Author: Нова ТВ

И Петар Богојески демантираше преку Фејсбук дека има бугарски пасош и го обвини министерот Красимир Каракачанов дека не може да ги напушти болшевичките методи. „Петар Богопјески нема бугарски пасош! Краси другарчо,знам дека ти лично не си во можност да го напуштиш болшевичкото поведение и божидаризмот чиј перјаник си, но веќе ја преминуваш црвената линија! >Со овие удбашки методи на црнење на моето име ништо нема да постигнеш, напротив уште повеќе ме мотивираш да ве направам турска туршија или да ве растурам како бугарска скупштина! Со лага не бидуваш ага! Прво започна со лаги дека сум бил твој кадар во Македонија…

Read More

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги демантира „лагите кои Красимир Каракачанов ги објавува на својот фејсбук профил“. Ниту еден од посочените функционери на ВМРО-ДПМНЕ нема бугарски пасош, што само покажува дека неговата денешна објава е класична лажна вест, реагираа денеска од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, откако бугарскиот вицепремиер на својот официјален фејсбук профил објави 20-ина имиња за кои вели дека „се многу интересни имиња на луѓе од Македонија кои, според него, имаат бугарски пасоши“. „Деновиве ги ископав веб-страниците на бугарските општини и доволно е да се погледне објавениот список на избирачи за да се најдат многу интересни имиња, сите луѓе од Македонија,…

Read More

Над 120.000 граѓани на Република Северна Македонија во својство на бугарски граѓани ќе имаат право на глас на претстојните парламентарни избори. Избирачките списоци, во кои се запишани сите бугарски граѓани, се информации од јавен карактер и секоја бугарска општина е обврзана со закон да ги рекламира, физички и преку Интернет, сите оние кои имаат право на глас – живеат на нејзина територија, пишува на својот Фејсбук профил лидерот на ВМРО, Красимир Каракачанов. „Деновиве „копав“ по веб-страниците на бугарските општини и доволно е да се погледне објавениот список на избирачи за да се најдат многу интересни имиња, сите луѓе од Македонија,…

Read More

Претставници на институции од Битола, здруженија на граѓани и поединци, вчера и денес, со повеќе манифестации потсетуваат на кобното утро од 11 март 1943 година кога 3.276 битолски Евреи беа депортирани од градот. Масовното населување на Евреите во Битола датира од 1497 година според православниот, односно 5257 година според еврејскиот календар и е резултат на масовното иселување на Евреите од Пиринејскиот Полуостров, со протерувањата од Шпанија, а подоцна и од Португалија. Шпанските и португалските Евреи, познати како Сефардски Евреи, населувајќи се во Битола, како и насекаде во светот живееле свој посебен живот, прилагодувајќи ги своите народни и духовни потреби на…

Read More

Ако нема употреба на фингерпринт ќе размислуваме за бојкот на изборите, а ако не се усвои законот за државјанство – ќе ги блокираме сите закони што ќе стигнуваат во Собранието, најавува лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, во разговор за Дојче Веле. Алтернатива и нејзиниот коалициски партнер Алијанса за Албанците во јануари ја промовираа националната платформа „shtetesia.mk” (државјанство), преку која сите граѓани, без разлика на етничката припадност, ќе можат да го претстават нивниот проблем за добивање државјанство. Претходно, двете коалициски партии до Собранието поднесоа предлог-закон за државјанство, кој, според нив, треба да ги подобри процедурите поврзани со тоа прашање, односно да…

Read More

Владата на Словенија ги продолжи повеќето рестриктивни мерки за уште една недела на редовниот состанок на кој се разгледува епидемиолошката состојба во земјата. „Моменталната епидемилошка ситуација во земјата бара нова, временски ограничена објава на епидемија на целата територија на Словенија“, соопшти Владата, пренесе СТА. Единствена мерка која властите ја ублажија е отворањето на градилиштата од 15 март, а градежните работници можат да се вратат на работа без претходно тестирање. Градежните работници можат да работат на градилишта, но не и во приватни куќи. Градежните компанииинаку, порано апелираа до Владата да дозволи работа на отворено.

Read More

Денеска ја одбележуваме 78-годишнината од депортацијата на нашите сограѓани, македонските Евреи, во нацистичките логори на смртта. Оваа трагедија е длабоко врежана во колективната меморија на македонските граѓани и ги испиша едни од најмрачните страници во историјата, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук. -Со сеќавањето на жртвите од овој ужасен злочин со кој 7.144 македонски Евреи беа погубени во логорот „Треблинка“, и кога им оддаваме помен и на останатите шест милиони невини еврејски мажи, жени и деца, се соочуваме со последиците на ова ѕверство и жалиме за сите семејства кои беа погубени, жалиме за роднините, жалиме за соседите, жалиме за…

Read More

Околу 200 илјади граѓани во земјава имаат некоја форма на бубрежно заболување, а на дијализа одат 1.600 пациенти во 23-те центри низ државата. Дијализата е најчесто застапениот метод во земјава за третирање на крајниот стадиум на бубрежната болест кога двата бубрега повеќе не можат да ја извршуваат функцијата. Пациентите поминуваат од 4 до 5 часа за да им се прочисти крвта од сите отрови и вишок вода во организмот. Секој втор четврток во март се одбележува Светскиот ден на бубрегот во повеќе од 200 држави ширум светот. Годинава, поради пандемијата, Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“ ги откажа сите традиционални…

Read More

Ако „јазот“ меѓу судските пресуди од една страна и очекувањата на жртвите од друга и натаму се проширува, никогаш нема да имаме катарзични години кога правдата и сатисфакцијата ќе можат да го отворат патот кон помирување.

Read More

Централниот одбор  на СДСМ донесе одлука на 16 мај да се одржи 26-тиот Конгрес на партијата. Од таму посочуваат дека Извршниот одбор дополнително ќе утврди дневен ред, време, место и начин на одржување на Конгресот во услови на пандемија. Претходно, односно на 21 март, ќе се одржат внатрепартиските избори. „Централниот одбор го усвои Извештајот поднесен од генералниот секретар Љупчо Николовски, за спроведена постапка за ажурирање на членовите и активна регистрација. Заедничка оценка е дека процесот на ажурирање се спроведе успешно. СДСМ брои над 80.000 членови, социјалдемократското семејство е доволно големо, силно и обединето. СДСМ е прва во промените, се менува…

Read More

Власта воведува полициски час и ограничува движење а за само 20-тина дена ќе пушти илјадници попишувачи да одат по домовите на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата истакнуваат дека Зоран Заев не го интересира ниту здравјето, ниту животот на луѓето. -Заев го интересира само политичка корист, а во овој смисол остварување на политичкиот договор. Организирање на попис во услови на разгорена пандемија ќе резултира со илјадници нови заразени и стотина мртви. Заев пушта невакцинирани попишувачи и со тоа се заканува да го направи најголемиот корона кластер до сега. Попис во сред пандемија е сигурен начин како цела држава да заболи…

Read More

Со дигитализацијата и имплементирање на системот на е-даноци, нема да има општини во кои ќе има човечки фактор и ќе зависи од тоа дали има одделение, дали имаат ресурси, сакаат или не сакаат да ги испорачуваат решенијата и да го собираат данокот. По усвојувањето на Планот за борба против корупцијата, го детектиравме ова прашање и енергијата ќе биде насочена кон елиминирање како системски проблем или слабост, изјави вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски, одговарајќи на новинарско прашање за ненапланетот данок на имот во Арачиново. Николовски, нагласи дека, за процесот веќе имаа поддршка и од Заедницата на единици на локална…

Read More