Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Годишната дебата во Европскиот парламент за резолуциите за Западен Балкан заврши, се чека гласањето. Дебатата во голема мера се фокусираше на ситуацијата со Македонија и блокадата од Бугарија. Освен бугарските пратеници центар десно и крајно десните партии кои земаа збор, останатите европратеници денеска побараа што побрзо да отпочнат преговорите со Македонија, која доби зелено светло пред една година, а препорака пред дванаесет години. Европратеничката Тинеке Стрик, од групата на Зелените, нагласи дека Македонија направи длабоки и често болни реформи за да дојде до ова и потсети дека останува да се направат напори во многу области како правата на жените, на…
Одлагањето на почетокот на преговорите за членство со Северна Македонија создава проблем со кредибилитетот на Европската Унија и тоа се рефлектира не само на нашиот случај, туку и врз целиот регион, изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров во обраќањето на конференцијата на тема „Како да се врати проширувањето на ЕУ на вистинскиот пат? Приоретизирање на владеењето на правото и реформите во правосудството”. Како што соопшти денеска Секретаријатот за европски прашања, конференцијата, која се одржа на покана на повеќе тенк-тинк организации од регионот и ЕУ за означување на почетокот на тригодишниот проект „Западен Балкан кон ЕУ/WB2EU”, беше можност за…
Деловникот на Собранието секогаш ми бил водилка и доследно сум го почитувал, а тоа го потврдија и сведоците Зоран Заев, Петар Атанасов, Никола Тодоров. На 27 април 2017 година во 18:01 ја прекинав Конститутивната седницата и закажав продолжение за следниот ден. Навистина жалам за тоа што се случи потоа. Имаше жртви, некои физички, а некои политички, но сите заедно сме жртви и изгубивме многу, наведе во својата одбрана првообвинетиот Трајко Вељановски, на денешното судењето за организаторите на случувањата на 27 април 2017 година. Прашан дали и каква комуникација имал со останатите обвинети на 27 април 2017 година, поранешниот собраниски спикер…
– Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во обраќањето пред европратениците на почетокот на дебатата за годишните извештаи за напредокот за земјите од Западниот Балкан, изрази надеж дека сѐ уште е можно првата меѓувладина конференција со Северна Македонија да се одржи за време на португалското претседателство со ЕУ, односно пред 1 јули. Вархеји го пофали Извештајот за наредокот на Северна Македонија на патот кон ЕУ на известувачот Илхан Ќучук и оцени дека тој се совпаѓа со наодите на Европската Комисија. – Добрососедските односи се суштински дел од напредокот кон ЕУ, билатералните договори, Преспанскиот со Грција и Договорот со Бугарија треба и…
Деловникот на Собранието секогаш ми бил водилка и доследно сум го почитувал, а тоа го потврдија и сведоците Зоран Заев, Петар Атанасов, Никола Тодоров. На 27 април 2017 година во 18:01 ја прекинав Конститутивната седницата и закажав продолжение за следниот ден. Навистина жалам за тоа што се случи потоа. Имаше жртви, некои физички, а некои политички, но сите заедно сме жртви и изгубивме многу, наведе во својата одбрана првообвинетиот Трајко Вељановски, на денешното судењето за организаторите на случувањата на 27 април 2017 година. Прашан дали и каква комуникација имал со останатите обвинети на 27 април 2017 година, поранешниот собраниски спикер…
Во Европскиот Парламент започна дебатата по извештаите за напредокот на земјите од Западниот Балкан, меѓу кои и за Северна Македонија, по што ќе се гласа за секој од нив. За Северна Македонија една од главните точки е спорот со Бугарија, за кој се очекува да се изјаснат повеќе европратеници на денешната дебата. Неколку пратенички групи поднесоа посебен Амандман за поддршка за конструктивниот однос на Северна Македонија и критики за провокативните изјави на Софија, но засега е нејасно дали тој ќе добие поддршка. Известувачот за Северна Македонија и автор на извештајот, бугарскиот европартеник Илхан Ќучук, пред почетокот на дебатата порача дека…
Денеска прво во Собранието ќе се одржи 36-тата седница во чии точки на дневен ред се и законите за економската помош од петтиот пакет, а предвидени беа пратеничките прашања. Овој предлог го стави претседателот на Собранието, Талат Џафери на гласање, и за него гласаа 53 пратеници, а опозицијата ова го оцени како „шверцерско подметнување“. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бурно реагираше, сметајќи дека ќе нема право да поставува прашања. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, порача владеачката коалиција да закаже пленарна седница да се изгласаат петиот сет мерки но подоцна попладне за време на паузата.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, денеска на прес-конференција во Собранието рече дека неговата пратеничка група е подготвена да присуствува на седница и да дискутира и да го изгласа петтиот сет мерки. „Граѓаните, компаниите и стопанството немаат време за чекање. Економијата нема време за политиканство. Помошта е потребна веднаш. Од тие причини како пратеничка група на ВРМО-ДПМНЕ бараме владеачката коалиција веднаш да закаже пленарна седница, каде заедно ќе ги дискутираме и изгласаме петиот сет на економски мерки.Позади мене се пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои се подготвени да бидат присутни, и да дада поддршка доколку власта се вразуми да ја…
Во објава на Фејсбук под плаштот на прашалната форма, се пласира дезинформација за наводна вакцинација на високи владини претставници со вакцина против ковид-19, преку ред и спротивно на националниот план за имунизација. Постот е прилично вирален, односно споделен е над 50 пати. Иако објавата започнува во прашална форма, сепак таа во продолжение изнесува експлицитни тврдење дека посочените функционери се вакцинирани во одердени држави: Дали овие лица од власта се вакцинирале???? Љупчо Николовски – (вакциниран во Дубаи) Драги Рашковски – (вакциниран во Србија) Зоран Заев – ( во државава со српските вакцини) Радмила Шекеринска – (во државава со српските вакцини) Артан…
Не се планира зголемување на стапките на ДДВ и на персоналниот данок, истакнуваат од Министерството за финансии. -Имено, изјавата на министерот за финансии Фатмир Бесими во емисијата „Економски магазин“ се однесува на зголемување на уделот кој општините го добиваат од наплата на ДДВ-то и од персоналниот данок, како трансфери од централен буџет, а не на стапките на ДДВ и персонален данок, појаснуваат од Министерството за финансии. Додаваат дека министерот за финансии гостуваше во емисијата „Економски магазин“ на тема „Фискална децентрализација“, каде ја презентираше реформата за унапредување на фискалната децентрализација. -И самиот автор на емисијата „Економски магазин“ Горан Теменугов преку социјалните…
Здруженијата ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, Хелсиншкиот комитет за човекови права и Коалиција „Маргини“ поднесоа кривична пријава против Здружението за заштита на човековите права „Од нас за нас“ за поттикнување омраза и дискриминација врз повеќе основи. Самостојно, ХЕРА поднесе и тужба за утврдување граѓанска одговорност за навреда и клевета. Овие чекори се преземени согласно реакцијата на ХЕРА по која здружението „Од нас за нас” не само што не се извини и не ги повлече лагите за сексуалното образование и за ХЕРА, туку и продолжи да шири невистини и да објавува несоодветни визуелни материјали во врска со пилотирањето…
Премиерот Зоран Заев во текот на денот треба да оствари средба со Талат Џафери и Али Ахмети на која ќе се разговара за блокадата на Собранието. Џафери на брифингот со новинарите, рече дека за денеска не може да свика нова седница затоа што има пратенички прашања. За да се одржи посебна седница Владата треба да достави нови материјали. Со ВМРО – ДПМНЕ тој и натаму не сака да се сретне затоа што не сака да разговара за ултимативни прашања. Во однос на најавата на премиерот за вонредна состојба Џафери рече дека тоа во овој момент не треба да се размислува за…