Author: Нова ТВ
Илјада страници со 45.752 имиња содржи документацијата за најнаселениот дел во Бугарија, објави денеска бугарската агенција БГНЕС. „Сите овие илјадници странци ја имаат истата адреса – улицата Леге 6 во главниот град, каде се наоѓа администрацијата на областа Средец“, потврдил за агенцијата, градоначалникот на регионот, Трајчо Трајков, при што се наведува дека најголемиот дел од нив се Македонци. „Според законот, сите лица кои добиле бугарско државјанство, а живеат во странство, добиваат постојана адреса во зградата на администрацијата на реонот“, објаснува градоначалникот на „Средец“, Трајчо Трајков. Тој додава дека во изминатиот период бројот на „станарите“ достигнал до 82.000. „Често гледам луѓе…
Националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозовски, заедно со Јасмина Ѓоргиева, координаторката на Секторот за дисеминација и односи со јавноста во Државниот завод за статистика (ДЗС) денеска остварија средба со претставници на повеќе етнички заедници во Северна Македонија на која разговараа и се информираа за претстојниот Попис како најобемна статистичка операција, чии податоци ќе помогнат за креирање на политики важни на национално и глобално ниво. На средбата, на која присуствуваа претставници на заедницата на Египќаните, Црногорците, Ерменците, Русите, Унгарците и Словенците во нашата земја, се отворија повеќе прашања во врска со процесот на…
Дел од средствата од петтиот пакет мерки веќе се операционализирани. Од 160 милиони евра се платени концесиите на 120 медиуми во земјава, еден дел се ослободени, а на друг дел им се вратени и парите, вели премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање, кога парите од петтиот пакет на мерки ќе се искористат во стопанството, а конкретно во текстилната индустрија, во која лани без работа остана речиси 6.800 работници. Премиерот Заев истакна дека еден дел од мерките се пуштени во Собранието и се чека на гласање од страна на пратениците. -Одлуките на Владата на седница во вторник се донесоа еден…
Шефот на германската дипломатија Хајко Маас денеска изјави дека Германија ќе работи на постигнување договор за пасош за вакцинација што ќе биде прифатлив и за соседите на ЕУ, вклучувајќи го и Западен Балкан. -Постојат различни мислења за пасошот за вакцинација, што може да им даде одреден легитимитет на вакцинираните. Ќе се обидеме да дадеме одредена понуда што може да биде прифатлива и за нашите соседи и земјите од Западен Балкан, со што ќе се отвори дополнителна шанса се да се врати во нормала. Неопходно е да се вакцинираат повеќе луѓе и вакцината да биде потврдена со некаков легитимитет, објасни Маас…
Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент ќе гласа за измените и дополнувањата на извештаите за Северна Македонија и Албанија. Дадени се 280 предлози од европратениците за документот за Северна Македонија, изјави за „Хоризонт“ известувачот на оваа тема, Илхан Ќучук, цитиран од БНР. „Работев на нив многу интензивно веќе една година и ја набљудувам земјата веќе 2 години, направив се што е можно за да ги земем предвид сите гледишта, но да не ја изгубам јасната насока на извештајот“, тој рече. „Добрососедските односи се важен дел од спроведувањето на договорот. Договорот мора да биде исполнет, довербата мора да се врати. Но,…
Заев не си купи мирно владеење, туку броени денови на Владата, која е на стаклени нозе, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Дојче веле. „Тука морам да сум искрен – не сум ниту изненаден ниту неспокоен. Тие византиски игри и сплеткарања многу бргу ќе му се вратат како бумеранг. Јас можам да кажам граѓаните да бидат спокојни. Гласањето доверба на еден шверцерски начин, без дебата, само потврдува дека Заев не е сигурен во своето мнозинство, но и тоа дека нема ништо од најавите за негово зголемување. Тоа што ја користи состојбата на мојата изолација поради заразата со ковид,…
Првите вакцини од Фајзер стигнуваат во првиот квартал односно до крајот на март, според договорот со компанијата. Преку сите постојни механизми, направено е се што е неопходно и договорени се вкупни количини до 2,5 милиони вакцини, изјави денеска премиерот Зоран Заев кој присуствуваше на почетокот на изградбта на далекуводот Штип – Овче Поле. -Договорот од Фајзер стигна, во првиот квартал, тоа значи дека до крајот од март ќе ги добиеме првите 21.000 вакцини. Веќе имаме во вториот квартал поголеми количини. Не се работи за несериозност, заради тоа што единствена причини е недосттатокот на производство во делот на количини на вакцини…
„Тука живеам, одлучувам, постојам“ е слоганот со кој почнува кампањата за пописот во државава, што го спроведува Државниот завод за статистика, а ќе ги опфати сите заедници во државата. Кампањата е креирана и спроведена од Агенцијата за остварување на правата на заедниците во земјава, со финансиска поддршка од Европска Унија. Директорот на Агенцијата, Еран Куртиш посочува дека сите етнички заедници се важни и придонесуваат за социо-економскиот, културниот, правниот како и политичкиот раст на Република Северна Македонија. Затоа, како што појаснува, важно е на пописот да покажеме дека ние тука живееме, одлучуваме, постоиме. Според Агенцијата најважно е на овој попис малубројните…
Премиерот Зоран Заев денеска од Штип порача дека со довербата за неговата Влада што ја доби вчера во Собранието, расте и неговата одговорност да се одблокира Парламентот, по законски основи, по пат на Деловник и по пат на разговори. -Голема чест е што добив доверба, навистина првпат премиер ја користи деловничката алатка од членот 217 став 2, и сам да побара доверба. Јас сум среќен, сум благодарен за поддршката од мнозинството во Парламентот заради тоа што тоа е основа за да продолжиме да работиме. Пред се сум благодарен што сета оваа неизвесност ја тргнавме од граѓаните. Долг период, три-четири, ако…
Почнаа дискусиите за олеснување на критериумите за аплицирање и исплата на финансиска поддршка за производствените компании. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за економија, Крешник Бектеши, директорите на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот и на Дирекцијата за технолошко индустриските развојни зони, Дејан Павлески и Јован Деспотовски синоќа, заедно со членовите на работната група, одржаа состанок за измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестиции. Со овој Закон се уредуваат видовите, висината, условите, начинот и постапката за доделување финансиска поддршка на инвестициите на деловните субјекти кои ќе инвестираат во Република Северна Македонијa и претставува шема…
Претходната недела (од 22 до 28 февруари) регистрирани се 3.628 нови случаи на ковид-19, што е зголемување за дури 56,4 проценти во споредба со една недела претходно, покажува извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Новите случаи се регистрирани од направени 20.161 тестирања. Процентот на позитивни, покажува извештајот, се движел од 12 до 21,7 отсто или просечно 17,9 проценти. Новите случаи се регистрирани во 32 различни града, а според возрасна група најмногу биле над 60 години – 25,1%. Голем број заболени се регистрирани и во возрасните групи од 30 до 39 години (18,4%), 40-49 години (18,2%), 50-59 (16,9%) и 20-29…
Европски фонд за Балканот бара итно решение за хроничниот проблем со загадувањето на воздухот што ги гуши земјите од западен Балкан. – Кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“ ги повикува граѓаните на земјите од западен Балкан да се приклучат на нашата борба и заедно да го подобриме квалитетот на воздухот, истовремено справувајќи се со неплодноста и подобрувајќи го здравјето на децата, се вели во соопштението од Европскиот фонд за Балканот. Исклучувањето на јагленот од производството на електрична енергија, според нив, е најбитната мерка за подобрување на квалитетот на воздухот. – Замена на апаратите за греење и готвење во домаќинствата со…