Author: Нова ТВ
Босна и Херцеговина доби нови услови за испорака на вакцини преку механизмот Ковакс, а од оваа земја се бара директно да преговара со „Фајзер“, меѓутоа, Сараево одговара дека во случај на отсуство на најавените испораки, БиХ може да побара правда и на суд. Босна и Херцеговина потпиша договор со Ковакс во септември 2020 година за набавка на 153.600 дози од вакцината на „АстраЗенека“ и 23.000 дози од вакцината на „Фајзер“, а БиХ плати повеќе од 10,5 милиони долари за таа цел, објави веб-страницата на Радио Слободна Европа (РСЕ). Помошникот министер за граѓански работи на БиХ во здравствениот сектор, Душан Којиќ,…
Австрискиот канцелар Себастијан Курц пред денешниот Самит на Европска Унија побара воведување европски пасош за вакцинираните лица против Ковид-19. – Сакаме што е можно побрзо да се вратиме на нормалноста и на максималната слобода. Се додека постои пандемијата и вирусот тоа е можно само ако имаме мерки на заштита, дали преку вакцинација или тестови, истакна Курц. Тој додаде дека е потребен европски пасош за вакцинираните лице, со што ќе се овозможи слободно движење. Курц најави дека иницијативата за европски ковид-пасош ќе ја претстави на Самитот на ЕУ и оти има голем број на сојузници, пред се од туристичките држави Грција,…
Израелскиот Парламент денеска му одобри на Министерството за здравство да им ги открива имињата на луѓето кои не биле вакцинирани против коронавирусот на другите тела на власта во земјата, предизвикувајќи критики за нарушување на приватноста на граѓаните кои не сакаат да се вакцинираат. Законот, донесен со 30 гласа „за“ и 13 „против“, им дозволува на локалните власти, генералниот директор на Министерството за образование и на некои вработени во Министерството за социјални работи да ги дознаат имињата на овие лица, нивните адреси и телефонски броеви. Одредбата, која ќе биде во сила три месеци или додека не заврши пандемијата, има за цел…
Во рамки на денешната 48-ма седница, Владата ја разгледана и донесе Одлуката за одобрување на средства од Буџетот за 2021 година во износ од 50 милиони денари на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), како поддршка за справување со кризата предизвикана од Ковид-19. Како што соопшти владината Прес-служба, ваквата одлука е донесена заради реализација на мерката три од петтиот пакет економски мерки, со што ќе се обезбедат средства за финансиска поддршка на радиодифузерите за надомест на средства платени по основ на такси, давачки и надоместоци за вршење радиодифузна дејност и кои се документирани во финансиската евиденција на АВМУ.…
Консултативна средба со раководствата на скопските средни стручни училишта и со претставници на бизнис заедницата одржаа денеска градоначалникот Петре Шилегов, министерката за образование и наука, Мила Царовска и швајцарската амбасадорка Сибил Сутер. На средбата што се одржа во Музејот на современа уметност се разговараше за потребата од реформи за унапредување на средното стручно образование. – Компаниите ги отворија своите врати и од нашето истражување кое што го направивме со 450 компании во изминатиот период добивме резултати дека 85 отсто се подготвени или да ги вклучат учениците во дуално образование кај нив или да примат ученици на пракса во првите години…
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес, на враќање од посетата на Париз оствари средба со Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, во Софија. На средбата беа разгледани актуелностите поврзани со кризата од КОВИД и начините на кои двете земји остваруваат соработка во справувањето со овие предизивици. Во оваа прилика Захариева потврди дека се прават напори за изнаоѓање начин за испорака на ветените вакцини за Република Северна Македонија. Во продолжение на средбата беше разговарано за акцискиот план за меѓусебна соработка, можноста за неговата финализација, а во функција на евентуално договарање на втората меѓувладина конференција меѓу двете влади, чии…
Првиот човек на обвинителството Љубомир Јовески ставил потпис на актот со кој е повлечена жалбата за притвор на Сашо Мијалков. Оваа одлука е донесена во момент кога полицијата го бараше Мијалков. Но, Јовески, како што пренесува Тв24, остава простор да се промени ваквата мерка откако ќе биде изречена пресудата во петок. На прашањето зошто Обвинителството не побара притвор уште еднаш кога поранешниот шеф на УБК сам се појави, Јовески вели: „Жалбата е повлечена оти во тој момент решението за куќен притвор не може да се ефектуира со оглед дека обвинетиот бил во бегство. Обвинителството досега нема побарано измена на мерката…
Угостителите кои организираат свадбени свечености денеска излегоа на протест пред владата. Таму поставија астали и бина со свадбен декор и го пречекаа министерот Битиќи за да му објаснат за нивните загуби во периодот кога се забранети свадбите и како да се реши овој проблем, јавува слободен печат.
Македонските власти ги потопија надежите на културниот центар во Битола – што ги поздрави претседателот Румен Радев – дека секој што ќе се регистрира како Бугарин на претстојниот попис во земјата, може да добие бугарско државјанство по скратена постапка, пренесува бугарски „Дневник“, посочувајќи дека тоа е епилог на пораките од Заводот за статистика во Македонија. -Последниве денови некои медиуми во земјата ја коментираа идејата за Центарот за култура Иван Михаилов, кој испрати такво писмо до претседателот Румен Радев, премиерот Бојко Борисов и вицепремиерите Екатерина Захариева и Красимир Каракачанов. Со оглед на тоа што повеќе од 100.000 луѓе станаа бугарски државјани,…
Алијансата за Албанците и Алтернатива поднесоа интерпелација за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по вчерашниот скандал со бегството и појавувањето на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков. – Театар, како може јас да давам проценка за смешните сценарија кои се прават деновиве. Два дена се прави театар. Исчезна Мијалков, па се појави и кажа дека имал температура. Една ноќ претходно цело семејство, синовите, не знааткаде е татко им, а најскандалозно е дека Сашо Мијалко доби домашен притвор. Тоа е доказ за договор меѓу Мијалков и Заев.Тоа е доказ дека сите актери кои правеа сценарија за 27 април сега се…
Во паника ја осознавме заблудата за испревртените вредносни критериуми, за погрешните приоритети, за значењето на некои до вчера небитни нешта, за смислата на живеењето. За човековата кревкост. Ја осознавме, но дали сме подготвени за промени?!
„Копипејст“ проекти, но и проекти преку кои апликантите се обиделе да го надмудрат системот не добија финансиска поддршка преку Годинашната програма за култура за проекти од национален интерес, рече ресорната министерка Ирена Стефоска. Таа укажа и на тоа дека голем дел од корисниците, но и од националните установи како апликанти имале неадекватна и нецелосна документација, но побарале и нереално високи суми. За овој конкурсот пристигнале рекордни 6 352 апликации, од кои на повикот за национални установи – вкупно 1 814 пријави, а од другите корисници, во кои спаѓаат физички лица, здруженија и слично, пристигнале 4 538 апликации. Исти луѓе аплицирале…