Author: Нова ТВ

Премерот Зоран Заев останува на ставот дека пописот не треба да се одложи затоа што податоците што ќе се добијат се исклучително важни за државата и затоа што, како што рече, никој не може да гарантира какви ке бидат состојбите со пандемијата во иднина за тој да се одложи за извесен период. Учеството на пописот рече, е патриотски чин, а повикот или тивкото работење за бојкот е удар врз државата, па дури и врз својата етничка заедница. -Ако некој гарантира дека за една или две години ќе имаме добри услови, или пак есенва дека ќе има добри услови немаме никаква…

Read More

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во Тема на Денот во Дневникот на Сител рече дека неговата партија ќе го поддржи пописот во моментот кога сите попишувачи ќе бидат вакцинирани против КОВИД-19. Според него, дури и поместување на локалните избори нема да значи ништо ако тоа се направи со цел да се имунизираат теренските попишувачи. Имам модифициран предлог, веднаш нека се донираат 5-6 илјади вакцини за попишувачите, нека ги имунизираат попишувачите, тоа е процес кој што трае месец дена, ќе се одложи процесот на попишување на население и домаќинства, што е тоа во споредба со 20 години чекање и…

Read More

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров го поздрави усвојувањето на Извештајот на Република Северна Македонија, но изрази жалење што не помина амандманот на Зелените и Социјалистите во врска со непримерно и провокативно однесување на бугарските власти кон земјава. Амандманот преку кој се осудуваше провокативната реторика на Бугарија кон Северна Македонија не помина поради блокада на европратениците од Европската народна партија и Европските конзервативци. – Сакам да го поздравам усвојувањето на Резолуцијата на ЕП со големо мнозинство, вклучувајќи го и компромисот кој е постигнат околу вордингот за пристапувањето дека билатералните прашања не смеаат да бидат користени за блокирање на пристапниот процес.…

Read More

Со 558 гласови за, 70 против и 59 воздржани Европскиот Парламент ја усвои резолуцијата на известувачот за Северна Македонија, Илхан Ќучук. Извештајот ги поздравува напорите на Северна Македонија во реформите за членство во ЕУ и ги охрабрува Скопје и Софија да изнајдат взаемно прифатливо решение околу спорот поради кој Северна Македонија не може да ги започне преговорите со ЕУ и покрај исполнетите реформи. Амандманот поднесен од страна на Социјалдемократите и Зелените преку кој се осудуваше провокативната реторика на Бугарија кон Северна Македонија не помина поради блокада на европратениците од Европската народна партија и Европските конзервативци. Илхан Ќучук го поздрави фактот…

Read More

46-годишниот меѓународно реномиран актер, Љуран Ахмети ја изгуби борбата со корона вирусот. Љуран беше дел од многу театарски претстави, играни и кратки филмови, а последните години беше дел од најгледаните турски серии. Од 1998 година, тој играше во европскиот филм „Куклена претстава“ како и едни од главните улоги во сериите “Kurtlar Vadisi – Pusu”, “Mutlu Ol Yeter”, “Guzel Gunler”, “Son Yaz Balkanlar”, “Bahar Dallari”, “Limonata” … Ахмети со години беше составен дел на Народниот театар во Скопје. Љуран Ахмети е син на познат писател и публицист Џабир Ахмети, а зад себе остави ќерка, сопруга, сестра и родители. Нова изразува сочувство…

Read More

Советот на Град Скопје на претстојната седница ќе расправа за имињата на 485 улици во градот. Најголем дел од овие улици досега биле именувани со број или биле именувани како краци на други поголеми улици. По усвојувањето на оваа одлука од Советот, овие улици ќе добијат нови имиња. Новите имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Град Скопје согласно со Законот за определување на имињата на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти предвидено е да се црпат од Регистарот на имиња кој неодамна беше дополнет од Советот со листа од нови 570 имиња,…

Read More

Управата за јавни приходи известува дека сметководителите, физичките лица кои вршат самостојна дејност, како и работодавачите кои го искористиле правото на финансиска поддршка за справување со здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот COVID-19, и поднеле некомплетно барање за пресметување на износот за враќање односно претворање во грант на финасиската поддршка до крајниот рок на поднесување 25 март 2021 година, најдоцна до 31 март ќе може да поднесуваат нов – коригиран образец. -Барање за пресметување на износот за враќање на примената финансиска поддршка за исплата на плати за месеците април, мај и јуни 2020 година -„образец ДБ-БВ-ФП-2“, Барање за пресметување на износот…

Read More

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратеничко прашање поврзано со припадници на Фето во Северна Македонија и одредени компании, изјави дека ние со целосна посветеност и внимание сме постапувале секогаш за барањата на Република Турција, но дека за евентуална екстрадиција на одредени лица потребно е за нив да има судска пресуда. Заев посочи дека имајќи ги предвид пријателските односи со Турција која е наш долгогодишен поддржувач во НАТО , ЕУ и еден од најголемите инвеститори во земјата со целосна посветеност и внимание секогаш сме постапувале за нивните барања и врз основа на соработката, пред се, на безбедносните служби, но и на…

Read More

Заменик на претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски денеска изјави дека нема недопирливи во борбата против корупцијата одговарајќи на пратенички прашања во однос на случаи кога се засеганти министри, функционери или лица именувани од оваа Влада. Конкретно тој одговараше за случаи поврзани со министерката за образование Мила Царовска која беше спомената во сведочењето за случајот „Меѓународен сојуз“ и за разрешениот директор на струшката болница. -Во однос на прашањето што беше за министерката Мила Царовска, во конкретниот случај со ингеренциите што ги имаме како Влада не е констатирано прекршување на ниту една одредба…

Read More

При набавката на софтверот за сообраќај не е прекршена ниту една процедура за јавни набавки, не е констатиран никаков конфликт на интереси. Владата работи по највисоки професионални стандарди, транспарентно, етички, законски, комплетно за сите постапки така и за ова. Ова денеска го изјави премиерот Зоран Заев во одговор на прашање од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Вељановски, дали ќе се побара одговорност за оваа јавна набавка за која се споменува владиниот функционер Драги Рашковски. Рече дека Јавното обвинителство и ДКСК се обратиле до Владата и оти службите имаат наредба да постапат со сите информации и процедури за целата оваа набавка за…

Read More

Собранието по пауза од речиси два часа, продолжи со работа. Во тек е утврдување на дневниот ред на 36. седница. Со 85 гласа „за”, без против и без воздржани пратениците го усвоија предлогот на Владата по скратена постапка да се донесе Предлог-законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, за месеците февруари и март 2021 година. Со 86 гласа „за”, без против и без воздржани Собранието го усвои Предлог на закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здраствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, заради исплата на платите за…

Read More