Author: Нова ТВ
Пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива денеска реагираше дека прашалникот за попишување на дијаспората не е во согласност со членот 34 од Законот за попис во врска со употребата на јазикот. АА и Алтернатива нема да го поддржи законот за поништување на Законот за попис, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ. -Прашалникот е во спротивност со член 34 од Законот за попис во врска со употребата на јазиците. Член 34 став 1 вели дека апликацијата е изготвена на седум различни јазици и попишувањето се врши со јазикот кое го бира лицето кое се попишува. Имаме документ каде прашањата се на албански…
Пратеничката група на СДСМ смета дека денеска поднесениот Предлог закон за поништување на Законот за попис, по итна постапка од страна на ВМРО-ДПМНЕ, претставува обид за политичка манипулација и дека тоа не може да влијае на процесот на попишување. Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска во изјава за медиумите рече дека пописот е во тек и оти Државниот завод за статистика и другите институции ги спроведуваат своите активности. – Законот за попис кои денеска го поднесоа колегите е само уште еден обид за манипулација. На секој правник кој го чита и Уставот и Деловникот на Собранието, му е јасно дека немаше…
Апостол Симовски, директорот на Заводот за статистика, денеска рече дека Бугарија, но и други земји претходно барале формулари за поединци за да видат како се изјаснувале на одреден попис, но вели дека такви податоци не смеат да се даваат. – Никој не може да добие формулар како се изјаснил, тие податоци не смеат да се даваат јавно и тоа важи за сите земји во светот. Не е само Бугарија, и други го барале тоа од нас, за да им доставиме како се изјасниле во пописот, но никој не добил ниту пак ние имаме право да даваме ваков податок, рече денеска…
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието го поднесе законот за престанување на важењето на законот за попис со што бараат да се прекине статистичката операција. – Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, поттикнати од огромната поддршка од граѓаните, но и од нашата борба против ваков фингиран попис. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ апелира до сите пратеници, без разлика на која политичка партија и коалиција припаѓаат и без разлика на етничка и национална припадност, да го поддржат овој Предлог закон – рече Иванка Василевска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Остануваме на интегрираниот модел на педагогија затоа што тој во светски размери дава резултати, но и во пилот училиштата и во нашата држава и во приватните и во јавните исто така дава одлични резултати. Сметам дека на тој начин ќе постигнеме преминување од фактографско учење кон учење со разбирање и проблемско надминување на прашањата. Ова денеска го изјави министерката за образование Мила Царовска, откако Владата на вчерашната седница даде целосна поддршка и ја усвои Концепцијата за основно образование, за која, како што соопшти, во нејзина подготовка беа вклучени сите засегнати страни, се слушнаа и се прифатија стручни мислења од експерти,…
Како грешка во чекори го означи министерката за одбрана Радмила Шекеринска состанокот на бугарскиот претседател Румен Радев со шефовите на безбедносните служби, за како што наведоа од неговиот кабинет, нарушување на правото на самоопределување на Бугарите во Северна Македонија. Министерската за одбрана денеска рече дека Северна Македонија е можеби најдобар пример во регионот во однос на рамноправноста на граѓаните и почитување на различностите. -Не сум чула за каков било пример или епизода во историјата кога разузнавачите работеле позитивно и корисно за развивање на човековите права и мислам дека станува збор за грешка во чекори. Република Северна Македонија е држава, која…
Специјалниот претставник на македонската Влада за Бугарија, Владо Бучковски со доза на оптимизам верува дека ќе се реши проблемот со нашиот сосед Бугарија, објави Дојче веле. „Јас по природа сум оптимист, и верувам дека до крајот на мојот мандат, (декември оваа година – н.з.) ќе најдеме решение за отворените прашања. Се наоѓаме во фаза на предизборие во Бугарија, затоа се обидуваме да бидеме претпазливи. Мојата главна преокупација во последните неколку недели е соработката во медиумската сфера, универзитетите, културата“, вели Бучковски.
Сакаме да го растеретиме малце господинот Груби. Се нафатил да изиграва улога на претседател во ДУИ. Имајќи предвид дека касно е дојден му треба време да се прилагоди на тоа и не може сите работи одеднаш да ги врши
Земјотрес од 6,9 степени ја затресе околината на Лариса. Епицентарот се уште не се знае, но земјотресот беше со таква сила што се почувствува и во Скопје. Според првите информации тој е регистриран на 121 километри од Солун. M4.0 #earthquake (#σεισμός) strikes 17 km W of #Lárisa (#Greece) 15 min ago. Effects reported by eyewitnesses: pic.twitter.com/YbLVHmHfJ6 — EMSC (@LastQuake) March 3, 2021
Владата денеска упати апел до државјаните на Република Северна Македонија кои живеат во странство да земат активно учество на Пописот на населението, домаќинствата и становите, што започна на 1 март и ќе трае до 21 април. Портпаролот на Владата Муамет Хоџа на денешната прес-конференција посочи дека пописот на 1 март започна и за затворениците, вработените во ДКП-та и војниците што се на мисии во странство. Хоџа информираше и дека на предлог на Комисијата за заразни болести, Владата на вчерашната 50. седница го усвои Протоколот за превентивни мерки при спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021 година кој ќе…
Стратегијата е многу важен документ дотолку повеќе што со новиот Закон за спречување на корупуција и судир на интереси е дадено посебно значење на стратегијата и тоа усвојување од страна на Собранието, со тоа Националната стратегија добива на тежина и станува повеќе прифатлива за сите чинители во општеството. Она што го презема Владата како акционен план и мерки е во насока на подобрување на капацитетите на институциите кои треба да бидат чинители да ја спроведат во дело Националната стратегија, изјави претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска. -Борбата против корупцијата е многу тешка и голема борба во која треба да се вклучат…
Генералната оценка на најновиот извештај на Фридом Хаус е дека владата на повторно избраниот премиер Зоран Заев направила пресврт во однос на повеќе годишното претходно уназадување на демократијата, и дека сериозно прашање за државата е тоа што ЕУ не го одржа ветеното дека земјата ќе го започне процесот на преговори на крајот од 2020 година. Во извештајот на Фридом Хаус „Слободата во светот“, годинашната оценка за државата е 66 од можни сто поени, што е за три поени напредок од лани. Фридом Хаус се повикува на позитивните оценки на ЕУ за реформите во правосудството, и дека е потребно да продолжи…