Author: Нова ТВ
Десетина години пишуваме за обидите за раскинување на спрегите на триаголникот политика – бизнис – медиуми, како едно од најголемите општествени зла што се уште го држи новинарскиот пазар со наведната глава.
Преку апликцијата за самопопишување на дијаспората заклучно со денешниот ден евидентирани се вкупно 77 122 лица. Процесот на самопишување почна на 1 март и ќе трае до 21 април, а преку апликацијата се попишуваат македонските државјани кои престојуваат во странство, поради работа или други лични причини, до и подолго од 12 месеци, а попишувањето ќе се одвива до 21 април 2021 година. Од 1 март д 15 март се попишуваа и вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и членовите на нивните семејства кои престојуваат со нив во странство, македонските државјани на работа во Обединетите нации и нејзините организации, претставништва или претставници на…
Бектеши: Доколку има нови рестриктивни мерки, ќе има дополнителна поддршка за најпогодените дејности
Доколку со нови рестритивни мерки има скратување на работата на некои дејности, тогаш сигурно дека ќе има дополнителна поддршка за нив. На овој начин постапувавме и во изминатиот период и така ќе продолжиме. Туристичко-угостителскиот сектор кој што е најпогоден од пандемијата доби и најголема поддршка преку владините мерки, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во интервју за „Економски магазин“ на Алсат телевизија и најави дека наскоро ќе биде објавен огласот за ваучери за поддршка на домашниот туризам. „Ќе продолжи да се реализира мерката што се однесува до ваучерите за стимулирање на домашниот туризам имајќи предвид дека состојбата е непредвидлива што…
Тивкиот бојкот на граѓаните кои живеат во дијаспората веројатно се должи на антикампањата за бојкот на пописот. Ова за Канал 5 го потврди директорот на заводот на статистика Апостол Симовски.Тој потенцира дека слабиот одзив на иселениците води во погрешна насока, и апелира тие да дадат свој придонес во оваа важна статистичка операција -Toa што е мал одзивот во Австралија особено, меѓутоа и во Канада и САД веројатно се должи на антикампања која знаеме дека тече и имаме информации такви. Меѓутоа уште еднаш ги охрабрувам бидејќи ова е нешто што е во интерес прво на нив самите а и на државата…
Микробиологот Никола Пановски во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24 смета дека сегашните мерки се доволни и секое нивно зголемување ќе биде проблематично за економијата. „Ако издржат болниците со вакви мерки, мислам дека се доволни за да се спаси економијата. Не гледам што ќе се случи ако полицискиот час е од 17 часот. Комплетно затворање три дена ќе наиде на голем отпор кај населението. Далеку сме од масовно вакцинирање, па ако се зголеми полицискиот час, само ќе се зголемат проблемите. Добро е што е стопирана „Астра Зенека“. Петпати е поевтина од „Фајзер“, индикативно е што баш таа е стопирана.…
Во Кривичниот суд Скопје денеска продолжи судењето за предметот „Меѓународен сојуз“. Во судницата е и бизнисменот Јордан Камчев, кој е спроведен од Истражниот затвор во Шуто Оризари каде што издржува 30-дневен притвор. Тој на денешното рочиште треба да даде исказ во својство на сведок. Судијката Софче Ефремова на последното рочиште за овој предмет најави дека денеска покрај Камчев треба да сведочи и Агапи Дика. Обвинети во овој случај се Бојан Јовановски, поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, (таткото на прво обвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ. Јовановски е обвинет за „измама и перење пари“. Ременски е обвинета…
Израелскиот парламент усвои закон со кој се бара носење електронска нараквица за секој што влегува во Израел и е во карантин поради вирусот корона. Според новиот закон, луѓето кои се испраќаат во карантин дома мора да носат нараквица за следење, со цел да се обезбеди усогласеност со прописите, пренесува АП. Ако лицето одбие, ќе мора да биде ставен во карантин во државен хотел. Критичарите, вклучително и еден пратеник од опозицијата, велат дека тоа ја нарушува приватноста на поединците. Во исто време, Врховниот суд ги укина мерките со кои се ограничува влезот и излезот на израелските граѓани од земјата, оценувајќи дека…
Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска ќе учествува на Економскиот форум „Економијата на крстопат: Кој ќе биде мотор на растот по Ковид-19? што ќе се одржи во организација на институтот за економски истражувања и политики, „Finance think“. На овој настан ќе биде презентирана публикацијата „Потенцијалот на извозно ориентираните компании за придонесот за пост Ковид-19 економското опоравување во Северна Македонија“, изработена од страна на „Фајнанс Тинк“ во рамките на проектот „Остварување на потенцијалот на извозно ориентирани компании да придонесат за закрепнување по Ковид-19“, финансиски поддржан од Владата на Велика Британија и британската Амбасада…
По разрешувањето од функцијата директор на струшката Општа болница, доктор Мухамед Асани преку фејсбук-статус се обрати до јавноста, во кој тврди дека одговорно ја извршувал својата работа и оти совеста му е чиста. Во однос на обвинувањата за извадени органи на пациентка од Дебар, гинекологот посочува дека таа своерачно потпишала дека се согласува со царски рез и можните ризици и дека бубрегот и го отстраниле хирурзи кои биле на операцијата. – До денеска не се изјаснив, не затоа што немав што да коментирам или затоа што совеста не ми е чиста, како што и мислеа некои луѓе. Сето тоа го…
Здравствените власти очекуваат поголеми количини вакцини против КОВИД-19 во земјава да стасаат до крајот на месецов или на почетокот на следниот. Уверуваат дека сите вакцини што влегуваат и ќе влезат во земјава се и ќе бидат безбедни. Недостигот на вакцини, велат, се чувствува секаде и е резултат на многу поголемата побарувачка од понуда. Се очекува до почетокот на следниот месец да профункцинира и Ковакс системот преку којшто би стигнале околу 100.000 вакцини. Амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија Дејвид Гир се согласува дека доставата на вакцините не е на посакувано ниво, но и тој се надева дека механизмот Ковакс ќе профункционира…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и владиниот економски тим одржаа онлајн состанок со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и со Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство во рамките на Советот на странски инвестиции, чиј претседател е Виктор Мизо. Како што соопштија од владината прес-служба, на состанокот се дискутираше за заклучоците по однос на приоритетните прашања презентирани од Асоцијацијата на состанокот одржан во декември 2020 година, според кој приоритетите се во неколку клучни области во делот на царински стапки за увоз, инфраструктура, даночни политики, инвестициски трошоци, подобрување на законска регулатива како и останати прашања…
Директорот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге вели дека Владата на Република Северна Македонија направила сè што треба не само за набавка на вакцини против Ковид 19, туку целосно е подготвен и здравствениот систем за имунизација. -Владата на Република Северна Македонија стори сè што требаше, не само за вакцините, туку и за подготвеноста на здравствениот систем, да обезбеди соодветна обука и опрема. И нарачката за Северна Република Македонија веќе е направена затоа сега се работи за неколку недели. Во контакт сум со седиштето на УНИЦЕФ, како и со регионалната канцеларија да се стори сè што е возможно да…