Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изјава на Ненад Марковиќ,член на СБ за опасноста за Балканот и Северна Македонија со оглед на очигледниот руски интерес и влијание во регионот

0
By Mirjana on February 24, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 24, 2022 18:41
Кризата во Украина секако ќе има свои рефлексии и на Балканот. Од една страна, повеќето од земјите на Балканот се земји-членки на НАТО и јасна е осудата на агресијата која и се случува на Украина. Во тој став се едногласни сите балкански земји, можеби со исклучок на Србија, која се држи резервирано по ова прашање и се обидува да балансира.
И во нашата домашна политичка арена евидентно е дека постои консензус кај скоро сите сериозни политички актери дека инвазијата врз Украина мора да престане и дека ситуацијата мора итно да деескалира. Солидарноста со Украина и украинскиот народ е силна и јасна, а желбата за престанок на воените дејствија од страна на Русија недвосмислена. Од друга страна, постои и еден, не помалку важен аспект на самиот конфликт, а тоа е секако информатичката војна која се одвива во сајбер просторот.
Во огромниот наплив на информации кои ни пристигнуваат од различни страни, можноста за лажни вести, погрешни информации и класична пропаганда ќе се зголемува експоненцијално со растењето на интензитетот и опфатот на конфликтот. Ова секако ќе има одраз врз јавното мислење во земјите на нашиот регион, и во поголема или помала мера може да предизвика сериозни внатрешнополитички поларизации кои можат да доведат до конфликтна атмосфера во самите општества. Секако, самиот конфликт нема да предизвика последици од размерот на оние кои се случуваат на територијата на која се води самиот конфликт, но тие ќе бидат осетни и видливи. Економската криза која конфликтот може да ја предизвика, а особено неговото пролонгирање, води во економска неизвесност, а последиците може да бидат далекусежни.
Зголемувањето на цената на енергенсите секако е она што прво ќе го почувствуваат граѓаните. Дополнително, она со кое може да се соочиме на подолг рок се и брановите на бегалци од украинскиот фронт, кои ако бидат во поголем број, покрај Полска, како дестинација може да изберат и дел од земјите на Балканот. На ова евидентно се надоврзува и билатералните прашања помеѓу дел од државите (Србија – Косово, Босна и Херцеговина, Македонија – Бугарија инт.) кои во ваква тензична и ангажирана атмосфера ќе се решаваат многу потешко и побавно.
за руската интервенција во Украина и влијание врз Балканот Ненад Марковиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.