Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Монструм“: Хелсиншки комитет бара постапки за насилниците и полициските службеници

0
By Нова ТВ on March 9, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 9, 2021 13:05

Од Хелсиншкиот комитет бараат институциите да поткренат постапки против насилниците од толпата, како и полициските службеници што ги пречекориле овластувањата и поттикнувачите на меѓуетничка омраза.

Од комитетот направија и кратка хронологија на настаните во врска со случајот „Монструм“ од 2012 година, па се до 2020 година.

Оттаму велат дека судската постапка во врска со петкратното убиство извршено на 12-ти Април 2012 година во околината на Смилковското езеро, случај во јавноста познат под кодното име „Монструм“, ја бранува домашната јавност повеќе од осум години.

„За сиот овој период, судските одлуки, кои се носат од страна на Основниот и Апелациониот кривичен суд – не поминуваат без насилство и говор на омраза, кој се истура на улиците и социјалните мрежи“, посочуваат од Комитетот.

Оттаму нагласуваат дека првиот насилен протест на незадоволни граѓани од пресудата на Основниот кривичен суд Скопје се случи на 4-ти Јули 2014 година, односно четири дена по објавувањето на првата пресуда на 30-ти Јуни 2014 година.

„Тогаш со повреди се здобија дваесетина полицајци и беа приведени шест демонстранти. За време на протестот, во опасност беа доведени животите на мирните учесници на протестот и случајните минувачи. На 14-ти Декември 2015 година, Апелациониот суд Скопје ја потврди првостепената пресуда и изречените доживотни затворски казни. По објавувањето на оваа пресуда, повторно беше закажан и одржан насилен протест. Воедно, иако имаше подоцнежни протести, кои беа релативно помирни, сепак насилните протести се враќаат на сцена по секоја донесена судска одлука, практика што го става на тест не само судството, туку и целокупното македонско општество“, истакнуваат од институцијата.

Од Хелсиншкиот комитет посочуваат дека од 2015 година, циркулират шпекулации дека невини луѓе се на прогон, по што постапката се повторува од почеток.

„Обвинетите преку нивните бранители имаа можност за изнесување нови факти и докази, при што сите процесни дејствија им стоеја на располагање. Сепак, имајќи го предвид образложението на последната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје, одбраната не истакнала нови факти и нови докази, а повторното изведување на доказите, реконструкцијата на настаните и другото, не укажале на поинаква фактичка состојба од веќе утврдената“, велат оттаму.

„На 23 Февруари 2021 година, Основниот кривичен суд Скопје во повторената постапка за случајот „Монструм“ ја објави својата пресуда, според која за тројца обвинети изречени се доживотни затворски казни, за двајца обвинeти изречени се затворски казни од 15 и 9 години затвор, додека еден обвинет е ослободен од вина, заклучуваат од комитетот.

Сепак, оттаму потенцираат дека насилните протести продолжуваат и во 2021 година, а во својот извештај Комитетот ги сумира  најважните информации кои се појавија во телевизискиот и интернет просторот во врска со протестот одржан на 26 февруари 2021 година.

Од Хелсиншкиот комитет потенцираат дека полицијата ги задржала граѓаните и не им дозволила да се приближат до зградата на Кривичниот суд, односно групата била спречена да продолжи со маршот до зградата на Владата.

„Самото такво постапување на полицијата од страна на групата беше примено како забрана на нивното уставно право на протест. Од друга страна, аргументот на полицијата е дека се работи за безбедносна проценка протестот да биде задржан на потегот ТЦ Мавровка – Битпазар, заради тоа што во толпата имаше една исклучително насилна група, веројатно составена од навивачи и помлади учесници на протестот, кои носеа фантомки на главите и беа наоружани со камења и други тврди предмети во рацете“, велат оттаму.

Од Комитетот нагласуваат дека  до зовривање на страстите дошло поради пречекорување на законските овластувањата од страна на полицијата и поради злоупотреба на уставното право на протест од страна на дел од учесниците на протестот.

„Тоа може да се согледа од новинарските прилози и снимки од протестот, кои истиот ден беа пренесени од медиумите и споделувани по социјалните мрежи. Имено, од новинарските прилози, од една страна, забележливо е прекумерното насилство на малубројната, но исклучително насилна група учесници на протестот-провокатори, од чии дејствија исходот е 11 повредени полицајци, а од друга страна забележливо е прекумерното насилство и пречекорувањето на овластувањата на полицијата кон мирните учесници на протестот“, велат од институцијата.

Според Комитетот, тврдењата дека полицијата ги пречекорила своите овластувања, а дел од учесниците на протестот го злоупотребиле своето уставно право на протест, најдобро ги поткрепува фактот што двајца новинари беа нападнати на протестот, едниот од страна на непознати лица, дел од толпата, другиот од страна на полицијата.

„За нападнатиот новинар на „Слободен печат“, преку нивниот профил на Твитер, медиумот информираше дека бил нападнат од полициски службеник, при што насилно му бил одземен уредот за снимање и му ги избришале сите видеоматеријали. Сепак, видно од извадок од билтенот на дневни настани објавен на веб страната на МВР, забележан е единствено нападот на новинар од страна на непознати лица дел од толпата, што е и единствен евидентиран настан во врска со петочниот протест“, истакнуваат оттаму.

Сепак, од Комитетот посочуваат дека во јавноста имаше видливо присуство на говор на омраза и од свете засегнати страни, додавајќи дека преовладуваат закани со смрт кон одредени политички лидери, а особено кон специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи, како и повици за обединување по етничка линија за насилно решавање на односите со другата етничка група и слично.

Преку својот извештај, од Хелсиншкиот комитет укажуваат на неопходноста од брзо и професионално реагирање на институциите надлежни за истрага и санкционирање на прекршителите на законот.

Оттаму бараат Основното јавно обвинителство во координација со Министерството за внатрешни работи, да го пронајдат и приведат секој кој го прекршил законот, без разлика дали се работи за насилен учесник на протестот или активен профил на социјалните мрежи кој шири меѓуетничка омраза.

  • По комплетирање на доказите, против овие лица треба да се покренат обвиненија пред надлежните судови затоа што овие конкретни физички лица се вршители на насилствата и поттикнувачи на меѓуетничката омраза, а не целите етнички заедници.
  • Секторот за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи, треба да отвори интерни постапки за испитување на поведението на полициските службеници, кои, видно од снимките од протестот, ги пречекориле своите овластувања, затоа што кон мирните учесници на протестот употребиле непропорционална сила.
  • Потребно е испитување на поведението на полициските службеници кои ги спречиле присутните новинари на протестот слободно и објективно да информираат, имајќи го предвид фактот дека бил вршен притисок врз конкретни новинари да се избрише снимениот материјал.
  • Детално да се истражат сите напади на новинари и лица кои известувале за протестот без разлика од кого се нападнати, да се лоцираат извршителите и да се покренат обвиненија кон одговорните лица.
  • Сето ова е неопходно за да се пренесе пораката дека сите идни прекршувања на законите нема да поминат неказнето. Неказнивоста ги мотивира и дел од учесниците на протестот да се однесуваат како хулигани, но мотивира и дел од полициските службеници, од заштитници на јавниот ред и мир, да преминат во насилници што ги пречекоруваат законските надлежности.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.