Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Северна Македонија го одработи својот дел од обврските. Време е ЕУ да испорача, без одложување, бидејќи секоја поинаква одлука ќе го наруши кредибилитетот на ЕУ пред целиот Западен Балкан. Ова, како што објави на Твитер премиерот Зоран Заев, е заедничката порака за која се согласиле со Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина, на вечерашната средба во Брисел. Средбата со Лајчак, е прв од серијата разговори со високи претставници на ЕУ што ќе ги има премиерот Заев денеска и утре во Брисел. Заев утре во седиштето на ЕУ во Брисел ќе се сретне со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, со претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли, со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел, со извршниот потпретседател на ЕК, Франс Тимерманс и со еврокомесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеји. На средбите на Заев со високите европски претставници на кои ќе биде придружуван од вицепремиерот Никола Димитров и…
По повод 9-ти Мај, Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со амбасадорката на САД во земјава Кејт Мери Брнз и претставници на Сојузот на борци се поклони пред споменикот подигнат во чест на петмина американски пилоти, во село Вратница, Тетовско. Двајца од нив ги загубија животите кога на 26 август 1944 година, нивниот авион беше соборен од окупаторските сили на територијата на тогашна Македонија. Останатите тројца членови на екипажот на американскиот бомбардер „Либератор Б-24 Г“, со кодно име „Наша Љубов“ кој бил погоден и паднал на падините…
Денеска одбележуваме еден голем датум за два крупни настани во историјата на Европа и на нашата земја – 9 Мај, Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа. Датум, впишан со златни букви во историјата на напредна Европа, како датум за паметење на милионите жртви. Датум за чествување на големото дело на прогресивните сили со кое беше поразено најголемото зло – фашизмот, кој по Втората светска војна зад себе остави ужас и рушевини на нашиот континент и во светот. Токму низ овој вител на војната се издигна и македонската државност, водена од начелата за правда, солидарност и еднаквост. Во…
Нашите граѓани немаат што повеќе да направат, што повеќе да придонесат, што повеќе да жртвуваат за европскиот сон, поради тоа што ги направивме сите потребни и непотребни компромиси, вклучително и најапсурдните, за да заслужиме членство во европското семејство. Затоа сега е ред на Европската Унија, порача првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓи заедниците Артан Груби. На панел-дискусијата „Дваесет години по потпишувањето на Рамковниот договор: Република Северна Македонија и патот кон Европската Унија”, која по повод Денот на Европа ја организираше Центарот за европски истражувања и анализи „Еуропроспера“, Групи истакна дека сега е на тест европската храброст зашто сега се загрозени европските вредности. – Очекуваме иста храброст од европските лидери која тие ја бараа од нас последниве две децении, од Охридскиот Договор до уставните измени, без одлагање, без оправдување, рече тој, нагласувајќи дека тоа не е само одлука за европската иднина на Северна Македонија, туку е одлука и за опстанокот на сонот…
Нашата битка денес е всушност битка и на Европа самата со себе, да си го одржи зборот. Крајно време е да ги почнеме заслужените преговори за членство и така ќе бидеме заеднички победници. Да ни е честит Денот на Европа. Ова е пораката што денеска ја испрати заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, кој заедно со шефот на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир ја посетија канцеларијата на Еко Пошта корисник на проектот ЕУзаОтпорност. Тој нагласи дека ЕУ нема да биде целосна доколку не ги интегрира и земјите од Западен Балкани и на тој…
Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и министерката за образование и наука, Мила Царовска, по повод 9 Мај – Денот на победа над фашизмот и Денот на Европа, положија свежо цвеќе на партизанските гробишта во Бутел. Покрај владината делегација, свежо цвеќе положија и делегации на Сојузот на Борци од НОБ, Собранието на Република Северна Македонија, Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Армијата на Република Северна Македонија и Град Скопје предводена од градоначалникот Петре Шилегов. Оддавањето почит на борците против фашизмот…
Нашата проценка е дека некаде до крајот на летото може да се постигне колективен имунитет имајќи ги предвид сите количини вакцини кои треба да пристигнат во нашата земја, вели министерот за здравство Венко Филипче во неделното интервју на РСЕ. Сите вакцини се безбедни и нема потреба граѓаните да преферираат една наспроти друга вакцина, вели министерот. Целото интервју тука
Остатоците од најголемата кинеска ракета паднаа денеска во Индискиот Океан, а повеќето од нејзините компоненти беа уништени при влегувањето во атмосферата на Земјата, јавија кинеските државни медиуми. Делови од ракетата „Лонг Марч 5Б“ влегоа во атмосферата во 10.24 часот по локално време. „Местото на падот е во Индискиот океан, југозападно од Индија и Шри Ланка“, соопшти кинеската агенција за вселенски летови. Во соопштението се додава дека „повеќето остатоци од ракетата изгореа во атмосферата.
Денеска се навршуваат шест години од оружената престрелка во кумановско „Диво Насеље“ во која загинаа осум припадници на безбедносните сили. Куманово се сеќава на 9 и 10 мај 2015-та година. Жителите на населбата „Тоде Мендол“ или популарното „Диво насеље“, денеска веќе живеат нормален живот исполнет со предизвици предизвикани од пандемијата и тековните животни радости и проблеми. Во уличката каде се водеа борбите остана да сведочи една куќа која сè уште има вдлабнатини од куршумите. Останатите куќи веднаш по настанатите, беа реконструирани. – Соживот имаше и пред и по настаните од „Диво Насеље“. Одевме на свадби, семејни веселби, ќе продолжиме да одиме…
Северна Македонија оствари голем напредок во реформите и го исполни сето она што Европската Унија го бараше. Признание за успешниот реформски прогрес доаѓа од речиси сите членки на ЕУ, кои се залагаат и повикуваат да се одржи првата меѓувладина конференција, уште во рамките и на португалското претседателство со Советот на ЕУ што завршува на 1 јули. С Македонија очекува од Брисел потврда на европските вредности и Унијата да го испорача ветеното, а тоа е одржување на првата меѓувладина конференција со државава, која 16 години е кандидат за членство во ЕУ. Сепак, поради билатералното прашање што го наметна Бугарија, повикувајќи се…
За европската перспектива и бугарското вето, но и грчката поддршка, за Договорот од Преспа, како и за односите со поранешниот и актуелниот премиер на Грција, говори претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев во неделното издание на грчкиот весник „Катимерини“, во интервјуто под наслов „Заедно за Балкан на 21-от век“, јави дописничката на МИА од Атина. Премиерот Заев објаснува дека и покрај позитивните извештаи од Европската Комисија и покрај Договорот за добрососедство со Бугарија, сепак поради ветото од Софија, Северна Македонија не ги започна преговорите со ЕУ. -Во 21 век да ја одредуваш историјата на друга нација не е…
Денот на Европа 9 Мај и оваа втора година по ред се одбележува во екот на пандемијата на Ковид-19. Поради рестрикциите, во Брисел и годинава нема да бидат отворени вратите за прослава на Денот на Европа, но нема да изостанат многубројните онлајн активности, меѓу кои и онлајн дебати со амбасадорите на Европската Унија. Денот на Европа во државава денеска ќе се одбележи со многубројни активности, меѓу кои Квиз на знаење, Марш на Водно, панел дискусија… Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров ќе ја посетат канцеларијата на Еко…