Author: Нова ТВ

Нов спор изби меѓу Велика Британија и ЕУ откако претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел изнесе тврдење дека Велика Британија го забранила целиот извоз на вакцини против Ковид-19, а Владата во Лондон одлучно демантира, пренесува Би-Би-Си. Би-Би-Си наведува дека британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб изјавил дека тврдењата на највисокиот функционер на ЕУ се погрешни и дека никогаш немало целосна забрана за извоз на вакцини произведени на нејзино тло. – Владата на Велика Британија не го блокираше извозот на ниту една вакцина против Ковид-19 или компоненти на вакцината. Секоја индикација за забрана за извоз од Велика Британија или какво…

Read More

Само 328 лица од Македонија се пријавиле да гласаат на парламентраните избори во Бугарија што ќе се одржат на 4 април, пишува бугарскиот весник „Сега“. Рокот за пријавување на бугарските државјани од странство, кои сакаат да учествуваат на парламентарните избори во Бугарија, истече синоќа во 23 часот.Според податоците на бугарската Централна изборна комисија, вкупно се пријавиле 87.216 лица кои ќе можат да гласаат во амбасадите и конзулатите на Бугарија во странство. Најмногу пријавени има во Турција, па во Велика Британија и Германија. Многу повеќе лица се пријавиле за гласање од Шпанија, Италија и Грција, отколку што се пријавиле од нашата…

Read More

Вицепремиерот на Владата на Црна Гора, Дритон Абазовиќ по средбата со заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, изрази благодарност за соработката со С.Македонија и го честиташе успехот во многуте сфери на нашата земја. „Новата Влада на Црна Гора оствари најголема билатерална соработка со С.Македонија и нашите две земји имаат братски однос. Токму вашиот министер за внатрешни работи беше првиот кој оствари официјална средба во нашата Влада. Ние сакаме со вас да градиме најдобри можни односи и да бидеме пример во регионот. Заедно да настапуваме на европската патека, а фокусот треба да го насочиме кон подобриот…

Read More

Балканските земји мора да ја развиваат конкурентноста, а не конкуренцијата. Регионалната конкурентност е клучот кој ја отвора вратата за земјите од Западен Балкан, порачаа денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и потпретседателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ. На билатералниот состанок во Скопје, Битиќи и Абазовиќ ги разгледале можностите за продлабочување на економската соработка, но и го отвориле прашањето за создавање т.н. зелен коридор за туристите во претстојната сеозна кој ќе овозможи нивно непречено патување. Заеднички бил и заклучокот дека двете земји мора да се фокусираат на владеење на правото, како и на борбата против корупцијата и организираниот…

Read More

„Немаме се уште легализација и декриминализација на канабисот, но отворивме јавна дебата за тоа. Кај нас се работи медикал канабис, односно канабис за медицинска употреба. Имаме издадено 60 лиценци, тоа значи 60 компании веќе произведуваат канабис за медицински потреби и помал дел се извезува. Нам ни е целта да имаме европски сертификати и целото производство што се произведува, покрај за домашни потреби во медицината, да оди и во светот. Светот се повеќе и повеќе го користи медицинскиот канабис и тоа за болести кои се секојдневние. Имаме еклатантни експертски, медицински примери, како се лечи мултиплекс склероза, како се помага во епилепсијата,…

Read More

Секојдневно имаме огромен број на луѓе кои од ДУИ преминуваат во Алијансата. Мислам дека во владејачката СДСМ има комплекс на нестабилност. Зошто инаку би се пребројувале? Одредени политички сигнали има, не е само БЕСА која што избега од мнозинството како пратеничка група, тука се ЛДП, Павле Трајанов. Тие бегаат од таму како да ќе се случи нешто. Слушаме и внатре во ДУИ што се случува, има огромно незадоволство и неслучајно нема кворум во парламентот. Мислам дека ќе имаме интересна и драматична политичка пролет, оцени за Утрински брифинг градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари. -Точно е тоа дека подолг период нема стабилно…

Read More

Во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје денеска почнува вакцинацијата против Ковид-19 со вакцината „Спутник V“. Во поликлиниката Букурешт, пак, почнува ревакцинацијата со вакцината на „Фајзер“. Вакциналните пунктови и во двете поликлиники ќе работат во две смени, од 8 часот наутро до 20 часот навечер, од понеделник заклучно со сабота. -Поради проширувањето на ковид капацитетите и актуелната состојба, вакцинацијата продолжува со здравствените работници кои се под висок ризик за добивање ковид инфекција, од сите институции во државата, соопшти Министерството за здравство.

Read More

Сеопфатен план со јасни задачи и рокови за сите институции во системот во насока на обезбедување фокус и отчетност на реформските чекори за 2021 година, а со цел европеизација на општеството, треба да донесе „Агендата Европа дома“. На презентацијата на документот на прес-конференција во Владата, премиерот Зоран Заев вчера истакна дека во  „Агенда Европа дома“ се преточени принципите и заложбите поставени како приоритет во владината Акција 21. Преку тоа граѓаните ќе добијат подобри услуги и подобар живот и уште еднаш да докажеме дека Северна Македонија го заслужува местото  во ЕУ и дека природно припаѓа во европското семејство на народи. Акцентот…

Read More

На предлог на Комисијата за заразни болеси со цел да се спречи натамошен пораст на бројките на заболени и хоспитализирани од КОВИД-19 Владата одлучи од денеска до 22 март биде воведен полициски час што ќе трае од 22 часот вечерта до 05 часот наутро, а движењето во време на ограничувањето ќе биде можно само со дозволи. Дозволите за движење во време на полициски час што минатата година ги издаде Министерството за информатичко општество и администрација ќе важат и за време на ограниченото движење на граѓаните од утре до 22 март. На оние кои ги изгубиле дозволите МИОА ќе им преиздаде…

Read More

Верувам дека Балканот веќе не е темпирана бомба, туку станува европски Балкан каде што се градат мостови на пријателство и се наоѓаат решенија преку дијалог и соработка. Убеден сум дека дури и оние решенија кои сè уште не се пронајдени, ќе се најдат со дијалог, изјави премиерот Зоран Заев во синоќешното интервју за телевизија Н1. Прашан за идејата за обединување на Косово и Албанија, тој смета дека не е добра, и оти заедничката иднина на сите земји од регионот е во ЕУ. – Европа без граници, Европа каде што луѓето работат, соработуваат и комуницираат едни со други. Убеден сум дека овие…

Read More

„На почеток на пандемијата никој не можеше да каже дека ова ќе трае цела година, а еве сега, и после година, уште не знаеме каде е крајот. Многу работи не ни беа познати, и нам и на светот, но сега знаеме повеќе. Прво, се научивме каде да дејствувавме, како да ја санираме економијата, како да го заштитиме јавното здравје.. Нема поважно од здравјето. Второ, многу луѓе поминале низ вирусот, иако имаме над 100 илјади официјални, сепак бројката на заразени е пет пати поголема. Многу млади ја поминале болеста без симптоми. Веќе има многу луѓе со антитела. Вакцинирањето на здравствените работници…

Read More

Ваквите постапки се во спротивност на основните принципи и вредности на НАТО Алијансата во која и двете држави се рамноправни членки, стои во реакцијата од кабинетот на претседателот Пендаровски, откако бугарскиот премиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов на социјалните мрежи објави честитка за 8. март со карта на голема Бугарија. „Претседателот Пендаровски, во однос на ваквите изјави кои доаѓаат од Софија секогаш укажувал дека претставуваат отворено кршење на Договорот за добрососедство и ја поткопуваат довербата меѓу двете земји и народи. Ваквите постапки се во спротивност на основните принципи и вредности на НАТО Алијансата во која и двете држави се…

Read More