Author: Нова ТВ
„Кога шетам низ моето родно место Пазарџик, десетици луѓе ме запираат и ме прашуваат не само за внатрешната, туку и за надворешната политика, на пример, за нашата позиција во однос на Република Северна Македонија“, изјави во интервју за бугарски медиуми, министерка за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева. Захариева изразува подготвеност да ги покани „колегите од владата во Скопје да го слушнат мислењето на народот“. „Бугарите ги прифаќаат соседите од С. Македонија како најблиски, но постојано не потсетуваат дека нема да прифаќаат компромиси со нивната државна доктрина заснована на омраза кон Бугарија и нашиот народ. Јас сум оптимист дека…
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа вели дека има потполна поддршка за својата работа од премиерот Зоран Заев. На новинарско прашање дали има некакви опструкции од одредени членови на Владата, Хоџа денеска напомена дека нема време да се занимава со тоа. -Јас сум посветен на работата и немам време да се занимавам со тоа дали имам опструкции. Тоа што сум го наумил како министер и мојата екипа сме блиску до земјоделците и ќе ги решаваме проблемите. Секако, ако има такви ситуации тие ќе испливаат на виделина и ќе се знае кој и како може да направи такви опструкции.…
Се подобрува сликата во однос на смртноста предизвикана од Ковид 19 во Македонија. Според официјланите податоци објавени на Worldometer, сервис кој ја следи статистиката поврзана со Ковид во целиот свет, Македонија е на петто место во регионот по смртност. Само пред неколку месеци беше прва во регионот по овој параметар што укажува на тоа дека состојбата се подобрува. Имено, во Македонија има починато 1593 лица на 1 милион жители, а пред нас се, Бугарија со 1625 починати на милион жители, Босна и Херцеговина со 1667, Црна гора со 1797 и на прво место по смртност е Словенија со 1892 починати…
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска очекува утре на седница на Влада да се дискутира за дел од прашањата поврзани за добивање, пристигнување и исполнување на условите во однос на вакцините од КОВАКС механизмот. Одговарајќи на новинарско прашање, таа посочи дека се додека не добијат информации и владините министри, за сите овие прашања да се комуницира со институциите задолжени за тоа, потенцирајќи дека нема понови информации од она што е познато во јавноста. – Знам уште од претходно дека сите услови кои се побаруваа во делот на КОВАКС механизмот како држава одамна ги исполнивме. Уште во самиот почеток на овие подетални…
На петти март девет земји членки на ЕУ преку писмо побараа од шефот на дипломатијата на ЕУ да се врати западниот Балкан на агендата на Унијата во април откако во декември лани беа блокирани заклучоците поради спорот меѓу Скопје и Софија, јавува дописничката на МИА од Брисел. Во декември за прв пат во историјата ЕУ ја заврши годината без никакви заклучоци за западниот Балкан, поради неможноста да се изнајде компромис со Бугарија околу речникот поврзан за „толкувањето на историјата“. Од декември до денеска западниот Балкан е целосно отсутен од дискусиите во Брисел. Девет земји членки, Австрија, Хрватска, Чешка, Германија, Грција,…
„Преку апликацијата за самопопишување заклучно до 8 часот, денеска се евидентирани 64.176 лица од дијаспората. Најмногу се попишани во Швајцарија околу 16.000 граѓани, што е една четвртина од очекуваните попишани лица. Во Германија имаме 10.000 попишани, а во Италија 6.000. Најслаб одзив имаме во Канада и Австралија и токму сега упатувам апел до сите наши сограѓани таму да го искористат своето право и да се попишат“, изјави денешната прес-конференција, министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Од Министерството за надворешни работи, истакнуваат и дека попишувањето на македонските државјани во дијаспората се спроведува 15 дена и денеска е последниот ден. „Од 1…
„Во последно време, судската власт се буди, односно почнува процесот на ветинг и мислам дека тоа настана од барањата на јавноста“, смета поранешниот министер за правда, Туше Гошев за емисијата „Студио 10“. Според него, кај нас институциите на системот се констутирани по концептот на релативизиран паралелизам. „Тоа значи дека секој орган функционира во рамките на своите овластувања, кое е овластено согласно Уставот и законите. Приведувањето на Камчев мора да било направено согласно законите. АНБ има право да собира информации доколку смета дека се релевантни. Сигурно оваа постапка е водена повеќе дена, ова не е само ден или два“, вели Гошев.
Од ГАВИ, Алијансата за вакцини, задолжена за програмата Ковакс преку која се испраќаат вакцини на земји со среден или низок приход, за МИА објаснуваат кои критериуми се потребни за да се добијат вакцини. -За дозите да можат да се испорачаат до учесниците на програмата преку оваа прва рунда на испорака, повеќе критични делови мора да бидат присутни, вклучително потврда на националните регулаторни критериуми за авторизација поврзани за испораката на вакцини, договори за обештетување (за сите учесници со секој производител), национални планови за вакцинација како и логистички фактори како лиценци за извоз и увоз, велат за МИА од ГАВИ. Алијансата нагласува…
Адвокатот Тони Менкиновски е истакнат партиски функционер на ВМРО ДПМНЕ, дел е од правната комисија, а лидерот Христијан Мицкоски му ја доверува улогата на главен партиски преговарач. Менкиновски беше дел од тимот на ВМРО ДПМНЕ кога власта и опозицијата го договараа носењето на Законот за Јавно обвинителство, кога опозицијата, а вклучително и Менкиновски се противеа на неговото изгласување во парламентот. Сите предлози кои Менкиновски ги имаше во врска со законот одеа во насока како да се затворат предметите на СЈО и како неговите партиски колеги да се спасат од одговорност за криминалот и корупцијата. Денеска, кога тој се појави во…
Властите во Србија најверојатно ќе донесат одлука за затворање на угостителските објекти на 10 до 15 дена како мерка која би требало да овозможи да се намали бројот на заразени кој, и покрај вакцинацијата, е висок и се движи до 4 000 луѓе дневно. Ова за РТС го најавиле од Кризниот штаб и било договорено на координативен состанок на Кризниот штаб, кој нема да се состане денеска, но одлука ќе биде донесена, велат извори од ова тело. Здравствените власти сметаат дека нема друг начин да се спречат собирањата, особено на младите, во диви дискотеки, кои секојдневно се откриваат, Два викенди…
„Во текот на изминатите 12 месеци, кога нашата држава и целиот свет се бори со пандемијата, граѓаните видоа силна посветеност на Владата, институциите и на здравствениот систем во справување со пандемијата и деструктивно и незрело однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски“, велат преку соопштение од владеачката СДСМ. Според нив, уште од првите моменти од пандемијата со коронавирусот ВМРО-ДПМНЕ „бесрамно лажеше дека немало доволно тестови за коронавирусот, ги делеше здравствените работници на ваши и наши, потоа намерно ги прекршуваше мерките за заштита“. „По налог на Мицкоски неговата послушничка во техничката влада Гордана Димитриеска Кочовска го кочеше заемот од Светска банка, пари…
По повеќе од една година корона во Македонија сликата иста како и на почетокот, ако не и полоша, затоа што за оваа година можеше многу да се направи, ама не се направи ништо. Трет бран и Филипче и Заев не направија ништо за да го организираат здравствениот систем, ама се грижеа за провизиите., соопшти ВМРО-ДПМНЕ. – Прв бран без лична заштитна опрема, без тестови, без соодветни лекови, втор без болнички кревети, без тестови, трет бран пак нема болнички кревети, нема доволно тестови. Иако е трет бран и во другите држави вакцинацијата стартуваше крајот на декември или почетокот на јануари, во…