата на Украина во Анкара, јави украинската агенција Укринформ. – Сега е најважно да се поддржи Украина. Го повикувам турскиот народ и турските власти да и помогнат на Украина. Повикуваме да се затвори воздушниот простор, да се затвори преминот преку Босфор и Дарданелите за руските воени бродови. Официјално барање е испратено до турската страна, рече Боднар. Амбасадорот информираше за најновата ситуација во Украина и за дејствијата на Русија во услови на воена агресија врз…