Author: Нова ТВ
Изет Меџити преку својот ФБ профил го извести претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери дека се повлекува од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ. Дозволете ми, како координатор на пратеничката група на Демократската унија за интеграција, напиша на неговиот ФБ профил Меџити, да изразам искрени честитки за вашата повеќе од конструктивна улога и вашата неприкосновена посветеност, што секогаш резултираше со ефикасност во работата на највисокото законодавно тело на РСМ и придонесе за дополнителни демократски вредности во домот на демократијата. – Инаку, таа, демократијата, секогаш не само што дозволува, туку и ја промовира и иницира дебатата, а…
Осумдесет проценти од сите камиони користеле Зелени коридори и речиси половина од милион камиони имале корист од приоритетниот премин и поедноставените процедури во 2020 година, што имаше влијание врз намалувањето на трговските трошоци. Ефикасноста на системот ги идентификуваше тесните грла и го покажа патот кон идни активности. Анализата покажа дека времето на чекање на трговците било приближно два пати пократко на премините во рамките на ЦЕФТА, отколку на граничните премини со ЕУ, соопштија денеска Секретаријатот на ЦЕФТА. Еден од најуспешните примери на регионална соработка, укажуваат оттаму, е воспоставувањето на Зелените коридори / ленти на почетокот на КОВИД-19 пандемијата со цел…
Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими заменик претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски. На средбата вицепремиерот Николовски го информираше претседателот Пендаровски за мерките од усвоениот План за борба против корупција. Претседателот Пендаровски го поздрави системот на мерки и изрази очекување дека истите ќе овозможат ефикасна превенција и борба со корупцијата. „Борбата против криминалот и корупцијата е од исклучително значење во процесот на евроинтеграцијата, во градење на правната држава и за стекнување на доверба на граѓаните во институциите. За да постигнеме резултати во овој процес неопходна е целосна транспарентност, соодветни…
Можностите за продлабочување на политичките и економските односи, билатералната соработка во сите сегменти од заеднички интерес, како и регионалните актуелни состојби и соработка, беа теми на денешната средба во Рим на шефот на дипломатијата Бујар Османи со неговиот италијански колега Луиџи ди Мајо. Како што соопшти МНР, фокусот на разговорите беше ставен и на европскиот кредибилитет во регионот, тесно поврзан и со кредибилитетот на самиот процес на проширување, усогласувањето на Преговарачката рамка за Северна Македонија и силната и активна поддршка на Италија за почеток на преговорите за нашата земја. Османи на средбата изјавил дека Италија во континуитет е меѓу топ…
Финансискиот систем успешно им одговори на минатогодишните предизвици од корона-кризата. Високите регулаторни барања во периодот пред појавата на корона-вирусот и минатогодишните регулаторни мерки придонесоа за натамошното одржување на неговата стабилност, како и за негова подготвеност за натамошни предизвици. Имајќи предвид дека здравствената криза сѐ уште трае, регулаторите и натаму со особена внимателност ќе ги следат состојбите, приспособувајќи ги своите мерки и пристап заради превентивно делување за натамошно јакнење на финансиската стабилност, а со тоа и на отпорноста на системот на шокови. Ова се дел од констатациите од денешната седница на Комитетот за финансиска стабилност, на којашто беа презентирани првичните видувања и податоци за…
Сите општини во земјава заедно, просечно годишно наплатуваат по 1,3 милијарди денари, односно 21 милион евра за данок на имот од граѓаните и од фирмите. Просечната годишна наплата на овој данок се движи околу 81 процент, стои во извештајот на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). Значително поголем дел од данокот на имот се прибира од граѓаните, 70 %, додека од правните лица, односно од фирмите се прибираат останатите 30 %. И успешноста во наплатата е поголема кај граѓаните и изнесува 85 %, а кај фирмите се наплатува по 78 % од пресметаниот данок. Во анализираните три години, односно 2017, 2018 и…
Министерот за здравство Венко Филипче, денеска го образложи предлогот на Комисијата за заштита од заразни болести за воцедување ограничување на движењето по 22 часот, до 5 часот наутро во следните денови. Ако Владата утре го прифати предлогот на Комисијата, тоа ќе значи дека во следните две недели полицискиот час ќе почнува во 22 часот и ќе трае до 5 часот наутро, а ќе важи и за време на викендот. – Последните недели се зголемува инциденцата на епидемијата. Во Кавадарци целосно се исполнети болничките капацитети, па профункционира и модуларната болница. Исто е и во Прилеп. Ние тука во Скопје гледаме дека…
Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши во својата анализа за БГНЕС вели дека Бугарија направила грешка што ја блокирала Македонија во евроинтеграциите. Според него пристапот на Бугарија е сосема погрешен за добрососедските односи и дека требало да дозволи проблемите да се решаваат во наредните пет-шест години со текот на интегрирањето на Македонија во ЕУ. „Хоризонталната оска на Балканот е многу важна за Алтернатива. Сметаме дека е од стратешки интерес за нашата земја да ги поврзе Црно и Јадранско море, да се развиваат економски, културни и какви било други односи меѓу нашите земји, и да не дозволуваме да се развиваат односите на вертикалната оска,…
Министерстeрот за здравство Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести денеска на Главниот координативен кризен штаб предложи воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава. Комисијата дополнително ќе се произнесе од кој ден да почне полицискиот час и до кога да трае истиот, соопшти Министерството за здравство. Министерот образложи дека овој предлогот на Комисијата е поради тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање. Анализите на Комисијата утврдиле дека поради непочитување…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев упати честитка по повод Меѓународниот ден на жената, 8 Март. Во продолжение Ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Заев во целост: „Избирам да предизвикам да ја менуваме културата на третманот кој жените го имаат во нашето општество. Се придружувам во повикот Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба”, кој претставува кривично дело во кое огромен број жени се жртви на родово засновано насилство. Немаме повеќе ни минута за губење. Жртвите мора да бидат заштитени. Како премиер, ги повикувам и владините надлежни институции да ги забрзаат измените во…
Целта на Законот за родова еднаквост е унапредување на родовата еднаквост, преку воспоставување на видливост, зајакнување на улогата на жените во секоја сфера на општественото живеење, како во јавниот, политичкиот и приватниот живот, рамноправен пристап до ресурси и еднакво учество во донесување на одлуки во сите сфери на општествено живеење, нешто што во досегашната пракса не е целосно воспоставено, истакна членката на Комисијата за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на вчерашната онлајн трибина “На чекор до нов Закон и нови механизми за родова еднаквост”. Таа потенцираше дека новиот предлог Закон за родова еднаквост и Законот за мобинг, се две…
Првата пратка од руската вакцина „Спутник В“ вчера пристигна во земјава. Пристигнати се 3000 дози, а вкупно нарачани се 200 илјади. Надлежните уверуваат дека вакцините се безбедни и ќе обезбедат континуитет на процесот на имунизација. Први кои ќе се вакцинираат, согласно националниот план, се граѓани со хронични болести и луѓето сместени во старачките домови. За начинот како ќе се одвива вакцинацијата, министерот за здравство Венко Филипче вчера при приемот на пратката објасни дека сите ќе бидат известени преку своите матични лекари и повикани на пунктовите кои ќе им бидат најблиску, додека во делот на старечките домови, вакцинирањето ќе се спроведе…