Author: Нова ТВ

Во пресрет на туристичката сезона во Црна Гора, се финализираат здравствените протоколи, а Владата донесе одлука да им обезбеди на странските туристи кои за време на престојот во земјата ќе се заразат со коронавирус, да се лекуваат на сметка на државата. Црногорскиот министер за економски развој Јаков Милатовиќ на прес-конференција рече дека здравствените протоколи следната недела ќе бидат дистрибуирани до туристичкиот сектор и амбасадите и ќе бидат на англиски и руски јазик. Министерката за здравство на Црна Гора Јелена Боровиниќ Бојовиќ, рече дека се обиделе да го поедностават протоколот и оти на туристите ќе им биде објаснето како да се однесуваат ако почувствуваат симптоми на Ковид-19 или се заразат со Ковид-19, пренесува „Вијести“. – Владата донесе одлука туристите…

Read More

„Незапирливи“ е мотото на годинашното одбележување на 8 Мај –  Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина и на Неделата на македонскиот Црвен крст (8-15 мај 2021) и произлегува од активностите на оваа хуманитарна организација во изминатата година во справувањето со последиците од глобалната пандемија.  – Слоганот на овој наш годинашен празник во голема мера се должи на напорите на нашето движење да одговориме на последиците од коронавирусот. Сè она што направија волонтерите и службата беше во функција да им се помогне на луѓето за подобро да се справат со пандемијата. Секој од нас игра важна улога во заедницата, таа да стане…

Read More

Со впишувањето на Охридско Езеро и Студенчишко Блато во Светска Рамсар листа, нашата држава, по Преспанското и Дојранското Езеро го доби третото и најголемо водно живеалиште од меѓународно значење, заведено под бр.2449. Подрачјето е прифатено согласно сите 9 критериуми на Рамсарска Конвенција и е со вкупна површина од 25 205 хектари. Со него ќе се управува од страна на трите општини: Охрид, Струга и Дебарца. Впишувањето на Охридско Езеро и Студенчишко Блато на Светска Рамсарската листа значи меѓународно признавање и препознавање на специфичниот и богатиот биодиверзитет и ендемичните и ретки видови како и присуство на голем број на живеалишта и…

Read More

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), ќе ги преземе сите механизми  кои и се на располагање, можеби ќе излезе и од своите законски надлежности пропишани во Законот за енергетика и нема да дозволи зголемување на цената на електрична енергија, вели претседателот на РКЕ Марко Бислимоски во интервју за МИА. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги го достави до Собранието годишниот извештај за работата за 2020 година. Што според вас е карактеристично во извештајот и како енергетските компании ја поминаа кризната 2020 година? -Минатата 2020 година беше целосно атипична и уникатна не само во нашата земја, туку и…

Read More

Масовната вакцинација на населението продолжи и вчера во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје и во останатите шест регионални пункта низ државата. Според Министерството за здравство, истата се одвива непречено, а интересот за вакцинирање секојдневно се зголемува. Вакцина вчера прими министерот за здравство, Венко Филипче, кој посочи дека одлучиле Владата да биде една од институциите кои ќе се вакцинира непосредно после Собранието, како институција која е битна за функционирањето на државата, за одржувањето на системот и по тој систем сите министри во следните 10-тина до 14 дена добиле веќе свој термин. Филипче, исто како и премиерот Зоран Заев, кој се…

Read More

Светската здравствена организација за прв пат во историјата на своето постоење одобри кинеска вакцина против заразна болест. -Вакцината, една од двете кинески вакцини што веќе се дадени на стотици милиони луѓе во Кина и во странство, е исто така и првата вакцина за корона вирусот одобрена од СЗО, која не е развиена на Запад, наведува Ројтерс Фактот дека вакцината Синофарм се наоѓа на списокот на СЗО со итни вакцини е знак за националните регулатори дека е ефикасна и безбедна и ќе овозможи да биде вклучена во системот Ковакс, глобална програма за сиромашните земји. СЗО досега одобри итна употреба на вакцини за…

Read More

Во овој момент добиваме информации од различни истражувања дека само половина од населението во Северна Македонија е подготвено да се вакцинира. Тоа подразбира дека мораме да ја интензивираме комуникацијата, едукацијата и информираноста на населението, што подразбира нужна потреба од кампања од јавен интерес, едукативна и информативна, којашто во никој случај не смее и не може да биде политичка, ни идеолошка, бидејќи вирусот не бира ни по раса, ни по вера, ни по политичка припадност, истакна националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата Марјан Забрчанец, во разговор за телевизија Тера. Тој нагласи дека праксата од минатото, кога претходната власт, која злоупотребуваше…

Read More

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска по средбата со лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по барање на новинарите нагласи дека не може да ја коментира содржински службената белешка од Агенцијата за национална безбедност, а врз основа на кој еден бизнисмен е во притвор. Според лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Мицкоски пак конечно кон лицата кои раководат со виталните државни институции  треба да има некакви консеквенци. –  Јас сум од тие неколкумина корисници од државното раководство кој ја добив таа белешка на времето и можам да ви кажам дека примерокот кој е објавен по онаа интерна истрага која ја…

Read More

Под строги мерки за заштита и превенција на населението од коронавирусот, попладнево во Струга се одржа традиционалната Литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“, чудотворната икона на светецот и Крнинската икона на Богородица. Поради пандемијата, годинашната Литија се оджа без верниците во топлата, само со локалното свештенство и братството и сестринството од Бигорски и манастирот во Рајчица. Почитувајќи ги апелите на организаторите, верниците држејќи соодветно растојание и со заштитни маски пред светињите се поклонија распоредени по тротоарите и на кејовите на реката Црн Дрим, како и на вечерната богослужба која се одржа во дворот на црквата „Свети Ѓеоргиј“. – Да…

Read More

Владата соопшти дека првите луѓе на редакцијата на Толковниот речник и на Институтот за македонски јазик самите понудиле привремено да бидат повлечени толкувањата на некои зборови што предизвикаа реакции во јавноста и набргу да ги  заменат со толкувања соодветно на современиот лингвистички и општествен контекст. – За овој чекор согласност за содржината на соопштението даде и раководителката на проектот Толковен речник на македонскиот јазик кое беше доставено до јавноста и до сите медиуми кои побараа дополнителни толкувања. Владата во комуникацијата со Институтот и со раководниот тим на Толковникот, покажа висока почит и разбирање за стручноста и автономијата на научните работници…

Read More

Огромното мнозинство на земјите-членки на ЕУ поддржува одржување меѓувладини конференции и со Северна Македонија и со Албанија. Јас исто така сметам дека ова е официјална позиција на Европската Комисија. Тоа е и целта на која работиме. Ова е изјава на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров за Еуроњуз, што на твитер ја објави новинарот Џек Паррок. Во врска со можното сценарио споменато од еврокомесарот за проширување Олвиер Вархеји за одвојување на Албанија и Северна Македонија, Димитров изјави дека нашата држава ги исполни сите услови поставени согласно европските вредности што постојано беше потврдувано и од самата Комисија. – Како земја што…

Read More

– Имајќи ја во предвид бескрајната хуманост на семејството Белчовски чија ќерка Верица трагично загина во сообраќајна несреќа, а нејзините органи беа донирани, како скромно оддолжување кон ова семејство, денеска на седница на Комисијата за станбени прашања при Владата со која претседавам, едногласно одлучивме да им биде доделен на користење стан во општина Струмица. Семејството Белчовски ги поместија вредностите во општеството, а граѓаните на Република Северна Македонија бескрајно им се благодарни за највисокиот чин на хуманост. Фејсбук објава на на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски

Read More