Author: Нова ТВ

Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман, пред денешниот состанокот на министрите на ЕУ во Брисел, изјави дека на ЕУ и е потребен дополнителен политички ангажман и стратешки пристап кон Западен Балкан и дека партнерите во регионот мора да покажат резултати во областите на демократската трансформација, човековите права и владеењето на правото, јави дописникот на МИА од Белград. -Тоа е клучно за нивниот европски пат, но секако мора да им помогнеме да го исполниме и нашиот дел. Тоа значи почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија и визна либерализација за Косово. Црна Гора мора да остане посветена на…

Read More

Претседателката на Европската Комиисја, Урсула фон дер Лајен, на средбата со македонскиот премиер Зоран Заев потврдила дека поддржува формален почеток на преговорите со Северна Македонија што поскоро и решавање на спорот со Бугарија, јави дописничката на МИА од Брисел. Зоран Заев утрово оствари средба со шефицата на европската извршна власт како и со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, во Брисел, каде престојува два дена во пресрет на јунските Совети на ЕУ на кои треба земјите членки на ЕУ да одлучат за одржување на првата Меѓувладина конференција, односно формалното отпочнување на преговорите, со Скопје и Тирана. Македонскиот премиер за МИА изјави…

Read More

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет наметнати како прашања од Бугарија воопшто не смее да бидат тема на разговорите и ангажманот на Брисел, а Северна Македонија единствено така ќе продолжи да разговара за нејзината европска иднина, нагласи премиерот Зоран Заев на денешната средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, соопшти владината прес-служба. – Македонскиот идентитет освен што е прашање на гордост, тоа е и прашање на факти, наука, традиција и национално обележје на нашиот народ. Тој не е и нема да биде предмет на преговори. Европските вредности се водилка за нас, но заштита на идентитетот исто така е…

Read More

Судењето за случајот „Титаник” денеска продолжи со изведување на докази. Обвинителката Лиле Стефанова, побара од судот да се изведе исказ од сведок кој во меѓувреме починал. Следното рочиште за овој случај е закажено за 17 мај, за кога се повикани повеќе сведоци. Денешното рочиште за овој случај е прво после два месеца пауза. Поголемиот дел од рочиштата беа одложени од причина што некои од странките беа во самоизолација или позитивни на Ковид-19. Случајот за изборните нерегуларности од 2011, 2012 и 2013 година се уште е во фаза на доказна постапка. Судењето за овој предмет го води судијата Осман Шабани, а…

Read More

– Ние цениме дека состојбата во градинките е добра. Заради притисокот од родителите, и потребата да се вратат децата во градинки, но и заради безбедната епидемиолошка состојба, ние упативме допис врз основа на кој Комисијата за заразни болести препорача на Кризниот штаб бројот на деца кои ќе бидат во градинки да се зголеми од 15 на 20, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Тоа посочи дека овој допис ќе оди утре како предлог пред Владата, и верува дека оваа одлука ќе биде донесена. Министерката Шахпаска во одговор на новинарско прашање околу состојбата во градинките, посочи дека состојбата…

Read More

Пред нас се доволно аргументи сериозно да го приспитаме ова решение, техничка влада за спроведување на избори. Да поработиме на подигање на демократската свест и одговорност, да фатиме чекор со земјите кон кои претендираме да бидеме во друштво. Изборите треба да ги организира политичката влада која е на власт, затоа што владите може да имаат различни програми за работа, но задолжтелно за сите нив е демократијата и владеење на правото

Read More

Главниот координативен кризен штаб го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести и врз основа на епидемиолошките текови и состојби во државата, намалување на бројот на хоспитализирани лица и бројот на заразени лица, за утрешната седница на Владата се препорачуваат следните мерки за усвојување: Почнувајќи од 12 мај 2021 година, забраната и посебниот режим на движење на населението и возилата од јавен превоз да почнува од 24:00 часот до 05:00 часот. Соодветно на ова, дозволено време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел)…

Read More

Одделот за специјални полициски операции добива нова униформа, а станува збор за неколку различни униформи, информира денеска на Фејсбук, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Како што појасни, Единицата за брзо распоредување ќе добие урбана маскирна мултикам шара, комплет составен од комбинезон, зимска јакна со подјакна, џемпер, кошула рипс и аутлас, панталони рипс и ремен, четири различни маици (со јака и без јака, со долги ракави и тактичка маица со кратки ракави), дводелен комплет за дожд, четири различни капи (фантом, полар, безбол и беретка), навлака за шлем, дводелно пододдело со подкапа, термо и тактички ракавици. Втората униформа, како што напиша…

Read More

Претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Нејзин домаќин е претседателот Стево Пендаровски, кој ќе ја пречека Зурабишвили пред Вила Водно на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести. Пендаровски и Зурабишвили ќе има тет-а-тет средба, а ќе се одржи и пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и на Грузија. Грузиската претседателка денеска ќе се сретне и со претседателот на Собранието Талат Џафери и со првиот заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби. Во рамки на…

Read More

Премиерот Зоран Заев денеска во седиштето на ЕУ во Брисел ќе има средби со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, со претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли, со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел, со извршниот потпретседател на ЕК Франс Тимерманс и со еврокомесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеји. На средбите на Заев со високите европски претставници на кои ќе биде придружуван од вицепремиерот Никола Димитров и шефот на дипломатијата Бујар Османи, се очекува да се разговара за пристапниот процес на С Македонија кон Европската Унија, за бугарското вето, но и за последните…

Read More

Колективен имунитет до крајот на летото, очекува министерот за здравство Венко Филипче. Тој, како што изјави во вчерашното интервју на Радио Слободна Европа, очекува со сите вакцини што треба да пристигнат во земјава, до крајот на летото да се постигне колективен имунитет. Министерот нагласи дека сите вакцини се безбедни и нема потреба граѓаните да преферираат една наспроти друга вакцина. – Сега, со пристигнувањето на оваа значајно голема количина вакцини, а очекуваме уште стотина илјади на 15 мај, повторно од производителот „Синофарм“ и количината од 500 илјади вакцини од производителот „Синовак“ до крајот на мај, значи една значајно голема количина, која…

Read More

Изјавите на еврокомесарот Оливер Вархеји за можно разделување на С. Македонија и Албанија на патот кон ЕУ, предизвикаа бура од негодување во кругови на ЕУ и меѓу познавачите на приликите во Југоисточна Европа, пишува австрискиот весник „Стандард“, пренесе „Дојче веле“. Висок службеник на Европската комисија за „Стандард“ вели дека изјавите на Вархеји наишле на чудење во Брисел. – Не разбираме што му стана, ние секогаш велевме и, и понатаму ќе велиме: Северна Македонија ги исполни сите критериуми, вели претставникот на ЕК. Дополнува дека му е нејасно зошто воопшто се шпекулира за разделување на европскиот пат на двете земји, кога одлуката…

Read More