Author: Нова ТВ
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ја повика опозицијата да не ги кочи законите во Собранието кои значат поддршка за компаниите и за граѓаните. Побара од пратениците што поскоро да го усвојат Законот за задолжување во Светска банка за реализација на проекти за енергетска ефикасност, кој што неколку месеци е блокиран од страна на опозицијата во Собранието. „Сакам да ги повикам сите пратеници да го усвојат заемот од Светска банка кој што е пратен до Собранието каде што ќе овозможи да се имплементираат проекти од страна на здравствените установи кои се многу важни од страна на општините, но истовремено таму…
По повод 75-годишнината од формирањето на Здружението на новинарите на Македонија, денеска беа доделени годишните новинарски награди на ЗНМ. Наградата „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело е доделена на новинарот Александар Чомовски долгогодишен, реномиран новинар кој моментално е дел од Утрински Брифинг. Тој со својата професионална работа во изминатите пет децении се вбројува како дел од врвните новинарски и уреднички имиња во македонските медиуми, со промоција на демократските вредности и негување и почит на новинарските стандарди, го одбележа медиумскиот простор на свој оригинален творечки начин. Наградата „Јашар Еребара“ за годишно истражувачко новинарство ја поделија новинарите Христина Ѓорѓиевска за сторијата „Заробените…
Пописот доби поддршка и до сите верски заедници во земјава. МПЦ, ИВЗ, како и Католичката црква давоа поддршка на статистичката операција, а тоа ќе го направат со повик до верниците, во земјава и во дијаспората, масовно да се попишат. Ова е резултат по средбата која верските лидери ја имаа со министерот за надворешни работи Бујар Османи, според кој активностите на верските лидери во однос на повиците и поддршката за попишување ќе почне уште денес. „И поглаварот на МПЦ и на Исламската заедница и на Католичката црква дека уште денес ќе ги информираат своите претставништва во светот да искомуницираат на различни…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан повика денеска на создавање нов сојуз на десничарски европски партии, откако неговиот Фидес ја напушти Европската народна партија (ЕПП), најголемата политичка група во Европскиот парламент. „Сега задачата е да се изгради крило на европската демократска десница без ЕПП“, напиша Орбан на својот Фејсбук профил и додаде дека „ЕПП конечно стана додаток на европската левица“, пренесе Хина. Спорот меѓу раководството на ЕПП и Фидес трае со години поради несогласувања за низа прашања. Политиката на Орбан, вклучително и мерките против барателите на азил и законите против невладините организации, го спротивставија со неговите колеги од ЕПП, како и со…
Министерството за надворешни работи во ниту еден момент не кажа дека Љубомир Фрчкоски е кандидат за амбасадор, изјави шефот на дипломатијата Бујар Османи во синоќешното гостување на ТВ21. – Во ниту еден момент ние не сме кажале дека е кандидат или дека е отфрлен или прифатен, затоа што процедурите на кандидатури на амбасадор, односно амбасадори, се до потврдување на агреманот се во дискреција и се класифицирани податоци, истакна Османи. Тој потенцира дека информациите оти Фрчкоски е кандидат за амбасадорска функција биле изнесени во медиумите, додавајќи дека одредена кандидатура за назначување на амбасадор не треба да се земе како официјална вест…
Целосно се води истрага во рамки на Јавното обвинителство, сите активности што сме задолжени да ги спроведеме, да прибавиме докази итн, ги пријавуваме и ги доставуваме до Јавното обивнителство, изјави денеска министерот за вантрешни работи Оливер Спасовски во врска со случајот на Сашо Мијалков. – Кога ќе има законска можност да бидат споделени со јавноста овие детали, сигурно дека тоа ќе биде направено, одговори на новинарско прашање до каде е постапката со Мијалков, министерот Спасовски, кој утрово е во посета на Секторот за внатрешни работи Куманово и на увид во градежните активности на објектот.
Месецов во земјава ќе пристигнат вакцините од „Фајзер“, со што според министерот за здравство Венко Филипче, ќе започне и имунизацијата на населението против коронавирусот. Најавата за стартот на имунизацијата доаѓа во услови кога минатата недела во земјава се бележи раст на бројот на новозаразени лица со Ковид-19 за 56,4 отсто и кога капацитетот на Инфективната клиника е исполнет, поради што во функција повторно се става модуларната болница во Клиничкиот центар. Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека првите вакцини од „Фајзер“, според договорот со компанијата, треба да стигнат во земјава во првиот квартал од годинава, односно до крајот на март. Преку…
Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент ги усвои извештаите за напредокот на Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ, информира европратеникот и известувач за земјава Илхан Ќучук. Во изјава на Бугарското национално радио (БНР), Ќучук нагласи дека документите биле усвоени откако попладнево бил постигнат компромис околу Извештајот за земјава. Според Ќучук, во Извештајот за земјава била усогласена компромисна формулација дека „добрососедските односи се важен дел од преговарачкиот процес, дека Договорот со Бугарија мора целосно да се спроведе и дека тој игра клучна улога во регионалната соработка“. Европскиот парламент треба да се изјасни за извештаите за Северна Македонија и…
Под слоганот „Тука живеам, одлучувам, постојам“ почнува кампањата за пописот во државава, што го спроведува Државниот завод за статистика, а ќе ги опфати сите заедници во државата. Во меѓу време, продолжува онлајн самопопишувањето на нашинците од странство преку соодветната апликација, на која до вчера до 8 часот се попишале 22.253 лица. Кампањата „Тука живеам, одлучувам, постојам“ е креирана и спроведена од Агенцијата за остварување на правата на заедниците во земјава, со финансиска поддршка од Европска Унија. Директорот на Агенцијата, Еран Куртиш посочи дека сите етнички заедници се важни и придонесуваат за социо-економскиот, културниот, правниот како и политичкиот раст на земјата,…
По усвојувањето на Концепцијата за основно образование на седница на Владата во вторникот, следна фаза е да се изработат наставни програми за прво и за четврто одделение во кои од наредната учебна 2021/2022 година треба да почне нејзината постепена имплементација. Министерката за образование и наука Мила Царовска пред десетина дена соопшти дека МОН наскоро ќе објави повици (огласи) за подготовка на наставните програми на кои ќе може да аплицираат автори и експерти кои, како што рече, сакаат да придонесат во градењето ново, современо македонско образование. Вчера таа ги повика сите наставници и професори да се вклучат во подготвувањето квалитетни програми согласно со…
Охрид мора да биде приоритет и стратешка цел на сите и да постои консензус, без оглед кој е на власт, смета министерката за култура Ирена Стефоска, според која ќе биде поразително за неа ако во нејзиниот мандат и како охриѓанка по потекло, Охрид и Охридскиот Регион бидат ставени на Листата на наследство во опасност на УНЕСКО. Но, од друга страна, ќе го прифати тоа за доброто на Охрид имајќи предвид, како што рече, дека не сме способни сами да го заштитиме ова единствено културно и природно светско наследство на УНЕСКО. – Но, ставањето на Листата во опасност нас не нè…
Државата преку своите пакет-мерки се обидува тешко заболената туристичка гранка да ја одржува во живот на респиратори. Овие мерки во принцип се поздравени од туристичкиот еснаф, меѓутоа повеќето туристички работници ги оценуваат како недоволни за сериозен опстанок на дејноста