Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Научниците ги разбија митовите за поврзаноста на вакцините и спонтаниот абортус и плодноста

0
By NovaTv NovaTv on August 11, 2021 ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 11, 2021 16:03

Податоците од детални истражувања покажуваат дека стапката на спонтан абортус кај вакцинираните лица била во согласност со стапката што се очекува кај општата популација – 12,5%.

Лажните и погрешни тврдења дека вакцините против „Ковид-19“ штетат на плодноста и предизвикуваат спонтани абортуси, се уште уште кружат на Интернет, наспроти сите докази, пишува Би-Би-Си.

Лекарите на почетокот на вакцинацијата беа крајно претпазливи во однос на препораките за време на бременоста, па затоа првичниот совет беше да се избегне вакцината. Но, сега, станаа достапни голем број податоци за сигурноста на вакцините, па сега вакцинирањето активно се охрабрува (бидејќи самото заболување со Ковид-19 може да ја доведе бременоста во ризик).

Една студија на јапонски научници покажа дека вакцината се акумулира во јајниците, но поради нејзиното погрешно читање и толкување излезе дека теоријата е лажна.

Во истражувањето, на стаорци им била аплицирана многу поголема доза вакцина од онаа што им се дава на луѓето (за 1.333 пати повисока).

Само 0,1% од вкупната доза завршила во јајниците на животните, 48 часа по инјектирањето.

Многу повеќе – 53% по еден час од примањето на вакцината и 25% по 48 часа – се пронајдени на местото на инјектирање (кај луѓето тоа е обично раката). Следното највообичаено место на концентрација на вакцината е црниот дроб (16% по 48 часа), органот што помага да се ослободат од лошите материи од крвта.

Всушност вакцината користи т.н. систем на балон од маснотии, што го содржат генетскиот материјал на вирусот, кој пак го активира имунолошкиот одговор на телото.

Оние кои се обидоа да го промовираат ова тврдење намерно избрале фокусот да го стават на концентрацијата на маснотии што се наоѓа во јајниците.

Вистина е дека нивото на маснотии во јајниците се зголемило по 48 часа од вбризгувањето, бидејќи вакцината се поместува од местото на инјектирање низ телото, но тоа што е најважно дека дури стигне до јајниците веќе не го содржи генетскиот материјал на вирусот.

Објавите, исто така, тврдат дека студијата била „протечена“, иако всушност била јавно достапна на интернет.

Други објави, пак, ги истакнуваат спонтаните абортуси пријавени во системите за мониторинг на реакциите од вакцините во Обединетото Кралство и во САД. Во овие системи секој може да пријави симптоми или здравствени состојби што ги чувствува по вакцинирањето. Навистина биле спонтани абортуси пријавени во овие бази на податоци, но тие се за жал вообичаени настани во рамки на просекот и не се последица на самата вакцина.

Податоците од детални истражувања покажуваат дека стапката на спонтан абортус кај вакцинираните лица била во согласност со стапката што се очекува кај општата популација – 12,5%.

Д -р Викторија Мале, репродуктивен имунолог на Империјал колеџ во Лондон, вели дека овие системи за известување се многу добри за да се забележат несакани ефекти од вакцината, кои обично се ретки кај општата популација – како што е специфичниот тип на згрутчување на крвта во некои ретки случаи со вакцината АстраЗенека.

Црвеното знаме се подига ако одеднаш се забележуваат невообичаени симптоми кај вакцинирани луѓе.

Само ако почнат да се добиваат многу повисоки бројки на спонтани абортуси отколку што се гледа кај невакцинираните луѓе, овие податоци би покренале истрага, но случајот не е таков.

Некои лица пак објавуваат графикони што покажуваат голем пораст на вакцинирани што ги пријавуваат своите искуства во овие системи за следење на реакциите во споредба со претходните години, за други вакцини и лекови.

Ова се користи за да се покаже дека вакцината против „Ковид“ е помалку безбедна, но, ваквиот подем не се должи на големиот број реакции, туку дека огромен дел од популацијата се вакцинирала, во споредба со вакцините и лековите кои претходно се следеле.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.