Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шахпаска: Состојбата во градинките е добра, предлог бројот на децата да се зголеми од 15 на 20

0
By Нова ТВ on May 10, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 10, 2021 13:16

– Ние цениме дека состојбата во градинките е добра. Заради притисокот од родителите, и потребата да се вратат децата во градинки, но и заради безбедната епидемиолошка состојба, ние упативме допис врз основа на кој Комисијата за заразни болести препорача на Кризниот штаб бројот на деца кои ќе бидат во градинки да се зголеми од 15 на 20, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Тоа посочи дека овој допис ќе оди утре како предлог пред Владата, и верува дека оваа одлука ќе биде донесена.

Министерката Шахпаска во одговор на новинарско прашање околу состојбата во градинките, посочи дека состојбата е добра, има само нови 11 вработени позитивни и само две позитивни дечиња.

Таа информира дека од 21.480 слободни места според протоколите, 15.400 деца веќе се во градинките.

-Утрово имаше Кризен штаб, ние како Министерство за труд и социјална политика на секој Кризен штаб реферираме за состојбата со градинките и оваа состојба ја прават вкупната епидемиолошка слика во државата. Утрово реферирав дека за една седница, до кога трае периодот за да реферираме, има само нови 11 вработени позитивни и само две позитивни дечиња. Бројките покажуваат дека присуството на децата во градинките се зголемува, и согласно протоколите од 21.480 слободни места 15.400 дечиња веќе се во градинките, рече Шахпаска.

Ова, како што посочи министерката, значи дека постои една бројка од шест илјади места кои не се пополнети со деца.

Таа појасни дека сеуште има родители кои чуваат место за своите деца, а не ги испраќаат во градинка. Додаде дека Министерството, но и општините како основачи на установите за згрижување на деца од претшколска возраст веруваат дека сега со новата бројка која е донесена како предлог, ќе се прошири капацитетот во градинките за сместување на деца, ќе се намали притисокот од страна на родителите и ќе се намалат листите на чекање.

-За листи на чекање сакам да ги потсетам граѓаните дека постојат и надвор од услови на пандемија но ние како Влада и како Министерство затоа градиме нови градинки и нови центри за сместување на деца од претшколска возраст. Кажавме дека за не цели седум месеци веќе 11 градинки се отворени, има нови 670 места за сместување, а до крајот на годината нашиот план и активности се дополнителни 13 градинки и уште 1.400 места ќе има за сместување на деца во градинки, додаде министерката.

Министерката посочи дека вработените во градинките беа дел од приоритетните групи кои се вакцинираа против Ковид-19.

-Како Министерство за труд и социјална политика грижејќи се за здравјето на децата и на вработените како едни од приоритетните групи кои што пристапија на вакцинирање беа вработените во градинките. Дел од нив веќе поминаа и ревакцинација, така да генерално цениме дека состојбата во градинките и понатаму ќе продолжи да биде добра.

Посочи дека останува уште една група која во првиот бран не беа вакцинирани. Додаде дека за тоа има допис, Министерството за здравство го има и тој допис, и тие ќе пристапат кон процес на вакцинација во следниот период.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.