Author: Нова ТВ

Недозволиво е мешање на една туѓа земја во друга, рече премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање за наводите на бугарскиот претседател, Румен Радев кој побара бугарските служби да сторат сѐ што можат и да преземат мерки за да ги одбранат правата на Бугарите во земјава. „Јас се надевам дека е информативен состанок на кој сакаат да соберат информации од граѓани коишто се со бугарска определба, ако некаде некои права не се признаени или се непочитувани. Недозволиво е мешање на туѓа земја во туѓа земја. Ние тоа сме го декларирале во Договорот за пријателство со Бугарија и не само…

Read More

Информацијата која беше објавена некои од медиумите дека наводно Апликацијата е пробиена, се неточни и десктруктивни, велат од Државниот завод за статистика Во врска со внесувањето на податоци преку VPN, односно прикриена IP адреса, самото користење на таква алатка за внес на податоци во Пописот се смета за спротивно на Законот за Попис  и  Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на Пописот 2021, и може да подлежи на санкции, од причина што претставува лажно претставување и лажно давање податоци. Со самиот внес на податоците на таков начин, не значи дека тие автоматски влегуваат во резултатите од Пописот, напротив, сите податоци…

Read More

Тоа што сме дел од стресни ситуации, фактот дека нѐ разбираат повеќето луѓе кои страдаат исто како нас, системот на информации и намалувањето на предрасудите кон проблемите со психичкото здравје – сето ова го зголеми бројот на случаи кои бараат помош да се справат со стресот, со анксиозноста и со стравовите.

Read More

Специјалниот претставник на Владата за Бугарија, Владо Бучковски, во денешното гостување во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ, говореше за состојбата со Бугарија, а притоа се осврна и на ставовите на Љубчо Георгиевски, кои предизвикаа низа реакции во јавноста. „Ако цениме по средбата од вчера што ја имал претседателот Радев со претставниците на безбедносните служби, реферирајќи на тоа дека во Македонија оние кои се декларираат како Бугари имале проблеми со власта и биле изложени со притисоци, при што се се користени писма од невладина организација, говори дека постои веројатно можност прашањето околу односите Македонија и Бугарија да бидат дел од изборната…

Read More

Вицепремиерот и министер за надворешни работи во бугарската Влада Екатерина Захариева денеска во интервју за БНТ истакна дека Бугарија има конзистентна политика, која била одобрена од парламентот на земјата и од сите политички партии во 2019 година. Според неа, причината за недостиг на напредок на Скопје на патот кон ЕУ е вкоренета во неспроведувањето на Договорот од 2017 година. По пристапувањето на Република Северна Македонија во НАТО во 2019 година, Скопје го одложувало неговото спроведување. „Ние сме многу доследни во тоа што го бараме од Северна Македонија. Некои луѓе таму беа многу изненадени што кажавме „не“ за преговарачка рамка. Позицијата на Бугарија…

Read More

Значително се зголеми бројот на граѓани кои бараат помош во нашите амбуланти. Дел од граѓаните имаат потреба од психолошка поддршка поради нивната зголемена вознемиреност, страв, загриженост, напнатост, несигурност и нарушен сон поврзани со семеен член заболен од Ковид-19 или пак непредвидливоста на актуелната ситуација. Главно се работи за различни манифестации на анксиозност или влошување на состојби со кои претходно се соочувале. Родителите, пак, најчесто се загрижени за зголемена вознемиреност кај нивните деца, проблеми во нивното однесување и имаат потреба од совет за тоа како подобро би можеле да пристапат кон нив. Ова го вели директорот на Универзитетската клиника за психијатрија,…

Read More

Владата, во услови на пандемија, се обидува да им помогне на сите погодени граѓани и компании, а има детектирано дека угостителството и туризмот, се најпогодените гранки од пандемијата и затоа, во сите пет сета, креирани се мерки со кои токму овие гранки се највеќе поддржани, посочи заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи кој вчеравчере заедно директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, остварија средба со претставниците на категоризираните ресторани за свадби и прослави и ноќни клубови. Со петтиот пакет на мерки, компаниите од овој сектор може да искористат финансиска…

Read More

Пропаднаа обвинувањата, лагите и спиновите кои доаѓаа од белиот дворец, за наводни договори со власта за бегството на Сашо Мијалков. Единствена вистина е договор помеѓу Мицкоски и Мијалков, аминуван од осудениот криминалец, Никола Груевски, за спас на криминалното ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ. „ВМРО-ДПМНЕ води грчевита борба за опстанок кога во државата се создаваат услови за правда. Граѓаните точно знаат дека бегството на Мијалков најмногу им одговараше на Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ. Извршената правда врз поранешниот шеф на УБК, е директен пораз за остатоците на режимот, за Христијан Мицкоски и врвот на партијата, како единствени кои се на браникот на…

Read More

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски уверува дека системот за попишување од странство е максимално заштитен и не може никој да упадне со лажни податоци. -Кривична постапка ќе биде покрената за секој оној што се обидува да го изманипулира системот, односно да се регистрира како дијаспора од својот компјутер во Македонија, изјави Симовски за „Плусинфо“. Ова доаѓа откако изутрината неколку програмери посочија дека во системот многу лесно може да се влезе преку користење „VPN“ со што секој кој е во Македонија може да се попише како да живее во странство. – Кривична постапка ќе биде покрената за сите…

Read More

Ненормални реакции во ненормални ситуации се нормални, и тоа е лекција што одеднаш целото човештво ја учеше. Ако се замислиме за момент, ова е можеби еден од многу ретките моменти кога човештвото беше во нешто Заедно

Read More

Љупчо Коцарев, претседателот на МАНУ, се радува што се покажале како неточни неговите тврдења дека се укинува Катедрата по македонски јазик и македонска книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје, иако само тој поверува во таква небулоза, а е прв човек на врвната научна институција. „Се радувам што на Филолошкиот факултет не постои и никогаш не постоела идеја за укинување на катедрите за македонски јазик и книжевност. Посакувам во идните реорганизации на Факултетот, рамо до рамо со различните отсеци, секогаш да бидат вклучени и отсеците за македонски јазик и јужнословенски јазици и за македонска книжевност и јужнословенска…

Read More

Земјите членки на ЕУ се согласија денеска за воведување санкции против четворица високи руски претставници вмешани во правните постапки против опозицискиот лидер Алексеј Навални. Санкциите подразбираат забрана за издавање визи и замрзнување на имотот на овие претставници во ЕУ, се наведува во соопштението по состанокот на амбасадорите на земјите од Унијата. Според извори блиски на ЕУ, санкциите се однесуваат на директорот на казнено-поправната служба Александар Калашњиков, претставникот на рускиот Истражен одбор Александар Бастрикин, државниот обвинител Игор Краснов и шефот на руската Национална гарда Виктор Золотов. Нивните имиња ќе бидат објавени утре во Служениот весник на ЕУ. Рускиот заменик министер за…

Read More