Author: Нова ТВ
Претпријатијата и во наредниот период можат да очекуваат помош од државата, а 100-те милиони евра што треба да стигнат се токму за поволни кредити во приватниот сектор што беа спомнати во четвртиот пакет на економски мерки за справување со ковид кризата, порача вечерва министерот за финансии Фатмир Бесими. -Владата има предвидено 50 милиони евра во Буџетот за ковид програмата и овие средства се повеќе од доволни за да се реализира петтиот пакет мерки во делот на платите за февруари и март, но и за другите инструменти што се преку Развојната банка како што се поволните бескаматни кредити со 12-месечен грејс…
Единствен исправен начин за дознавање на вистината е преку институциите, вели секретарот во Владата Драги Рашковски откако обвинителството отвори предмет за набавката за софтвер. „Треба да ги оставиме институциите да си ја вршат надлежноста“, кусо изјавил Рашковски за Сител. Претходно, од обвинителството соопштија дека предметниот обвинител издал повеќе наредби за прибирање на потребната документација.
Имаме балансиран систем на рестрикција во кој е исклучително важна индивидуалната одговорност. Сметам дека следниот период до почеток на следната недела имаме простор да ги евалуираме резултатите од сегашниот полициски час, изјави министерот за здравство Венко Филипче. Министерот, во гостувањето на емисијата „24 Анализа“, рече дека сепак не ја исклучуваат можноста за карантин и дека тоа веќе го најавиле пред два дена. – Сметаме дека младите луѓе, и тоа го гледаме од епидемиолошките слики, коишто продолжуваат со комуникација без почитување на превентивните мерки по затворање на угостителските објекти се еден голем трансмитер на вирусот, изјави Филипче. Не е точно дека…
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска отвори предмет по допрен глас во врска со набавката на софтверот за „определување на просечна брзина на возилата во сообраќајот и изрекување казни“. – Следејќи ги повеќедневните написи во медиумите за набавката на софтверот од страна на Генералниот секретаријат на Владата, обвинителството отвори предистражна постапка, при што предметниот обвинител издаде повеќе наредби за прибирање на потребната документација. По наредбите ќе постапуваат истражителите од истражниот центар при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, информираат од ОЈО. Од Обвинителството, посочуваат дека во меѓувреме, откако се издадени наредбите,…
Шефицата на Европската медицинска агенција (ЕМА), Емер Кук, попладнево на прес-конференција во Амстердам соопшти дека вакцината на „АстраЗенека“ е „безбедна и ефикасна вакцина“. Кук соопшти дека комитетот донел одлука дека придобивките ги надминуваат сите можни ризици. Вакцината не е поврзана со зголемување на вкупниот ризик од тромбоемболиски случаи или згрутчување на крвта, додаде таа. Таа забележа дека над 2.500 луѓе починале од компликации поврзани со Ковид-19 само за еден ден минатата недела и затоа прегледот на вакцината е ставен како најголем приоритет на ЕМА. Кук рече дека европските експерти се мобилизирани за прегледот и дека земјите-членки имаат дополнителни информации за…
Попишувачите кои ќе го спроведуваат пописот на населението ќе имаат можност да заработат и над 35 000 денари хонорар за ангажманот. Тие ќе бидат на терен од 1 до 21 април, период во кој е планирано да се спроведе целата операција со евидентирање на граѓаните кои живеат на територија на Северна Македонија, а една недела претходно ќе имаат тестирање и подготовки за непречно и професионално изведување на статистичката операција. Со еден збор, за една недела обука и за три недели теренски активности, попишувачите ќе имаат хонорар над 35 000 денари. Според информации од терен, до сега има пријавено околу 4…
ДКСК ја чека документацијата за „кинеските вакцини“, потоа ќе донесе одлука дали ќе покрене постапка
Антикорупциска ја чека документацијата за кинеските вакцини, па потоа ќе донесе одлука дали ќе покрене постапка. Обвинителството и Финансиската полиција засега само ги следат информациите за набавката. Во меѓувреме кинеските вакцини никако да стигнат во земјава. Сè уште не се знае кога кинеските вакцини ќе пристигнат на македонско тло, но, не се знае ни дали патот по кој првично тргна министерот за здравство Венко Филипче за нивна набавка бил погрешен и дали ќе одговара. Засега само Државната комисија за спречување на корупција се активираше и побара од Министерството за здравство да им биде доставена целокупната документација за набавката. „Од Министерството…
Грција сака да има напредок во интегративниот процес на земјите од Западен Балкан и во оваа рамка и да се свика првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, а за Албанија доколку се исполнат поставените критериуми, изјави портпаролот на грчкото МНР Александрос Папајоану на денешниот брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина. Папајоану ги повтори изнесените ставови на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, како за време на средбата со неговиот хрватски колега минатата седмица, така и со шефот на португалската дипломатија пред два месеци во однос на европерспективата на регионот. – За ова…
Заменик-министерот за образование и наука Арафат Шабани на денешната прес-конференција информираше дека е повлечен од употреба учебникот по географија за втора година гимназиско образование. „Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска го потпиша решението на Комисијата со кое спорниот учебник се повлекува од настава. Во него имаше спорни и содржини навредливи за Албанците. За жал, учениците со децении го користеа овој учебник“, посочи заменик-министерот Шабани. Повлекувањето на учебникот по географија е само првиот чекор во коригирањето на содржините од кои се образуваат учениците, рече Шабани „Ќе се обидеме да ги отстраниме сите учебници кои содржат неточни и невистинити содржини.…
Премиерот Зоран Заев денеска го прими амбасадорот на Словачка, Хенрик Маркуш, кој на средбата го претстави долгогодишниот организатор и иницијатор на манифестацијата „По трагите на светите Кирил и Методиј“ Стојан Лекоски, наш сонародник кој повеќе децении живее во Словачка. Лекоски на средбата информираше дека оваа година „По трагите на светите Кирил и Методиј“ е вклучена во Европската програма за регионален развој и ќе се реализира со учество на Чешка и Македонија, покрај традиционалниот домаќин –Словачка. Заев, како што информираат од Владата, предложил оваа година настаните во рамките на оваа манифестација што ќе се организираат во Македонија, да бидат вклучени во…
Февруари ќе биде покриен со плати, а за другото одговорoт треба да го дадат пратениците во Собранието. Јас знам како би постапил да сум на нивно место, рече денеска вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. Тој очекува дека наредната недела за кога е закажана собраниската седница, законите за економските мерки да бидат донесени и дека граѓаните и стопанствениците ќе ја добијат поддршката. -Мислам дека тоа е научена лекција. Време за политика ќе има кога ќе живееме малку подобро, без притисок на здравствената криза. Затоа сметам дека за една недела или десет дена законите ќе бидат донесени и помошта ќе стигне…
Еднаквоста помеѓу жените и мажите е меѓу основните човекови права што сите земји-членки на Советот на Европа се обврзаа да ги почитуваат. Тоа е впишано во најосновните правни инструменти донесени од Организацијата, вклучувајќи ја и Европската социјална повелба. „Шеесет години по усвојувањето на Европската социјална повелба – Социјалниот устав на Европа – со кој се прогласи правото на мажите и жените работници на еднаква плата за работа со еднаква вредност, затворањето на јазот во платите е цел што не може да се одложи“, изјави Карин Лукас, претседател на Европскиот комитет за социјални права. Комитетот на министри на Совет на Европа…