Author: Нова ТВ

Министерот за здравство Венко Филипче потврди дека утре на скопскиот аеродром во 14 часот ќе пристигнат првите дози од вакцината Sputnik V. -Ги добивме сите потребни документи од руската компанија за да се спреми административната процедура во агенцијата за лекови. Многу веројатно е вакцинацијата да започне во среда, изјави Филипче. За почеток вакцинацијата со Спутник ќе биде наменета за 3.000 граѓани, по што се очекува да пристигнат дополнителните дози за ревакцинација.

Read More

Од бескаматната кредитна линија со грант компонента „КОВИД 3”, која се реализира со финансиска поддршка од ЕУ преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата, заклучно со вчера, 5 март, се исплатени 23,5 милиони евра за 2.053 корисници кои ги исполниле условите од јавниот повик или 96,7 отсто од корисниците на кои им се одобрени кредитните барања за оваа линија. Како што соопшти Развојната банка на Северна Македонија, досега се одобрени вкупно 2.122 кредитни барања на вкупен износ од 24,3 милиони евра. Овие микро и мали трговски друштва, трговци-поединци и занаетчии имаат вкупно 16.009 вработени. Според структурата, 1.172 кредитни барања се од…

Read More

Повеќе од јасно е дека владата на СДСМ и Зоран Заев не работат ништо за доброто на граѓаните и државата. Единствено нешто за кое се способни е само да ја задолжуваат државата. За само два дена Заев ја задолжи Македонија за 850 милиони евра, се вели во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. -Заев издаде еврообврзница од 700 милиони евра, за која треба да плати камати од 80 милиони, и на домашниот пазар се задолжи за 70 милиони, вкупно 850 милиони. Нема поминато една година од пандемијата, а Македонија е задолжена за над 1 милијарда и 150 милиони евра нов долг. Ова…

Read More

Тибетанскиот духовен лидер, Далај Лама, (85), денеска во болница во северниот индиски град Дармџала, ја прими првата доза од вакцината против коронавирус, јавија американските медиуми. По приемот на вакцината Далај Лама ги повика сите луѓе да се охрабрат и да се пријават за  имунизација. Болницата каде што беше вакциниран Далај Лама денеска потврди дека се имунизирани уште десет лица кои живеат во неговата резиденција и сите ја примиле вакцината на Универзитетот во Оксфорд и британската „АстраЗенека“, произведена од Индискиот институт „Серум“, пренесоа американските медиуми.

Read More

Северна Македонија е ценет пријател и сојузник и очекувам да ја продлабочиме нашата соработка во следните години. Честитки за претстојната годишнина од приемот во НАТО. Соединетите Држави високо го ценат придонесот на Северна Македонија во мисиите на НАТО во Авганистан, Ирак и Косово, вели секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин во писмото што го испрати до министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Остин во писмото се заблагодарува на честитката за неговото именување на функцијата секретар за одбрана. Оддавајќи признание за нашето плодно 28-годишно партнерство со Националната гарда на Вермонт, секретарот за одбрана Остин го поздрави потпишувањето на Меморандумот за соработка…

Read More

Согласно најавите коишто ги имаме денеска во разговорите со претставници и на Руската амбасада и на компанијата, најавата е дека руската вакцина Спутник ќе стигнат во недела со специјален транспорт, преку компанијата ДХЛ секако во соодветно пакување, ладен ланец, запазување на тие температури. Ова е вакцина која што за разлика од Фајзеровата се чува на температура од – 18 до -20 степени, за што нашата инфраструктура е спремна. По преземањето ќе се смести во нашите фрижидери, ќе се организира процесот на вакцинацијата во пунктовите во Здравствениот дом во Скопје. Ова вечерва го изјави министерот за здравство Венко Филипче во Дневникот…

Read More

Инвеститорите имаа поголема доверба во нашата економија и нејзината перспектива и постигнавме историски најниска каматна стапка од 1,625%, посочи министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување во емисијата „Топ тема”. – Успеавме да постигнеме историски најниска каматна стапка од 1,625% за осмата еврообврзница, неколкукратно пониска во однос на претходно издадените обврзници од земјава, но и пониска од многу земји кои имаат и повисок кредитен рејтинг од земјава. Така на пример, минатата недела Хрватска издаде две еврообврзници од по милијарда евра, од кои едната со каматна стапка од 1,75% додека другата од 1,125%. Понатаму минатата недела и Србија излезе на меѓународниот…

Read More

Економијата на Северна Македонија, според степенот на економски слободи, е најдобра во регионот, се вели во извештајот за 2021 година на „Херитиџ“ фондацијата. Според индексот на почитуваната американска фондација, нашата економијае на 46-то место во светот. Од земјите во регионот, Словенија е 48-ма, и Србија е 54-та, Косово е на 58-ма позиција, Хрватска е на 79-то место,додека БиХ се најлоши според економските слободи и се на 82 место. Резултатот за економски слободи на Северна Македонија е 68,6, што е доволно економијата да се рангира на 46-то место на листата за 2021 година. Вкупниот резултат е намален за 0,9 поени, пред се,…

Read More

На прашање на МИА за изјавите на бугарскиот претседател пред пописот во Северна Македонија, од Европската Комисија бараат сите страни да се однесуваат конструктивно и да не го политизираат процесот, јави дописничката на МИА од Брисел. Македонската влада и македонскиот претседател обвинија за неоправдани притисоци од страна на иницијативата на бугарскиот претседател Румен Радев да свика состанок на безбедносните служби за наводно непочитување на правото на самоопределување на Бугарите во Северна Македонија непосредно пред пописот. Од Европската Комисија ја охрабруваат Северна Македонија да го спроведе пописот во согласност со сите европски стандарди и регулативи, вели за МИА портпаролката Ана Писонеро.…

Read More

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека СДСМ ќе даде поддршка на предлогот на помалите политички партии за избор на пратеници во една изборна единица, што, како што нагласи е и нивно изборно ветување, бидејќи тоа, според него, значи унапредување на демократијата и давање шанса на помалите партии за рамноправност. – Ние сме за една изборна единица. Уште еднаш напоменувам тоа е унапредување на демократијата и давање шанса на помалите партии, особено, посебно што во државата покрај помали политички партии, имаме и политички партии со етнички признак. Така што тоа дава поголема шанса за поголема застапеност во самиот Парламент, рече Заев. Со ова, нагласи…

Read More

Во рамки на Меѓународниот ден на енергетска ефикасноста, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, изрази задоволство од реконструкцијата на армиските објекти и посочи дека министерството е одлучно да даде најголем придонес во намалувањето на загадувањето. Сите реновирања на армиските објекти ги вршиме со посебно внимание за зголемување на енергетската ефикасност. Реконструкциите на објектите на командата на SEEBRIG во Куманово, објектите на ренџерите и гардата во касарната Илинден ги работевме со издвоени 20% од цената за чинење наменети за енергетска ефикасност. На истиот начин ќе ги реновираме и објектите на воената полиција во Илинден и уште два објекти во касарната во Штип.…

Read More