Author: Нова ТВ
Основниот Кривичен суд Скопје денес ги прогласи за виновни сите обвинети во случајот „Таргет-Тврдина“ за сите поднесени кривични дела. Притоа изрече казна од 12 години затвор за екс директорот на УБК, Сашо Мијалков и четири години затвор за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Останатите обвинети беа исто така прогласени виновни за низа кривични дела. Горан Грујовски – 15 години Никола Бошковски – 15 години Тони Јакимовски – 6 години Надица Николиќ – 3 години Владимир Варелов – 2 години условна казна Маријан Шумуликовски – 2 години условна казна Судењето за „Таргет-Тврдина“ започна на 22 декември 2017 година, а…
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде изречена пресуда за предметот „Таргет-Тврдина“, што се однесува на масовното прислушување и уништување на опремата од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). Пресудата за овој предмет во судница треба да ја чуе и поранешниот директор на УБК и еден од обвинетите Сашо Мијалков, кој ќе биде спроведен од домашен притвор што му го одреди судот како мерка на претпазливост. Во овој предмет обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во бегство во Грција, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана…
Патриотска партија која се залага за македонштината го повикува својот народ да се попише за да бидат бројките толку колку што се во реалноста. Пописот ниту ќе даде плус право, ниту ќе одземе некому право. Само ќе ги констатира состојбите во државата, порача вчера премиерот Зоран Заев, повикувајќи ја повторно опозициската ВМРО-ДПМНЕ да учествува во оваа статистичка операција, која, како што рече, е премногу важна и од која ќе произлезат информации неопходни за развојот на државата. -Вистински патриотски партии коишто се грижат за својата земја не го бојкотираат пописот, не изнаоѓаат начини за собирање потписи кога можат само со еден…
Францускиот претседател Емануел Макрон на прес конференцијата во Елисејската палата по самитот на ЕУ, синоќа истакна дека Европа треба да го преземе својот дел во меѓународната солидарност во борбата против светската пандемија, јави дописникот на МИА. -Пред една година ние ја лансиравме иницијативата Акт А – солидраност за Африка. Јасно е дека ние имаме потреба да ја изградиме солидарност кон нашите соседи, особено кога станува збор за Балканот и Африка, рече францускиот претседател. Таа солидарност, додаде тој, се темели на санитарна помош, на вакцините, третманот, дијагнозите, поддршката на примарниот здравствен систем, производството на целиот овој материјал, а, исто така, и…
Помина точно една година од првиот потврден случај на заболен од Ковид-19 во земјава, а пандемијата се уште не стивнува. Веќе започна имунизацијата на медицинскиот персонал кој работи во ковид-центрите со вакцината на „Фајзер“, а деновиве треба да пристигнат и 200.000 вакцини од кинескиот производител „Синофарм“ по што, според најавите од надлежните, ќе почне масовната имунизација на населението. Првиот потврден случај беше жена од Скопје родена 1970 година која престојувала во Италија и во земјава допатувала преку граничниот премин Табановце на 26 февруари 2020 година, превезувајќи се во комбе во кое имало уште неколку лица. Веднаш беше сместена на интензивна…
Со положување цвеќе на гробот и на спомен-обележјата во чест на поранешниот претседател Борис Трајковски денеска ќе биде одбележана 17-годишнината од неговата смрт во авионската несреќа кај Ротимље во близина на Мостар. Како што е најавено, претседателот Стево Пендаровски ќе положи цвеќе на гробот на претседателот Трајковски и на вечните почивалишта на загинатите членови на неговата делегација на градските гробишта „Бутел“ во Скопје. Делегации на Кабинетот на претседателот ќе положат цвеќе и пред спомен-обележјето на местото на несреќата во Ротимље, во близина на Мостар, Босна и Херцеговина и на гробот на еден од членовите на делегацијата, во Велес. На 21 месецов,…
Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска поради најавен протест, од 13 часот затворени за сообраќај ќе бидат улиците: „Христијан Тодоровски-Карпош“, „Џон Кенеди“, „Цветан Димов“, булеварите „Крсте Мисирков“ и „ Гоце Делчев“, улиците „11-ти Октомври“ и „Васил Главинов“, булеварите „ВМРО“ и „Илинден“ и други околни сообраќајници. Улиците ќе бидат затворени за сообраќај се до завршување на протестот. Од МВР информираат дека протестот е најавен за 13 часот, а ќе почне во парк Чаир на булевар „Христијан Тодоровски-Карпош“, а ќе продолжи кон Основен суд Скопје 1, на бул. „Гоце Делчев“, Собранието на ул. „11-ти Октомври“ и Владата на булевар „Илинден“. СВР Скопје…
Oд основниот кривичен суд во Скопје, велат дека направиле интерни проверки, и дека информацијата за притворот на обвинетиот Сашо Мијалков во случајот „Таргет-Тврдина“ не протекла од судот. -Основниот Кривичен суд по однос поднесениот предлог за притвор постапувал итно, крајно професионално и стручно, донесувајки одлука во најкус можен временски период, со примена на мерки за обезбедување на целосна тајност во постапувањето. Колку за потсетување од поднесување на предлогот до изготвување на решението поминале севкупно три и половина часа, од 15 до 18:30 часот. Одлуката е донесена во недела(неработен ден) иако советот можел да одлучува и во понеделник до 15 часот, имајќи…
Одговарајќи на прашањето на пратеникот Александар Николоски (ВМРО-ДПМНЕ) на кој начин ќе се бираат попишувачите, дали тие ќе се одбираат според партиска припадност и предност ќе имале членовите на СДСМ, премиерот Зоран Заев дека повикот е отворен за сите, а не за партиски членови. Николовски изјави дека тоа ќе било партиски попис. „Ги повикувам сите без оглед на партиската припадност да се јават како попишувачи. Мора да видиме колку сме. Вистински патриоти се грижат за својата земја, а не го бојкотираат пописот. Пописот мора да го направиме за да ги конципираме сите сегашни и идни политики. Тоа што немаме 20…
Филипче: Заев донираше 12.500 евра од Хесенската мировна награда во Фондот за справување со Ковид 19
Министерот за здравство, Венко Филипче преку својот фејсбук профил изрази благодарност за донацијата од премиерот Заев во Фондот за справување со Ковид кризата, вредна 12.500 евра. Имено, истата произлегува од наградата која премиерот Заев ја доби со грчкиот премиер Алексис Ципрас во рамки на Хесенската мировна награда. „Во свое лично име, во име на Министерството за здравство и сите оние кои се на првата линија во борбата со Ковид-19, упатувам благодарност до премиерот Зоран Заев за неговото лично учество во оваа заедничка акција. Премиерот, својот дел од Хесенската мировна награда која ја добија со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас во…
Најголемиот противник на сè што е бугарско во РС Македонија, Христијан Мицкоски, е оженет со Бугарка, јави дописникот на БГНЕС од Благоевград. Стевица Јанева, која е сестра на сопругата на Христијан Мицкоски, Роса, има бугарско државјанство. Ова е јасно од избирачките списоци за претстојните парламентарни избори во Бугарија на 4 април. Стевица, која работи како нотар во градот Струмица, има бугарски пасош. Овој важен документ може да го добие само врз основа на докажано бугарско потекло и самоопределување. Стевица Јанева е на списоците за претстојните парламентарни избори во делот 47 од општината Петрич, што е оддалечено само неколку километри од нејзината родна…
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска со став дела ќе ја поддржи интерпелацијата поднесена за Оливер Спасовски од коалицијата Алтернатива и Алијанса. „Апсолутно да. Човекот е најголемиот заштитник на оваа крими-коалиција која што владее со Македонија во изминативе години. Имаме свои аргументи зошто ќе ја поддржиме оваа интерпелација поднесена од коалицијата Алтернатива и Алијанса, се надеваме на исцрпна дебата, се надеваме на мнозинство во Парламентот со што ќе му изгласаме недоверба на најнеуспешниот министер за внатрешни работи, човекот кој што не му избега некој џебчија, сето останато кое што нешто значеше во делот на криминалот во државата му избега и…