Author: Нова ТВ

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски кој деновиве излезе со предлог план за решавање на спорот со Бугарија, којшто власта не го прифати, вели дека тој не е ништо друго освен Македонец. Одговарајќи на прашање како ќе се определи на претстојниот попис во емисијата „Стадион“ на Канал 77, Георгиевски вели дека и тука и во Бугарија кажал дека тој не може да се определи како ништо друго освен како Македонец. -Јас тоа секаде сум го кажувал, дури и во Бугарија а последен пат токму на нивното радио Фокус, пред три дена ми го поставија истото прашање. И ним и на…

Read More

Владата најави дека оваа година ќе биде антокорупциска и дека влегува во бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот на сите нивоа и токму поради. Минатата недела го презентираше и Планот за борба против корупцијата кој меѓу другото предвидува борба против корупцијата во Владата но и на, како што најавија, демонтирање на режимските остатоци од поранешната влада. После најавата на Антикорупцискиот план и изгласаната доверба на Владата во Парламентот, премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ и понуди заедничко дејствување. Вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски за МИА рече дека со режимското владеење од 11…

Read More

Лидерот на ЛДП, Горан Милевски се огласи по повод најавата за можна широка влада која ја најави премиерот Зоран Заев. „Ако си се сакаат нека си се земат – ЛДП на таква свадба нема да присуствува“, напиша Милевски на Фејсбук. Прениерот Зоран Заев вчера ја фрла ракавица на опозициската ВМРО ДПМНЕ за соработка и голема влада , откако во интервју за Слободен печат посочи дека народот е поделен но и вели мора и од другата страна да има соработка. „Нудиме соработка од секој можен аспект. Се што треба да направиме, да направиме, но дефинитивно мора да имате човек од другата…

Read More

Во тек е изградбата на Поликлиниката во Општина Сарај, која ќе биде дел од Здравствениот дом во Скопје. Според министерот за здравство Венко Филипче, оваа амбуланта ќе служи на близу 45 илјади жители од овој регион кои во овој момент немаат ниту една поликлиника во близина. Филипче денеска изврши увид во градежните работи на Поликлиниката, и изјави дека ова е дел од една голема инвестиција, посебно во делот на примарното здравство во градот Скопје. -Оваа амбуланта треба да биде дел од здравствениот дом Скопје и да служи на навистина голем број на жители кои што живеат во овој регион, тоа…

Read More

Денеска ги видовме со сета своја немоќ како на отворена сцена се обидуваат византиски убедени од своите лакеи (поранешни високи функционери на опозицијата) како се препелкаат нудејќи поделба на власта ама јас да не сум бил дел од неа бидејќи со мене немало договор, не сум бил добар соговорник. И тука да прв пат се согласувам со Зоран Заев, јас немам концесија и не должам никому ништо, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил по изјавата на премиерот Зоран Заев дека сака да отвори дебата за заедничка власт на Владата со опозицијата. Тој нагласува дека единствено му…

Read More

Во интервјуто за Слободен печат Зоран Заев аргументирајќи ја идејата за заедничка влада со опозицијата изрази надеж дека неговиот сон може да стане реалност доколку за тоа постои политича волја од сите страни. „И јас треба да си ја подготвам партијата, но сепак ја фрлам ракавицата сите заедно да одработиме. Да го здружиме народот, да ги смириме духовите, да ја департизираме администрацијата и да го отстраниме клиентелизмот. Да ја средиме државата и да направиме квантен скок напред. Тое е целта на политиката и моја цел. Ајде заедно да се обидеме. -Можеби сонувам, не знам, ама верувам. Има доверба во мојата…

Read More

Поранешниот министер за здравство Никола Тодоров се обрати до членството на ВМРО-ДПМНЕ и повика на обединување. „ Почитувани граѓани, почитувани членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, Македонското национално ткиво се распаѓа. Поделбата помеѓу македонците е предлабока и преопасна. Ако вака продолжиме ќе се самоуништиме. Од друга страна по нашето членство во НАТО, доколку сме паметни, ни се отвора можност следните 5-6 години да бидат т.н.златни години за државата. После денешниот предлог од лидерот на СДСМ и актуелен претседател на Владата, јасно е дека Мицкоски не само што е пречка за обединување на ВМРО, туку е пречка и за обединување на Македонскиот…

Read More

Папата Францискo, како дел од неговата прва посета на Ирак, денеска оствари средба со големиот ајатолах Али Систани, врховен верски водач на шиитите, кај кого апелираше на важноста од одржлив соживот во земјата опустошена од насилство и секташки конфликти Средбата на папата Францискo и Систани во светиот град Наџаф, за време на оваа многу ризична турнеја на папата во Ирак, претставува прва и историска средба на папа и највисок шиитски духовен водач. Државната телевизија Ехбарија го покажа големиот конвој на папата како се движи низ Наџаф, додека децата стоеја покрај патот веејќи со ирачки и ватикански знамиња, пренесуваат британските медиуми.…

Read More

ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара за експертска Влада фоколку ја предводи човек којшто би бил заеднички прифатлив, натпартиска личност што може да ја води државата напред до локалните избори, а потоа да се организираат предвремени парламентарни и локални избори. Ова го посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ во партиска реакција на изјава на Стефан Васев од СДСМ, а по изнесениот став на премиерот Зоран Заев дека сака да отвори дебата за заедничка власт на Владата со опозицијата.- -Очигледно е дека Васев не е запознаен со последната изјава на неговиот шеф. Го советуваме Васев да прочита по медиумите што неговиот шеф Зоран Заев бара.…

Read More

Во интервју за Слободен печат премиерот Зоран Заев за прв пат ја отвора можноста за формирање Влада на Национален спас во која би влегла и опозицијата. „Нудиме соработка од секој можен аспект. Се што треба да направиме, да направиме, но дефинитивно мора да имате човек од другата страна, за да разговарате. Прв пат го кажувам ова, сакам да отворам дебата за заедничка власт и Влада со опозицијата. Ама да има човек со кого може да се разговара, со господинот Мицковски не се разговара. Или, ако кај нив има разумен човек, а кај нас нема нека го тргнат и Заев само…

Read More

Премиерот Зоран Заев ги поздравува Насоките за професионално известување во онлајн медиумите што ги изработи Советот за етика во медиумите поддржан од ОБСЕ. -Владата, додава, ги охрабрува медиумските работници во достигнување на највисоките стандарди во нивната професија и ќе го задржи приоритетот да создава услови за нивно остварување.Ги поздравувам Насоките за професионално известување во онлајн медиумите што ги изработи Советот за етика во медиумите поддржан од ОБСЕ. Подигнувањето на професионалните стандарди во онлајн медиумите е многу значајно во ера на лажни вести и затоа сметам дека само на таков начин ќе се заштити и медиумската публика и граѓаните. Очекувам овој…

Read More