Author: Нова ТВ

Министерката за култура Ирена Стефоска денеска одржа онлајн работен состанок со директорите на центрите за култура, на кој стана збор за активностите на овие институции од областа на културата, но и за инвестициите кои, со поддршка од Министерството за култура ќе се реализираат до крајот на годинава. На средбата, директорите на центрите за култура ја информираа министерката за својата работа во услови на светска пандемија, како и за реализацијата на проектите со почитување на сите протоколи. На средбата се разговараше за реално планирање на програмските содржини во ковид услови особено во летниот период кога се нудат пооптимални услови за реализација…

Read More

Апелирам секоја надлежна институција, којашто постои во државата за проверка во законитоста на постапката за случајот со Рашковски да направи конкретно проверка и да направи извештај. Јас, како претседател на Владата којшто го има именувано за еден од секретарите во мојот кабинет ќе постапам директно доколку има какво било прекршување, порача премиерот Зоран Заев од Богданци, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со набавката на софтвер од поранешниот генерален секретар на Владата, а сега еден од секретарите во неговиот кабинет. -Однапред сакам да ставам ограда дека не треба секој да биде обвинуван заради тоа што претходно имал создадено свој систем,…

Read More

Политичките случувања во земјата и регионот, тековните процеси што се случуваат во нашата земја, структурните реформи, како и напредокот кон отворање на преговорите за членство во Европската Унија, биле темите за кои разговарале на денешната работна средба во седиштето на ДУИ во Тетово претседателот на партијата Али Ахмети и амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир. Ахмети, како што соопштија од ДУИ, говорел и за спорот со Бугарија, за договорот за добрососедство и спроведувањето на обврските што стојат како пречка на нашиот пат кон ЕУ. – Ахмети оцени дека не сме далеку од договорот со Софија и…

Read More

„Новата инвестиција во ветерниот парк ќе се гради на просторот помеѓу селата Стојаково и  Селемли. Се работи за инвестиција од 30 мегавати ветерна електрана на подрачјето на Општина Богданци со вредност од над 40 милиони евра за производство на електрична енергија од околу 72-гигават часови.  Тоа значи обезбедување на стабилно снабдување со зелена и еколошка електрична енергија за околу 18.000 домаќинства“, истакна премиерот Зоран Заев на денешната промоција на новата инвестиција во ветерни електрани во Општина Богданци. Премиерот Заев, заедно со инвеститорите словенечката компанија „Интеренерго“ и „Тригал”, како и со градоначалникот на Општина Богданци Блаже Шапов ги истакнаа придобивките од…

Read More

Институт за демократија преку Програмата за парламентарна поддршка спроведе анкета, според која половина од анкетираните граѓани изјавиле дека би се вакцинирале, а 16 отсто се уште се двоумат. Најголем дел од граѓаните, според анкетата, ја преферираат вакцината на „Фајзер“. Од друга страна граѓаните сметаат дека Владата не прави доволно за да ја адресира состојбата со актуелната криза. На прашањето „Дали би се вакцинирале“, 50 отсто одговориле со „да“, 34 проценти со „не“, а „не знам“ одговориле 16 проценти од испитаниците. Триесет и девет проценти одговориле дека би се вакцинирале со „Фајзер“, со „Спутник“ 21 отсто, со кинеската „Синофарм“ шест отсто,…

Read More

Европската комисија (ЕК) го претстави усвоениот предлог на Комисијата за „дигиталниот зелен сертификат“ што ќе овозможи полесно патување во рамките на Европската унија (ЕУ). Според предлогот на ЕК, овој сертификат ќе биде и во печатена и во електронска форма и ќе го издаваат властите од сите земји-членки и ќе бидат признати од сите други членки на Унијата, пренесува Еуроњуз. We are proposing to create a Digital Green Certificate to facilitate safe free movement inside the EU during the pandemic. The certificate will: ✅ Be accessible and secure for all EU citizens ✅ Be non-discriminatory ✅ Contain only essential information#StrongerTogether —…

Read More

Никола Тодоров, поранешниот министер во владата на Никола Груевски, во колумна за Дојче Веле потенцира дека доколку Христијан Мицкоски си поднесе оставка ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на локалните избори. -Мицкоски се надева дека ќе успее на овие локални избори да освои 20-тина градоначалници и тој пораз, математички прецизно, да ни го претстави како епохално подобрување на резултатот од последните локални избори за повеќе од 400%, но и како изборна победа на ВМРО. Морална де, повторно, ама кој памети и кој слуша?! Важно е да се зачува фотелјата во партијата, привилегиите, парите и моќта. Важно е по секоја цена Мицкоски да си организира приватен…

Read More

Британскиот премиер, Борис Џонсон, откри дека наскоро ќе се вакцинира, потенцирајќи дека тоа ќе биде вакцината на „АстраЗенека“/„Оксфорд“ и покрај актуелните грижи што се појавија поради одредени случаи на згрутчување на крвта, јави ДПА. Зборувајќи пред пратениците за време на неделната сесија на британскиот Парламент Џонсон беше запрашан за тоа што неколку земји го суспендираа вакцинирањето со нивната вакцина  заради проблеми со згрутчување на крвта. Наместо да одговори на прашањето за суспензијата, во која се вклучени и Германија и Португалија, тој кажа дека „можеби најдоброто нешто што ќе го кажам за програмата за вакцини на „Оксфорд“ / „АстраЗенека“ е дека…

Read More

Денес во општина Богданци се официјализираше стартот на проектот за изградба на ветерен парк за продукција на електрична енергија од обновливи извори. Зад проектот, како инвеститори се јавуваат компаниите „Интеренерго“ (Interenergo) и „Тригал“ (Trigal) од Љубљана. За целосна изведба ќе биде реализирана инвестиција вредна повеќе од 40 милиони евра. Ветерна електрана “ВЕ Гевгелија“ е со предвиден капацитет од 30MW. „Големо професионално задоволство ми преставува денешниот формален чекор со кој и официјално „Интеренерго“ ја започнува реализацијата на големиот проект “ВЕ Гевгелија“ во Богданци. По повеќемесечни преговори со Владата на Република Северна Македонија ги усогласивме сите детали со што се отвори хоризонт…

Read More

Комисијата за заразни болести направи предлог протокол и тој протокол го дадовме до Министерство за здравство и до Државниот завод за статистика, a понатаму дали ќе се одржува пописот или не, на кој начин ќе се одржува, е политичка одлука, истакна пртседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски на денешната прес-конференција. Тој нагласи дека Комисијата не стои зад одлуките дали ќе се спроведува пописот или не. – Предлог протоколот беше побаран и ние го направивме, понатаму државните институции ќе одлучат дали ќе има или ќе нема попис, на кој начин ќе се спроведува, а ние дадовме повеќе опции за…

Read More

Европската инвестициска банка ќе продолжи да инвестира во општествениот и економски развој на Северна Македонија, со поддршка на проекти за побрзо закрепнување на економијата од последиците од пандемијата, информира премиерот Заев. „Европската инвестициска банка ќе продолжи да инвестира во општествениот и економски развој на Северна Македонија, со поддршка на проекти за побрзо закрепнување на економијата од последиците од пандемијата, како и за проекти од Зелената агенда за инвестиции во обновлива енергија, енергетска ефикасност и дигитализацијата како дел од Економскиот инвестициски план за Западен Балкан“, истакна Заев на својот фејсбук профил.

Read More

116 лица во Македонија по вторпат се заразиле со ковид-19, соопшти денеска претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски. -Прележувањето на инфекцијата од Ковид-19 не е гаранција дека лицето повторно не може да биде заразено со друг сој на вирусот.Будно гледаме кој е тој процент или просек на реинфекција, тоа се 116 случаи од околу 112.000 заболени што е 0,01 процент. Тоа е релативно многу мал број од вкупниот број позитивниТоа може да се случи од непочитување на мерките или лицата мислат дека не можат повторно да се заразат со вирусот. Никому не можеме да кажеме дека инфекцијата којашто…

Read More