Author: Нова ТВ

Министерот за правда Бојан Маричиќ се обрати на онлајн трибина насловена како „Обезбедување на механизам за владеењето на правото во контекст на проширувањето на ЕУ“, која се одржа денеска во организација на Фондацијата Фридрих Еберт. Во своето обраќање, Маричиќ го поздрави неодамна воведениот механизам за почитување на владеење на правото од страна на ЕУ, како инструмент за рано откривање и спречување на проблемите со владеењето на правото во земјите-членки. -Ревидираната методологија за проширување од 2020 година, е добредојдена, бидејќи му дава дополнителен кредибилитет, динамика и силно политичко управување на процесот на проширување, а на владеењето на правото му е дадена…

Read More

Вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски денес најави дека ќе се укине вадењето на матичните изводи. „Граѓаните во иднина нема да чекаат во редови пред шалтерите за да добијат извод од матичните книги на родени, венчани и починати, туку тоа сите тие потврди ќе бидат заменети со само една потврда од Централниот регистар на население“, истакна Николовски на денешната прес-конференција со премиерот Зоран Заев. Тој додаде дека ова се прави во рамки на антикорупцискиот план, како и во консултација со министерствата, агенциите, невладините организации и други институции. Тој освен оваа мерка, презентираше и низа други кои се очекува да…

Read More

Владата денес го усвои Планот за борба против корупцијата и криминалот, па оттаму на денешната прес конференција, првиот вицепремиер на Владата, Љупчо Николовски посочи дека новите механизми ќе бидат клучни решенија на подолг рок, како и дека овој План е чекор со кој се покажува заложбата на Владата за транспарентност, отчетност, но и борба против корупцијата и криминалот. „Со овој план ги зајакнуваме капацитетите на широкиот фронт за борба против корупцијата. Ова го правиме за општество ослободено од корупцијата и враќање на довербата кај граѓаните. Планот содржи нови начини и нови механизми за спречување на корупцијата и е продолжение на…

Read More

Владата и граѓаните се на иста страна во борбата против корупцијата, изјави денеска премиерот Зоран Заев откако соопшти дека владата го има усвоено планот за борба за корупција два месеци по објавата на „Акција 21“. Заев истакна и дека со овој план ќе се расчистува корупцијата и во Владата, но и ќе се дорасчистува со остатоците од режимот. -По одржаната онлајн седница усвоен е планот за борба за корупција два месеци по објавата на планот „Акција 21“ . Затоа воспоставиме јасни механизми и граѓаните и медиумите да зборат јасно и гласно за да се воспостави ред, правда и дисциплина. Сериозно…

Read More

Со измените на Законот за здравствено осигурување освен што ќе се воспостави систем на двојна контрола на издадени лекови, ќе има и онлајн комуникација меѓу тој што ги издава лековите и тој што ги плаќа. Ова го образложи министерот за здравство Венко Филипче, на собраниската Комисија за здравство каде на дневен ред беа измените на законот. Процесот, како што посочи министерот, се одвиваше во повеќе фази, а започна со проширување на квотите за лекови, со што се надмина проблемот со недостигот на лекови, за пациентите. Потенцира дека Владата со воведување на електронскиот рецепт, овозможи брз и ефикасен пристап на пациентите…

Read More

Во тек се разговори со политичките партии и пратениците за новиот закон за легализација на бесправно изградените објекти во земјава. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски вели дека разговорите се во почетна фаза и очекува партиите и опозицијата да дадат свои предлози. Новиот закон за легализација на дивоградбите е доставен во Парламентот на Република Северна Македонија од поодамна. -Мое мислење е дека во однос на овој Закон треба да отвориме широка јавна расправа и дебата, но и со сите политички партии во Парламентот, да дискутираме можеби на подобрување на законскиот текст и подобро би било ако овој закон се…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски, во однос на последните случувања во Бугарија со претседателот Румен Радев, порача дека е крајно невообичаено шеф на земја членка на НАТО да повикува безбедносни служби да интервенираат во друга земја. „Крајно невообичаено и секако надвор од внатрешните процедури на Алијансата е претседател на една земја-членка на НАТО да ги повикува своите служби за безбедност да реагираат за наводно кршење на правата на граѓани во друга земја-членка на НАТО. Реакцијата на бугарскиот претседател е спротивна и на основниот принцип во меѓународната политика за немешање во внатрешните работи на друга држава. До овој момент, претседателот Пендаровски нема добиено…

Read More

Премиерот Зоран Заев останува на ставот дека барањето на албанската опозиција со три сведоци да се даде државјанство на тие што се уште имаат проблем да се регистрираат во државата како жители е неприфатливо. Сепак, тој ги повика заедно да отворат дебата и да се најде решение кое ќе биде издржано. -Сакам да се најде решение. Еве испраќам порака ова прашање кое е заедничко, заедно да го решиме. Благодарам на иницијативите од опозицијата за решавање на прашањето. Но, нека цени јавноста, здраворазумско е да не прифатиме сведоци. Мора да има доказ. А може да ги најдеме доказите, свидетелство, документ дека…

Read More

Триесетте продолженија на популарниот детски серијал „Дајте музика“, како и минатата сезона, изобилуваа со забава, дружење, перипетии, детски интриги, радости, разочарувањаи разни негодувања. Ѕирнавме во иднината, се ставивме во верстерн филм, формиравме сопствен гаража-бенд, маалска библиотека, се вљубивме и одљубивме но најважно е што уживавме во вистинска забава со најдобрата македонска музика. „Дајте музика“ и во новата сезона продожи со својата мисија да ја доближи македонска музика до младата публика. Познатиот детски серијал и повторно лансираше многу авторски хитови на кои се потпишуваат некои од нашите најпознати композитори како Роберт Билбилов, Борче Кузмановски, Никола Мицевски, Никола Перевски- Пере, Лазар Цветковски…

Read More

Во последниот квартал од минатата година стапката на слободни работни места изнесува 1,57 отсто, објави Државниот завод за статистика. Според објавените податоци во овој квартал имало 7916 слободни работни места од кои најмногу се во преработувачката индустрија 2210 и трговијата 1283 слободни работни места. Највисока стапка на слободни работни места од 4,13  отсто има секторот рударство и вадење камен, додека најмала е стапката во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,06 отсто. Деловните субјекти со број на вработени од 50 до 249 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1,89 отсто. Пелагонискиот…

Read More

Последната анкета на центарот „Алфа рисрч“ и бТВ покажува дека на еден месец пред изборите во Бугарија партијата на премиерот Бојко Борисов, ГЕРБ, се мобилизира и ја зголемува разликата пред неговиот главен конкурент Бугарската социјалистичка партија (БСП). Разликата сега изнесува 5,3 отсто – за ГЕРБ во овој момент би гласале 28,5 а за БСП 23,2 проценти од испитаниците. Анкетата е спроведена меѓу 26 февруари и 1 март на 1013 испитаници. Според неа, 52,5 отсто рекле дека сигурно ќе гласаат на 4 април, а 15,3 отсто уште не знаат за кого би го дале својот глас. Според, Борјана Димитрова, менаџер во…

Read More

Таканаречениот Културен центар „Иван Михаилов“ во Македонија, чие писмо беше изговор за бугарскиот претседател Румен Радев да ги свика безбедносните служби и да им даде задача да ги заштитат правата на македонските граѓани што се декларираат како Бугари, е поврзан со Игор Југ, еден од насилниците што влезе вооружен во Парламентот на 27 април и кој е осуден за терористичко загрозување на уставниот поредок. Иако е Хрват по потекло Југ се декларира како верен на Организацијата (ВМРО на Иван Михајлов), и тоа најтранспарентно на сајтот на овој квази културен клуб кој очигледно повеќе се бави со политика отколку со права.…

Read More