Author: Нова ТВ

Република Северна Македонија 12-ти пат ќе се вклучи во одбележувањето на најголемата светска еколошка акција „Часот на планетата Земја“. Оваа година, „Часот на планетата Земја“ ќе се одржи вечер, кога во 20:30 часот по локално време во мрак ќе потонат над 8.000 града во преку 180 држави ширум светот. Во рамки на акцијата, во земјава во мрак ќе потонат повеќе локации во Скопје и Охрид, меѓу кои и претседателската вила „Водно“, Владата, Градскиот плоштад „Македонија“, сите објекти и мостови по кејот на реката Вардар, скопската тврдина Кале, Порта „Македонија“, парковите во скопските општини Аеродром и Карпош, додека во Охрид меѓу…

Read More

Цеца сѐ уште беше Величковиќ, а Вук Драшковиќ опозиција, кога сфатив дека владеењето на правото е нешто како Свет Грал за кој мораш да се бориш, да го бараш и да веруваш дека тој постои, без разлика колку реалноста ти докажува дека си во невозможна мисија.

Read More

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, остварил телефонски разговор со заменик-помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер, при што се разговарало за актуелните политички и општествени случувања во земјава, како и за исполнувањето на стратешките приоритети. Во разговорот, според соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, било потврдено стратешкото пријателство со САД, и посветеноста во исполнување на агендата поврзана со НАТО Алијансата и исполнување на потребните демократски вредности. Од страна на Мицкоски, според ВМРО-ДПМНЕ, била истакната потребата за почитување на принципите за владеење на правото и правната држава, како и неопходноста од реформи кои ќе значат одлучна борба против криминалот и…

Read More

Премиерот Зоран Заев го прими командантот на сојузничката команда на здружени сили на НАТО во Неапол, адмирал Роберт Бурк, кој со делегација на НАТО е во посета на нашата земја по повод одбележувањето на првата годишнина од членството на Северна Македонија во Алијансата. На средбата, на која присуствуваа и министерката за одбрана Радмила Шекеринска и бригадниот генерал Симеон Трајковски, началник на Ј-5 секцијата во Генералштабот на Армијата на Северна Македонија, премиерот Заев му посака добредојде на адмиралот Бурк и на членовите на делегацијата на НАТО и се заблагодари за честа што Алијансата со присуство на свои високи претставници ќе учествува…

Read More

Тринаесет години затвор му одреди Судечкиот совет на обвинетиот Насер Ештрефи во случајот со убиството на Ангел Петковски. Во изречената казната затвор се пресметува и времето кое обвинетиот го има поминато во притвор и секое лишување од слобода, а кое изнесува нецели седум години. Судечкиот совет при изрекувањето на пресудата информира дека му било многу тешко да ја донесе оваа одлука, бидејќи се работи за два млади животи од кои едниот го загубил, а на другиот му бил прекинат со издржувањето на казната. Јавниот обвинител Дарко Јакимовски, од Судот побара на обвинетиот да му се изрече мерка притвор, додека бранителот…

Read More

Шефицата на Обвинителството за гонење на организарaн криминал и корупција, Вилма Русковска денеска на прес конференција сподели детали за акцијата „Планина“. -Пред една година со двајца обвинители и тим истражители решивме да се обидеме да собереме доволно докази со ќе се оневозможат дејствувањата на две криминални групи, едната од Грчец а другата од Гази Баба. Уште на почетокот бевме свесни дека зад секој од членовите мораме да собираме поединечни докази бидејќи тие дрогата која ја продаваа ја чуваат на безбедни места и постоеше мала веројатност при нивно апсење дека ќе се најде голема количина на дрога, во случајот кокаин, рече…

Read More

Законот за работни односи и „Недела неработен ден“ ќе бидат со одложена примена, од 1-ви јануари 2022 година, а истото ќе важи и за измените и дополните во Законот за данок на имот, соопштија денес вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерката за труд ии социјална политика, Јагода Шахпаска на редовната средба на Комисијата за јавно-приватен дијалог. На денешната седница се разговараше за повеќе теми, претставниците на бизнис секторот беа запознаени со предлог – измените на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, статусот за прогресот во подготовка на Законот за работни односи, како и одредени предлози за законски измени поврзани со минималниот…

Read More

Сметаме дека првата меѓувладина конференција и почетокот на преговорите треба да се одржи веднаш и без одлагање и работиме тоа да се случи уште во јунскиот самит на ЕУ, рече на денешната прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи. – Мислам дека клучната порака од вчерашната резолуција е дека Република Северна Македонија испорача и дека сега е време на ЕУ да ја испорача и сите вакви резолуции, заклучоци, информации на европските институции само ја потврдуваат европската перспектива на државата, нагласи Османи. Сепак, додаде, политиките за проширување во ЕУ, се носат со консензус, ќе мора согласност од сите земји членки. –…

Read More

Комисијата за заразни болести денеска имаше состанок на кој не предложи нови порестриктивни мерки до Владата. Тоа значи дека ќе нема никакви нови дополнителни мерки, односно ќе нема викенд карантин, информација која циркулираше низ некои медиуми. На сила останува мерката полициски час од 22 до 05 часот, која ќе трае до 6 април.

Read More

„Како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ‘За обнова на Македонија’ бараме пописот да се одложи за септември, а во таа насока Собранието да закаже итна седница за да може да се интервенира во законот за самото одлагање“, изјави денес пратеникот Антонијо Милошоски. То ваквото барање го образложи пред се од здравствени и епидемиолошки причини. Поради тоа, како што рече, ценат дека нема услови да се одржи безбеден и веродостоен попис кој што би дал соодветни и релевантни податоци. „Сите држави во регионот, во Европа, ќе набројам неколку, Ирска, Србија, Германија, Хрватска, Албанија, Бугарија, Романија и многу други ги одложија…

Read More

Пописот претставува можност успешно да се заврши статистичката операција која има непроценливо големо значење за развојот на државата, истакнал министерот за правда Бојан Маричиќ на средбата со претставници на дијаспората во Брисел, повикувајќи ги сите масовно да се попишат. -На нашите иселеници тука во Белгија им посочив зошто е важно дијаспората масовно да се попише. Треба да имаме реална слика. Конечно има можност граѓаните да направат нешто директно за себе. Резултатите од пописот ќе бидат водилка при креирањето на сите развојни политики. Пописот ќе се одржи, а методологијата и начинот на спроведување на истиот е според највисоките светски стандарди и…

Read More