Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Министерот за здравство Венко Филипче утрово ги пречека првите дози од вакцината АстраЗенека, односно 24.000 дози, а до крајот на април најави дека во земјава ќе пристигнат уште -Имавме добри вести вчера и од Европската Унија. Во месец април треба да пристагнат и други вакцини од Кина. Сите пријавени од ризичните групи, според приоритетите, ќе бидат повикувани. Тоа што сега го знаеме е дека во месец април, и преку Ковакс системот, треба да пристигнат дополнителни 76.000 дози повторно од производителот АстраЗенека, истакна министерот Филипче. На прашање каде е произведена вакцината, тој рече дека е корејска и дека ќе се чува…
Граѓаните на кои Филипче требаше да им обезбеди вакцини, заминаа во Србија да се вакцинираат. Пратката вакцини е капка во морето, додека дојдат поради Филипче и Заев дневно се закопуваат по 40 лица, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. -Секој ден има четирицифрени бројки на заразени. И не само што нема вакцини, нема ни медикаменти, граѓаните молат кај стигнат за терапија, ама за тоа Филипче не се интересира. Сето ова што се случува, немањето вакцини, заминувањето во соседна држава за вакцинирање, фактот што Македонија е на дно на листите по процент на вакцинирано население, а е…
Министерот за здравство Венко Филипче, утрово заедно со членови на дипломатскиот кор во Македонија, преставници на СЗО, УНИЦЕФ и регионалната канцеларија на ОН, ги пречека првите вакцини, 24.000 дози од АстраЗенека. -Денеска стигнаа првите дози на вакцини преку Ковакс системот. Ковакс систем е систем кој што уште летото минатата година се разви и во чие инвестирање учествуваа многу земји од светот, СЗО, Глобалната алијзанса за имунизација, а со цел да има правична распредеделба на вакцините на секаде во светот, истакна министерот Филипче. Тој појасни дека сега се посветени што побрзо да почне процесот на имунизација. -Вакцинацијата ќе започне во среда.…
Активностите на Обединетата македонска дијаспора за попишување се само делумно успешни. Стравуваме дека кампањата за бојкот, како и немањето поддршка од главните политички субјекти во Македонија, ќе го подријат попишувањето на Македонците, вели претседателот на ОМД, Мето Коловски
Објавувајќи ја песната „Љуби ме и главата горе“, премиерот Зоран Заев се прости од македонскиот пејач Зафир Хаџиманов, кој почина денеска како последица од коронавирусот. „Со длабока тага ја примив веста за смртта на Зафир Хаџиманов.Замина голем човек на кој сцена му беше целиот негов живот. Како музичар и естраден уметник, како филмски глумец и шоумен остави песни за паметење и оживотвори впечатливи ликови на филмското платно. Годините не го запреа за да ги растегнува своите граници како уметник кој експериментираше со мултимедијални дела, со поезија и прозни записи. Во нашите срца и сеќавања засекогаш ќе останат неговиот ведар лик…
Ги повикав нашите амбасадори и претставници во земјите на ЕУ да разговараат со нашите граѓани од дијаспората колку е важно да се попишат и дека со тоа тие директно ќе придонесат за подобра македонска иднина, според критериуми, како во сите современи земји во светот, напиша во објава на Фејсбук премиерот Зоран Заев. На денешниот работен состанок со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Северна Македонија, во земјите членки на Европската Унија и во постојаните мисии во ЕУ и во НАТО, стои во објавата, заклучиле дека успешното спроведување на пописот е од државно значење, бидејќи е клучно во креирањето ефикасни јавни политики…
Министерот за здравство Венко Филипче верува дека по пристигнувањето на првите вакцини преку Ковакс системот најавени за утре, в среда ќе почне масовната имунизација на населението. -Сега сме целосно посветени системот добро да функционира и целокупниот процес да се спроведе брзо и ефикаснмо затоа што веќе е направен план, први ќе бидат повикани оние критични граѓани согласно Националната страегија во здравствените домови понатаму имаме место во салата Борис Трајковски за имунизација. не се само овие вакцини што рпистигнуваат во април, сето она што очекуваме да се случи порано еве се случува сега во април, рече Филипче во гостување на ТВ…
Властите во Софија се лути по објавениот извештај на словенечкиот Меѓународен институт за блискоисточни и балкански студии ИФИМЕС од Љубљана. Министерството за надворешни работи на Бугарија денеска соопшти дека ќе го повика привремениот амбасадор на Македонија да даде објаснувања дали Владата во Скопје е поврзана со кампања спроведена преку овој институт. Имено, пред неколку денови ИФИМЕС објави дека бугарските власти пласираат неверодостојни податоци дека Македонците имаат бугарско потекло и оти Северна Македонија мора да даде официјална изјава дека македонскиот јазик и идентитет имаат бугарски корени. „Не може да се замисли дека во 21 век, државата Бугарија, која е полноправна членка…
Премиерот Зоран Заев на Фејсбук напиша дека во телефонски разговор со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон Дер Лајен бил известен дека ЕУ ќе обезбеди 651.000 вакцини за Западен Балкан, од кои дел ќе пристигнат и во Македонија. „Во телефонски разговор со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен разговаравме за соработката меѓу Европската Унија и земјите од Западен Балкан во овие услови на здравствена криза. Претседателката ме извести дека ЕУ обезбедува 651.000 дози вакцини за заштита од КОВИД-19 како директна помош за граѓаните на земјите од Западен Балкан, а соодветен дел од нив согласно бројот на жители во…
Заедно сме во НАТО. Едно семејство, иста иднина. Да се стане дел од оваа Алијанса, Севрерна Македонија ја сигнализираше својата посветеност да придонесува кон глобаната безбедност и демонстрираше ефикасност на политиката на отворени врати на НАТО. Сега, кога Северна Македонија има место на масата како членка на најмоќната светска воена Алијанса ние очекуваме дека тоа ќе го искористите за да придонесете кон овој сојуз. Ова денеска преку видео порака го порача помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер, честитајќи ја првата годишнина од членството во НАТО на Северна Македонија. – Пред една година на 27 март…
Остануваме 100-процентно посветени кон ЕУ и на градењето пријателства, низ политиките на дијалог, добрососедство и разбирање, како и на домашните реформски процеси, во насока на заслужените придвижувања на Северна Македонија на полето на евроинтеграциите, по успешното членство во НАТО, а при тоа зачувувајќи го дигнитетот на македонскиот јазик и македонскиот народ. Тоа го истакна премиерот Зоран Заев при учеството на денешниот тематски работен состанок, организиран од Министерството за надворешни работи, со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија, акредитирани во земји – членки на Европската Унија и во постојаните мисии во ЕУ и во НАТО. На состанокот е направен…
Со спроведувањето на пописот добиваме точни податоци за правилно насочување на ресурсите и мерките за одржлив развој во здравството, обазованието, социјалната заштита, животната средина, бизнис секторот, изјави вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криманлот, одржлив развој човечки ресурси, Љупчо Николовски. Тој посочи дека владин приоритет и грижа е да се воспостави одржлив развој во секоја област, а целта е таа одржливост да се одрази во образованието, во зачувување на животната средина, здравството, социјалата, економијата, насекаде каде што државата е сервис во служба на граѓаните. За сето тоа да се спроведе од исклучителна важност е спроведувањето на пописот. -Со добиените…