Author: Нова ТВ

Граѓанските здруженија треба веднаш да ги контактираат пописните органи и да си побараат соодветна графа во пописот, пишува на својот Фејсбук профил шефот на дипломатијата, Бујар Османи по реакциите на правата на бугарската заедница во земјава. -Република Северна Македонија има исклучително успешен модел на мултиетничко општество. Покрај колективните права на поголемите заедници, постојат функционални механизми за заштита и на помалите етнички заедници. Во ова смисла никој не смее да ги загрозува правата на бугарската заедница во земјава, и нивната посебност; напротив, граѓанските организации треба да бидат охрабрени да соработуваат со властите и да бидат внесени во сите механизми за остварување…

Read More

Целта на администрацијата на САД е да го прекинат дијалогот меѓу Косово и Србија со договор за заемно признавање, изјави Метју Палмер, висок американски дипломат одговорен за Западен Балкан. Во заедничкото интервју за КТВ со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак, тој рече дека САД силно го поддржуваат тој процес. – Не сум склон да одредувам краен рок за дијалогот. Но, ние апсолутно ја споделуваме целта на нашите партнери од Европската унија да го придвижат процесот напред, и пред сè, да биде постигнат брз напредок, рече Палмер. Тој истакна дека САД би сакале да…

Read More

По идентификацијата на британската и јужноафриканската мутација на коронавирусот,  во Словенија е потврдена и нигериската мутација, јави синоќа приватната телевизија ПОП ТВ. Досега се откриени седум случаи на најновата мутација, а ги откри лабораторијата на Универзитетскиот медицински центар Љубљана, пренесуваат словенечките медиуми. Досега достапните податоци покажуваат дека нигериската мутација веројатно нема да предизвика потешка форма на Ковид-19. Јужноафриканската мутација во Словенија е потврдена на 9 февруари кај 54-годишен маж, што укажува на тоа дека инфекцијата на докторот од Марибор не била како што се верувало. Министерот за здравство Јанез Поклокар на вчерашната прес-конференција рече дека минатата недела се потврдени 62 случаи на британската мутација и еден случај на јужноафриканската, додавајќи дека тој не знае ништо за…

Read More

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека САД направија непријателски, антируски чекор, откако веднаш одлучија да воведат нови санкции кон Русија, откако тоа го направи и Европската унија. – Апсурдот триумфира кога како повод за воведување санкции се прогласи намерно приредена провокација со наводно труење на Навални со некои воени хемикалии. Сето ова е само причина да продолжат со отворено мешање во нашите внатрешни работи. Ние немаме намера да се помириме со тоа, посочи Захарова. Таа изјави дека Москва ќе одговори на новите антируски санкции на Вашингтон врз основа на принципот на реципроцитет, но додаде дека…

Read More

Во тек е реализација на петтиот пакет економски мерки во вредност од 160 милиони евра насочен кон спасување на работни места, поддршка за домашните компании и подобрување на ликвидноста на стопанството, велат од владејачката партија. Оттаму додаваат дека со мерките од овој пакет им се помага на самостојните вршители на дејност на регистрираните занаетчии. -На регистрираните занаетчии им се овозможува решенијата за аконтативно плаќање на персоналниот данок да им бидат намалени за 50% во 2021 година споредбено со решенијата од 2020 година. Преку мерката 6 од овој пакет обезбедуваме финансиска поткрепа за граѓаните преку продолжување на мерката за одложување на…

Read More

Владата најавува ново задолжување преку еврообврзница од 700 милиони евра, и тоа пред изборите со што се подгтовува за нов поткуп, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ од средата. Премеирот Зоран Заев со ова задолжување ќе го задолжи секој граѓанин со нови 22.000 денари, потенцираат од опозицијата. ПРедупредуваат дека, со најавеното задолжување, вкупниот долг ќе достигне седум милијарди евра, од кои речиси три милијарди евра се задолжени во последните четири години. „Владата вели дека кризата поминала, а од друга страна се задолжува без усул. Доколку економијата е стабилна и кризата е помината, тогаш зошто ќе зема ново 700 милиони евра,…

Read More

Суштински ми е важно да се надмине расколот со Македонската црква. Оваа тема останува отворена и верувам дека ќе се дојде до решение кое ќе биде во согласност со каноните, без мешање на политиката, изјави новиот патријарх на СПЦ Порфириј во интервју за РТС. Прашан за изјавата на митрополитот Преспанско-пелагониски Петар дадена неодамна за МИА дека очекува новиот српски патријарх да покаже повеќе разбирање за да биде решен статусот и МПЦ-ОА да добие автокефалност, Порфириј одговори дека „нема да има ни помалку ни повеќе разбирање од неговите претходници”, цитирајќи латинска поговорка: „нема да биде нова ствар, но може да биде…

Read More

Да летуваме таму и тогаш кога тоа можевме да го правиме без страв; или да се одмораме таму и тогаш кога тоа ќе биде возможно без страв. Да отпатуваме во нормалното, затоа што тоа никако не е Ова Сега.

Read More

На синоќешната седница Владата даде целосна поддршка и ја усвои Концепцијата за основно образование, која перидов што измина ја разбранува јавноста. Од Владата посочуваат дека во подготовката на документот биле вклучени сите засегнати страни, усвоени дел од стручните мислења, како и дека таа во фокусот ги става учениците и нивното право на квалитетно образование. „Концепцијата е во најдобар интерес на децата и во насока на создавање едуцирани и одговорни граѓани, воспитѕвани во духот на граѓанските и демократските вредности на општеството што е и основен постулат на Конвенцијата за правата на децата на ООН. Посебно место во Концептот на основно образование…

Read More

Државниот завод за статистика вчера еден ден по официјалниот почеток на пописот излезе со соопштение во кое напомена дека апликацијата за попишување, наменета за дијаспората е безбедна и дека до неа може да се пристапи само од ИП адреса во странство. ДСЗ нагласи и дека секое нарушување на процесот на прибирање на податоци е казниво со Законот за попис, а реакцијата следуваше откако во јавноста излегоа информации дека апликацијата за попишување на дијаспората е небезбедна. За безбедноста на апликацијата вчера говореше и премиерот Зоран Заев, а лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ со став дека оваа Влада е неспособна да спроведе попис…

Read More

Обемен антикорупциски план  најавија премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Љупчо Николовски. Велат дека планот е производ на политичка волја и дека со него треба да се демонтира корумпираниот систем наследен од претходната влада. Заев посочи дека Планот има за цел да спречува корупција на актуелната власт, но и да ги открива и демонтира коруптивните инсталации на режимското владеење пред нас. „Овие инсталации се продрени до најситните пори на институциите. Тие го попречуваат функционирањето на системот, вклучувајќи го и правосудството. Тогашното режимско владеење на сегашната опозиција го трошеше парите на народот за да се богатат тие и партијата. Тие ја одгледуваат…

Read More

Истражувачот од бугарската академија на науки д-р Миладина Монова, и професорот Љупчо Ристевски кој воедно е член на мешовитата комисија, во „Клик Плус“ на ТВ21, дебатираа за бугарско-македонските односи. Двајцата гости го коментираа потегот на претседателот Румен Радев за свикување на безбедносните служби и нивно испраќање во Северна Македонија. „Тешко е да се коментираат изјавите на политичарите. Тензијата е апслутно видлива, и не оди во прилог на градење на добрососедски односи, дури и во смисла на оцена кон нашата државата. Нема да ги подобри добрососедските односи, но треба да се гледа во конетекс на политиката во Бугарија, тие се во…

Read More