Author: Нова ТВ

Во своето гостување во „Утрински брифинг“, министерот за здравство Венко Филипче посочи зошто се размислува за полициски час и колкава е процентната застапеност на британскиот сој на Ковид 19 во земјава. „Рестрикцијата е во интерес на заштита на јавното здравје. Ние поминавме добар период, каде немаше рестрикции за разлика од други земји, но обојпат е поголем бранот и ние мораме навремено да интервенираме. Целта е да се намали движењето по затворањето на угостителските објекти, бидејќи британскиот сој очигледно си го прави своето. Во овој момент кога не знаеме како ќе се одвива епидемијата, ние мораме да го заштитиме здравствениот сектор.…

Read More

Последните податоци од министерството за здравство покажуваат дека секојдневно се зголемува бројот на хоспитализирани.Британската мутација изминативе недели забрзано се шири во Скопје, Кавадарци, Неготино, Прилеп и во Охрид. -Инциденцата најмногу е зголемена во Скопје, Кавадарци, Неготино, Прилеп и во Охрид. Тоа се реперкуира на начин што има зголемен прилив на пациенти во болниците. Во Кавадарци е целосно исполнето Инфективното и дополнителните одделенија и почна да работи и модуларната болница. Исто е во Прилеп, а ние гледаме тука во Скопје има секојдневно се поголем број случаи кои бараат хоспитализација и затоа во функција се врати модуларната болница до Инфективната клиника и…

Read More

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Драги Рашковски, како генерален секретар на владата, набавил софтвер за следење на сообраќајни прекршоци за потребите на МВР, а МВР не знаат ниту дека истиот постои. -Рашковски фрлил народни пари, за систем кој 8 месеци не е во функција. Драги Рашковски потрошил државни пари за софтвер кој не само што не е приоритет во време на пандемија, туку истиот сега воопшто не е во функција. Драги Рашковски само за ова треба да лежи во затвор.Владата платила софтвер, за кој никој не знае дали воопшто некогаш ќе се користи. Драги Рашковски да каже, зошто го набавил софтверот, ако…

Read More

– Белгиската полиција рано утрово почна голема операција против организираниот криминал низ целата земја, објави белгиското федерално обвинителство. Околу 200 претреси во кои учествуваат повеќе од 1.200 полицајци беа организирани истовремено низ целата земја со 11,5 милиони жители, соопшти канцеларијата. Портпарол на обвинителството рече дека претресите почнале околу пет часот наутро. Локалната телевизија РТБФ јави дека претресите се вршат главно во областа Антверпен, а истражителите се насочени кон шверцери на дрога и мрежа со меѓународни врски. – Ова е една од најголемите операции некогаш организирани на белгиска територија во однос на бројот на инволвирани лица, изјави портпаролот на обвинителството. Со…

Read More

„Eurobarometer“ спроведе истражување меѓу граѓаните на ЕУ за тоа што тие сметаат дека е најважното прашање за иднината на Европа. Според истражувањето, граѓаните на 10 европски земји сметаат дека тоа е јавно здравство, додека пет земји (Чешка, Финска, Белгија, Холандија и Данска) сметаат дека тоа е образованието. Само за две земји – Хрватска и Унгарија, најважното прашање за иднината на ЕУ се платите, пренесе „Банкар.ме“. Од друга страна, претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, предупредува дека подготвеноста на ЕУ за нови пандемии мора да се зајакне. Инвеститорите минатата недела беа загрижени за обновениот раст на приходите на американските…

Read More

По долги и тешки преговори во јуни / јули 2015 година, политичките лидери во Северна Македонија го посредуваа договорот од Пржино и се согласија да ја надминат длабоката повеќегодишна политичка криза, што беше предизвикано од нелегалното прислушување на повеќе од 20.000 граѓани и грабежот од страна на режимот во износ од над 5 милијарди евра народни пари, а потоа организираа предвремени парламентарни избори во декември 2016 година по исполнувањето на специфичните предуслови. Изборните списоци беа „исчистени“ бидејќи вклучија „вишок“ од не помалку од 330.000 гласачи и беа воспоставени соодветни регулативи за медиумите. Поточно, наместо целосната медиумска хегемонија на ВМРО-ДПМНЕ и…

Read More

Можеме ли ние Македонците да застанеме заедно? – Граѓаните го бараат тоа, напиша вечерва на својот Фејсбук профил, премиерот Зоран Заев. – Тоа е дел од новата политика и јас верувам дека е можно власта и опозицијата да сработиме заедно и да постигнеме нови историски успеси, порача Заев.

Read More

Жените во Македонија се маргинализирани, учат да живеат како жртви, имаат оправдан страв дека ако пријават насилство, институциите нема да постапуваат. Осми март не е Ден на жените што се оствариле како родители, туку е ден на борбата на жената да си го најде своето место во општеството. Ова се само дел од работите на кои се осврнаа жените што денеска излегоа на Осмомартовски протест низ Скопје, за да побараат слобода, рамноправност, одговорност и институционална грижа за сите жени кои се маргинализирани, стигматизирани и се жртви на насилство. Петтиот Марш за женски права годинава се одржа под мотото „Држава што не постапува…

Read More

Премиерот, Зоран Заев попладнево информираше на својот фејсбук профил дека извозот на продукти од С.Македонија надвор бележи раст и тоа во услови на пандемија. Оттаму вели, дека продолжува поддршката за сите дејности, како и за извозните компании. „Во услови на пандемија во јануари годинава остваривме поголем извоз од јануари 2020 кога во светот сѐ уште не беа на сила рестриктивните мерки за ублажување на последиците од КОВИД-19. Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2021 година, изнесува 32,5 милијарди денари и бележи пораст од 15,5 % во однос…

Read More

Министерката за правда, Радмила Шекеринска денес по повод 8. Март, денот на жената, на својот фејсбук профил се огласи и посочи дека се уште не е готово, кога се во прашање правата на жената, а типичен пример за тоа како што вели, е случајот „Јавна соба“. „Честит Ден на жената. Се изборивме за многу права, но случајот “Јавна соба” покажува дека работата не ни е завршена. Ваквите случаи водат кон физичко насилство и мора да бидат пресечени во корен. Го повикувам Јавното обвинителство да го расчисти овој случај до крај. Пораката ја испраќам од Битола, заедно со градоначалничката и пратеничката…

Read More

Преку договорот од Преспа остваривме соработка со Грција во енергетиката со што стануваме земја којашто предничи во регионот по инвестиции во зелена енергија, напиша на неговиот ФБ профил премиерот Зоран Заев. – Нашата намера е да партиципираме со 10 проценти во гасниот терминал Александрополис којшто е вреден околу 400 милиони евра, со 25 проценти во гасната централа којашто е веднаш до гасниот терминал со капацитет од 630 до 830 MW, вредна преку 400 милиони евра, објави Заев на фејсбук. Посочува дека се отворени можности за унапредување на економските односи со Грција и во други области. Тоа се, подвлекува, перспективи за…

Read More