Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, денеска попладне заминува за Мадрид, што е прва посета на Кралството Шпанија на премиерско ниво. Заев во Мадрид доаѓа од Брисел каде што вчера имаше средби со претседателката на Европската комисијата Урсула фон дер Лајен и со други високи претставници на Европската унија и Европскиот парламент, на кои побара да се одблокира европскиот пат на С Македонија и порача дека македонскиот јазик и македонскиот идентитет, наметнати како прашања од Бугарија, воопшто не смеат да бидат тема на разговор. Според најавата од владината прес-служба, Заев утре во Мадрид ќе има…
Комитетот за спречување на тортура и нехуман или понижувачки третман или казни (КПТ), денеска во Стразбур по добиеното одобрување од македонските власти го објави извештајот за 5-та периодична посета на Северна Македонија, заедно со одговорот на властите на земјата. При посетатата е утврдено дека полициската бруталност е во пораст и дека властите не успеаја да преземат доволно мерки за да ги решат долгогодишните структурни недостатоци во затворскиот систем, јави дописникот на МИА. За време на посетата, што се одржа од 2 до 12 декември 2019 година, делегацијата на КПТ доби бројни обвинувања за физичко малтретирање нанесено од полициски службеници врз…
Нема лошо време за квалитетна реформа. Промените во системот на образование не се избрзани, туку се темелат на Стратегијата за образование 2018-2025 донесена кога министерка беше Рената Десковска и на Законот за основно образование, донесен кога министер беше Арбер Адеми, што покажува континуитет во работата на Владата за создавање квалитетно образование. Со години се правени анализи на образованието, домашни и меѓународни истражувања, каков систем на образование ни е потребен, истакна министерката за образование и наука Мила Царовска во дебатната емисија на ТВ Клан. Царовска рече дека сега е време да се направи исчекор, затоа што секоја изгубена минута со неквалитетно образование нé чини прескапо во по-глед на подготвувањето на човечкиот потенцијал за времето коешто доаѓа. Треба да почнеме денес,…
Скратен полициски час, работа на угостителските објекти во отворените делови до 23:30 часот и отпочнување со работа на вежбалните, фитнес центрите и теретаните, се дел од олабавените рестриктивни мерки што Главниот координативен кризен штаб и ги препорача на Владата, а таа треба да ги разгледа и да ги усвои на денешната седница. Новите мерки би важеле од 12 до 18 мај, а се донесени на предлог на Комисијата за заразни болести врз основа на епидемиолошката состојба, намалувањето на бројот на хоспитализирани и бројот на заразени лица. Според новите мерки што се предлагаат, полицискиот час ќе трае од 24:00 часот до 05:00 часот и се дозволува користење на годишен одмор за здравствените работници. Ивентите и настаните ќе се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30 проценти од капацитетот на затворениот простор, а се зголемува и бројот на деца кои може да…
По првиот ден на посетата на премиерот Зоран Заев и македонската делегација во Брисел во пресрет на јунскиот ЕУ самит каде Северна Македонија сè уште се надева дека конечно формално ќе се отворат преговорите за членство во Унијата, станува јасно дека плановите за одвојување на Скопје и Тирана не наидуваат на поддршка во европските престолнини, јави дописничката на МИА од Брисел. Заев својата посета ја започна всушност во неделата вечер кога се сретна со претставникот на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, но клучните средби ги оствари вчера. Прво со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, потоа и со претседателката на…
Граѓаните да се пријавуваат на веб страницата vakcinacija.mk, заради тоа што тоа е најпрактичниот механизам и начин да се стигне до соодветен термин за вакцина против Ковид-19. Ова е апелот што вчера го упати министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека вакцинацијата се одвива добро, вакцинирани се околу 110 илјади граѓани од кои 23 илјади се ревакцинирани, а сега се вакцинираат 170 илјади граѓани кои се пријавиле на vakcinacija.mk до 30 април. – Оние 170 илјади граѓани кои се во прва група до направениот пресек на 30 април, се тие кои сега се вакцинираат, дополнително се пријавени околу 130 илјади граѓани. Од вкупниот број на граѓани кои се пријавени до 30 април, сите веќе добиле или ќе добијат термин до 15 мај. Граѓаните го следат апелот за пријавување на сајтот, а доколку нема нова мутација на вирусот, колективниот имунитет сигурно ќе го стекнеме до крајот…
Шефот на ЕУ дипломатијата, Јосеп Борел, изјави попладнево дека со министрите за надворешни работи на ЕУ се согласиле дека не постои намера за одвојување на Албанија и Северна Македонија во ЕУ процесот
Eпидемиолошката крива е во опаѓање и бројот на хоспитализирани пациенти во континуитет се намалува во изминатите денови, истакна на денешната пресконференција министерот за здрасвство д-р Венко Филипче. Министерот посочи дека бројката на примени пациенти во ковид центрите во Скопје и низ државата е се помала и се зголемува бројот на испишани пациенти на дневно ниво. -Значајно се испразнети болничките капацитети, хируршките одделенија, сите освен еден дел од одделението ТОАРИЛУЦ се вратени во функција. Заводот за рехабилитација-Козле исто така е целосно испразнет од пациенти заболени од ковид и во текот на неделата ќе се направи прераспределба и на детската болница во…
Министерот за здравство Венко Филипче денеска најави дека ќе биде спроведен надзор преку Државниот здравствен и санитарен инспекторат за случајот со пациентката која, според објавите на социјалните мрежи, починала на Клиниката за гинекологија и акушерство. – Ќе иницираме соодветен надзор преку Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а доколку е потребно, и стручен надзор, изјави Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес-конференција. Од Клиниката за гинекологија и акушерство во соопштение до јавноста појаснуваат дека не се работи за родилка како што тоа е објавено на социјалните мрежи, туку за пациентка која е оперативно третирана. Пациентката, според соопштението од ГАК, починала утрово…
Да имавме заеднички став за „27 април“ ќе излезевме со заедничка прес-конференција или заедничко соопштение. Моите ставови за „27 април“ воопшто не зависеа од средбата со Мицковски, вели шефот на државата Стево Пендаровски. -Јас имав соопштение после тоа, после таа негова изјава во кое кажав дека и во дипломатијата и во политиката кога излегувате на одвоени изјави јасно е дека сте имале различни ставови за истите настани. Да имавме усогласени ставови за „27 април“, како што тој вели, сигурно би излегле на заедничка прес-конференција или со заедничко соопштение кое би го потпишале двајцата. Немам што да додадам на тоа. Станува збор за…
Премиерот Зоран Заев по средбата со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, за МИА изјави дека одвојувањето на Албанија и Северна Македонија не е во ничиј интерес и дека непринципиелност од страна на ЕУ може да има безбедносни последици за целиот регион. Тој на Фон дер Лајен и порачал дека идентитетот и јазикот не смеат во ниту случај да бидат предмет на преговори во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Кои пораки ви ги пренесе претседателката на Европската Комисија? Имавме значаен состанок утрово со комесарот Вархеји, а сега само што заврши состанокот со претседателката на Европската Комисија.…
Членството на Северна Македонија во НАТО е многу силен сигнал дека вратата на Алијансата е навистина отворена и дека не се работи само за зборови, туку за реалност што на сите нас ни дава оптимизам. Се надевам дека тоа ќе се случи и со отворање на преговорите за пристапување со ЕУ, што исто така ќе биде одличен сигнал и за Грузија бидејќи тоа е нашата заедничка перспектива. Ова го изјави претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили на Република Северна Македонија, на заедничката прес-конференција со нејзиниот домачин претседателот Стево Пендаровски. -Ние видовме дека С Македонија во минатото надмина една таква пречка, би…