Author: Нова ТВ

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање рече дека останува на ставот за широка Влада, но лидерот на Мицкоски тоа не може да се реализира. „Јас останувам на ставот за широка Влада, но со Мицкоски оваа работа не бива.Пораката е до сите. Примери ни се германскиот и швајцарскиот модел. Ние треба да се сплотиме, треба да ја департизираме администрацијата, клиентелизмот исто така да го отстраниме кој е присутен и во администрацијата и во правосудството. Испратив порака да се направи максимум за нашиот народ, целта е искрена и доблест е да се сподели честа, со која можеме да…

Read More

Секретаријатот за европски прашања ги мапираше проблемите од извештаите со цел да се  унапреди  системот на институциитеи. Изготвивме план со приоритети и цели, конкретни активности и рокови за нивно исполнување, изјави денеска заменик-претседателот на Владата Никола Димитров. -Агендата „Европа дома“ ќе биде патоказ кој ќе треба да ги следат сите надлежни институции и да спроведат  реформски чекори. Создадовме план заедно со надлежни министерства за вистински да ги поместиме нештата. Целта на овој документ е целосно комплетирање и мапирање на клучните чекори заедно со притисокот за остварување на нивните зададените задачи, изјави Димитров.

Read More

Владата донесе одлука да се воведе полициски час, потврдија за МИА од владината прес-служба. Одлуката е донесена на предлог на Комисијата за заразни болести поради зголемениот број на новозаболени и хоспитализирани лица од Ковид -19. Комисијата за заразни болести предложи полицискиот час да важи од 22 часот навечер до 5 часот наутро во период од две недели, колку еден епидемиолошки циклус. Мислење на Комисијата е дека оваа рестриктивна мерка ќе даде резултати. Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека анализите на Комисијата покажале дека поради непочитување на мерките се очекуваат нови случаи на заразени, но и зголемен број на…

Read More

Во рамки на денешната прес конференција на која беше презентиран планот „Агенда- Европа дома“, премиерот Зоран Заев посочи кои ќе бидат клучните вредности врз кои тој документ се темели, а истакна и дека целта е оддржување на прва меѓувладина конференција за почеток на пристапните преговори со ЕУ. „Денес го усвоивме планот за агендата „Еврпа дома“. Станува збор за институциите. Тука се преточени приоритетите од акција 21. Ова е исто така своевиден роковник, за обврските кои ќе помогнат да се унапредат системот и институциите. Документот е подготвен, со заедничките тела на С.Македонија и ЕУ, како и препораките на Европската комисија. За…

Read More

Под наслов „Како словенечкото претседателство може да ја оживее политиката ЕУ-Западен Балкан?“, Европската иницијатива за стабилност (невладина организација често финансирана од ЕУ) повторно излезе со идејата на земјите-кандидати од регионот да им се понуди пристап до заедничкиот пазар како брза компензација за неизвесното членство. Иницијативата ја заснова на искуството на Финска, Шведска и Австрија кои преку Заедничкиот европски пазар станаа побргу членки на Унијата. Во предлогот стои: „ЕУ има силен политички и економски поттик да и понуди на секоја заинтересирана западнобалканска нација шанса да се приклучи на нејзиниот единствен пазар како привремена цел во реформираниот процес на пристапување во ЕУ…

Read More

Од Хелсиншкиот комитет бараат институциите да поткренат постапки против насилниците од толпата, како и полициските службеници што ги пречекориле овластувањата и поттикнувачите на меѓуетничка омраза. Од комитетот направија и кратка хронологија на настаните во врска со случајот „Монструм“ од 2012 година, па се до 2020 година. Оттаму велат дека судската постапка во врска со петкратното убиство извршено на 12-ти Април 2012 година во околината на Смилковското езеро, случај во јавноста познат под кодното име „Монструм“, ја бранува домашната јавност повеќе од осум години. „За сиот овој период, судските одлуки, кои се носат од страна на Основниот и Апелациониот кривичен суд –…

Read More

Во средните стручни училишта ќе се објавуваат конкурси за запишување според потребите на компаните, најави денеска министерката за образование и наука Мила Царовска на последната дебата од карванот за модернизација и унапредување на средното стручно образование, којашто се одржа во Општина Илинден. „Со оваа последна средба од карванот „Учи паметно, работи стручно“ ја затвораме целата дискусија и преминуваме кон подготовка на конкурс за запишување во средните стручни училишта, којшто за прв пат се прави на овој начин и кој ќе биде објавен на 31 март“, рече Царовска. „Навистина се значајни овие средби кои изминатиов месец и половина ги работиме заедно…

Read More

Полицискиот час од 22.00 до 05.00 часот како непопуларна мерка се воведува како резултат на групирањата и домашните веселби, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. -Денеска ќе се разговара за тоа на седница на Влада. Сепак, морам да нагласам дека каква и да биде одлуката, граѓаните мораат да ја почитуваат. Бидејќи истите тие кои сега се жалат што ќе се ограничи движењето, ќе негодуваат и кога ќе продолжи да расте бројот на заразени.Дали кога ќе седиме во кафани, во ресторани, во групирања, правење на домашни веселби, не размислуваме дека секој од нас е потенцијална опасност за пренос на вирусот…

Read More

Министерот за здравство Венко Филипче најави зголемување за пет отсто на платите за сите вработени во јавно-здравствените установи. Во денешното гостување во емисијата „Утрински брифинг“, Филипче истакна дека покачувањето ќе биде и за медицинскиот, и за немедицинскиот пероснал вработен во здравствените установи. -Тоа што денес треба да го утврдиме со Синдикатот е зголемувањето на платите за 5% на сите коишто се вработени во здравствениот сектор. Покачување на платите ќе има и за здравствени работници, и нездравствени работници и тоа треба да започне од месец март. Покачувањето е од овој месец односно на мартовската плата којашто се исплаќа во месец април,…

Read More

Состојбата во училиштата е стабилна, со физичко активно присуство според последниот случај има некаде 35 ученици и околу 60 наставници што е многу помалку од крајот на првото полугодие и сите протоколи се спроведуваат, вели министерката за образование и наука, Мила Царовска. Царовска вели дека засега не се размислува за нови мерки за училиштата со оглед дека има раст на заболените со ковид-19.Состојбата, како што уверува таа, е стабилна. „Немаме интерно ширење на болеста, стабилно е, засега не се размислува за поинакви мерки во училиштата“, изјави Царовска.

Read More

Во текот на вчерашниот ден, Изет Меџити на својот фејсбук профил го сподели писмото кое го адресирал до претседателот на Собранието, Талат Џафери, а преку кое се повлекува од функцијата координатор на пратеничката група на ДУИ во законодавниот дом. По тој повод, денес првиот вицепремиер во Владата и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби посочи дека таа одлука е негова и дека ја респектира. „На последниот состанок се согласивме да ги поддржуваме политиките на ДУИ. После таа средба, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, рече дека сите прашања се решени и немам што да додадам по таа…

Read More

Во своето гостување во „Утрински брифинг“, министерот за здравство Венко Филипче посочи зошто се размислува за полициски час и колкава е процентната застапеност на британскиот сој на Ковид 19 во земјава. Во однос на одлагање на пописот со оглед на актуелната епидемиолошка состојба, Филипче вели: „Засега остануваме на овие рестрикции кои ги предложивме и остануваме будно да ја следиме ситуацијата. Во однос на пописот, и оние протоколи кои Комисијата за заразни болести ги одобри по предлогот на ДЗС, значи дека истиот ќе може безбедно да се спроведе, но ќе останеме да ја следиме состојбата. Доколку увидиме дека има потреба, не…

Read More