Author: NovaTv NovaTv

Не треба само носталгично да се осврнуваме на Рамковниот договор кој беше уникатен пример за крај на еден конфликт. Договорите ги има премногу во историјата, но, она што луѓето вистински го сакаат е работа, добро образование за нивните деца и надеж за иднината. Тоа мора да биде чекор понатаму од Охридскиот договор и тоа е нашата обврска, порача поранешниот генерален секретар на НАТО лорд Џорџ Робертсон во обраќањето на конференцијата по повод 20 години од Охридскиот рамковен договор. -Светот, Европа и Балканот мислам дека го потценија начинот на кој што Охридскиот договор дава пример, образец за решавање на конфликти. Тој…

Read More

Податоците од детални истражувања покажуваат дека стапката на спонтан абортус кај вакцинираните лица била во согласност со стапката што се очекува кај општата популација – 12,5%. Лажните и погрешни тврдења дека вакцините против „Ковид-19“ штетат на плодноста и предизвикуваат спонтани абортуси, се уште уште кружат на Интернет, наспроти сите докази, пишува Би-Би-Си. Лекарите на почетокот на вакцинацијата беа крајно претпазливи во однос на препораките за време на бременоста, па затоа првичниот совет беше да се избегне вакцината. Но, сега, станаа достапни голем број податоци за сигурноста на вакцините, па сега вакцинирањето активно се охрабрува (бидејќи самото заболување со Ковид-19 може…

Read More

„Беше ден Илинден, тие вечерта дојдоа и камбаните почнаа да чукаат од сите три цркви“, велат крушевчани, сведоци на востанието, во архивски снимки на МРТ. „Сите на нога бевме станати. Радосни, што веќе немат каде“, „Дојде абер дека вечерта комитите идат“, гласат дел од сведоштвата. https://www.youtube.com/watch?v=A9QdbfIdW2M

Read More

Премиерот Зоран Заев, на заедничката прес-конференција со помошникот државен секретар за Европа во Стејт Департментот, Филип Рикер истакна дека Брисел треба чесно да се соочи со ситуацијата во која е ставена стратешката определба за натамошно проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан и додаде дека ЕУ треба да смогне сили и да го објави решението за проширувањето до Самитот ЕУ за Западен Балкан кој ќе се одржи оваа есен. – Отворањето на пристапните преговори за членство во ЕУ останува наш највисок стратешки приоритет, а ја користам оваа прилика уште еднаш да го потенцирам она што верувам е јасно и за Брисел, дека билатералните прашања немаат место на преговарачката…

Read More

Министерот за здравство Филипче, вечерва преку социјалните мрежи информираше дека денеска пристигнала нова пратка од вакцините Фајзер. Од нив 5.850 се преку директни преговори со производителот, а 4. 680 се како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Јуроп“ (Team Europe).Оваа програма за поддршка во снабдувањето вакцини за Западен Балкан ја координира Австрија – објави министерот за здравство на Фејсбук.

Read More

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во честитката за 24 мај, денот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј напиша: „Горди сме и неизмерно сме им благодарни, затоа што со златни букви ја запишаа Македонија во европската и светската културна ризница. Имињата на Кирил и Методиј кај секој граѓанин во Македонија будат посебен пиетет, но и аманет дека не смееме да престанеме да веруваме и да се бориме под ова небо. Тоа што светите браќа успеале да го направат пред повеќе од еден милениум само покажува дека можеме и мораме и денес да се носиме рамо до рамо со останатите…

Read More