Author: Нова ТВ

Јас го цитирам само законот, ако има нови докази кои не биле познати и судот реши дека треба ново судење тоа важи за секој случај па и за 27 април, изјави претседателот Стево Пендаровски по средбата со опозицискиот лидер Христијан Мицкоски. Тој потенцираше дека тие не се сложиле околу квалификациите или дисквалификациите на овие дела туку се сложиле дека политиката треба да биде подалеку од судството. Според Пендаровски средбата ја побарал Мицкоски и на неа многу кратко се разговарало за 27 април, туку средбата ја прифатил за да се вопостави политички дијалог меѓу опозицијата и институцијата претседател. -Помилувања за лица…

Read More

Најдовме разбирање, изјави лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски по денешната средба со претседателот на државата Стево Пендаровски и потенцира дека не бараат амнестија или милост, туку правда за осудените за „27 Април“. Тезата на претседателот Пендаровски е дека ако продолжиме со ваква крајно спротивставена политичка реторика, ние не само што нема до дојдеме до национално или граѓанско помирување, туку, како што истакна, нема да можеме да воспоставиме ниту базична политичка комуникација меѓу нас, како што сега е ситуацијата. –  Не правам ревизија на судската пресуда, бидејќи не гледам причина за такво нешто, тоа е завршена работа, луѓето лежат…

Read More

За Германија е незамисливо да се даде зелено светло за преговори со ЕУ само за Албанија, а не и за Северна Македонија, вели германската амбасадорка во Скопје, Анке Холштајн. – За решавачки насоки во процесот на проширување на ЕУ потребна е согласност од сите земји-членки. Исто како што преговарачката рамка може да биде само едногласно прифатена, датум за првата меѓувладина конференција ќе има само кога сите земји-членки ќе дадат согласност. За Германија не е замисливо само за Албанија да се даде зелено светло, а Северна Македонија да се остави. Северна Македонија веќе одамна ги исполни сите услови за започнување на…

Read More

Ние не бараме амнестија, туку правда за осудените за 27 април, изјави опозицискиот лидер Христијан Мицкоски по средбата со претседателот Стево Пендаровски и рече дека наишол на разбирање од страна на претседателот. Според Мицкоски, осудените за „27 април“  се осудени за крвично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и смета дека тие треба да одговараат за делото кое го сториле, а не за делото за кое се осудени.

Read More

Формираната работна група започнува со подготовка на Законот за потекло на имот, што првпат се воведува во нашата држава и со кој го отвораме патот за конфискација на нелегално стекнат имот, спречуваме оштетување на буџетот и незаконско богатење врз грбот на граѓаните, вели заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски. Како што соопштија од негоиот кабинет, во интервјуто за магазинот „Капитал“ вели дека работната група е формирана од меѓународни и домашни експерти, како и претставници од сите релевантни институции ДКСК, УЈП, Управата за разузнување, МВР, Јавното Обвинителство, Финансиската…

Read More

За проектот за изградба на нов Клинички центар во општината Ѓорче Петров треба да покажеме капацитет за консензус, да ги размениме мислењата, да дадеме соодветни предлози заради тоа што сите ние имаме одговорност пред граѓаните, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче на која укажа на процесот на подготвката на законот за изградба на новиот Клинички центар и потсети на постапките кои се спроведувани во изминатите повеќе од две, три години. Посочи дека премиерот има иницијатива во втората половина на месецов да направи јавна презентација на целокупниот процес досега за сите чинители, не само за пратеници, здруженија на…

Read More

Во Вила Водно започна средбата помеѓу претседателот, Стево Пендаровски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Според најавите од партијата, на средбата ќе се разговара за осудените во случајот „27 април“ и за актуелната политичко-економска состојба. Претседателот Пендаровски по најавата за денешната средба само кусо коментира дека е добро што по девет месеци некомуницирање, се воспоставила комуникација со институцијата претседател на Република Северна Македонија. Мицкоски на брифинг со новинарите, рече дека на ваков начин се одмрзнуваат односите меѓу партијата и претседателот Пендаровски, затоа што, како што посочи, на земјава и е итно потребен дијалог меѓу политичките чинители. Средбата била закажана по…

Read More

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска имаше воведно обраќање на состанокот на проектните партнери и претставниците од министерствата за надворешни работи на земјите на Западен Балкан и Вишеградската група во рамките на проектот, „Тинк Балкан“ (Think Balkan). Како што соопшти Министерството за надворешни работи, Османи се осврна на првите резултати од работата на инструментот преку кој „тинк-тенк“ организациите ја насочуваат својата експертиза кон прашања и теми од заеднички интерес за регионот, а со тоа даваат дополнителен импулс во регионалната соработка. -Блиската соработка со министерствата за надворешни работи од регионот дополнително дава значење во градењето на политичкиот дискурс и целно…

Read More

Ниту е нешто тајно, ниту е нешто сомнително, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче на обвинувањата на опозицијата за наводен криминал при набавката на кинеските вакцини. Одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата, Филипче рече дека  сите работи се кажани и објавени јавно. Рече дека се проверува начинот за декласификација на документите за набавка и наскоро во соодветна процедура тие ќе се декласифицираат. – Сметам дека ваквите клевети воопшто не се соодветни и не одат во насока на конструктивноста. Напротив, сакаат да го поткопаат целокупниот легитимитет на нашата држава и пред Кина и пред меѓународните фактори, изјави Филипче.…

Read More

Министрите за надворешни работи на ЕУ в понеделник ќе се состанат во Брисел за редовниот Совет за надворешна политика, каде Западниот Балкан ќе биде една од главните стратешки дебати, а се очекува да се зачне и темата за одвојувањето на Албанија и Северна Македонија, споменато како можно сценарио од еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. -Прашањето најверојатно ќе се отвори на состанокот од страна на некои учесници, ставот на високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Јосеп Борел, секогаш бил дека треба одржување на меѓувладините конференции со двете земји што е можно поскоро, ова оди во насока на ЕУ перспективата на…

Read More

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, по средбата во МНР, денес во Талин оствари средба и со Сим Калас – претседавач со Комитетот за европски прашања и Марко Михкелсон – претседавач со Комитетот за надворешни работи во естонскиот Парламент. Димитров упати благодарност за поддршката на пристапниот процес на Северна Македонија кон НАТО, како и за заложбите во однос на европската интеграција. Тој го презентираше и напредокот во клучните реформски области, со особен фокус на кластерот „Темели“, подвлекувајќи дека Северна Македонија е одлучна дека европските вредности мора да се донесат дома. Димитров: „Естонското искуство и перспектива од…

Read More