Author: Нова ТВ
Сашо Мијалков е во Македонија. Се извини на целата македонска јавност затоа што сите го барале, а тој бил изолиран заради висока температура. Тој замина во Обвинителството за организиран криминал, да го земе решението и ќе замине во домашен притвор. Мијалков го пречека екипа на „24 Вести“ за кој даде изјава. – Јас кога ќе дадам збор, не го погазувам. Еден ден бев во изолација и гледајте што се случи – вели Мијалков за телевизијата. Мијалков тврди дека не ја напуштил Македонија овие денови, туку бил во изолација поради висока температура. Од неделата попладне, полицијата го бара Мијалков, по барање…
Со затоплување на времето и доаѓање на повисоки температури ќе продолжат активностите за конзервација и реставрација на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Преспанското село Курбиново, која датира од 12 век. Храмот е карактеристичен по светски познатото сликарство направено на многу високо и естетско ниво. Таму се наоѓа еден од најубавите сликани ансамбли од крајот на 12 век во цела Европа. Има насликано неколку ангели, а еден од нив е насликан на 50 денарката. Фреската е еден од најпознатите мотиви, по убавината и начинот на сликање, како и староста од кога е направена, скоро илјада години. Директорката на Завод и Музеј Битола,…
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска најкатегорично ги отфрли шпекулации за какви било договори за бегството на Сашо Мијалков. На прес-конференција информираше дека МВР ги презема сите расположиви мерки за обезбедувањето на бегалецот. Министерот во неговото хронолошко појаснување на настаните како и кога добиле повик од Јавното обвинителство рече дека обвинителката Вилма Русковска во 12:30 во саботата му се јавила и му рекла дека има сознанија дека Мијалков подготвувал бегство. -Иако доколку имала сознанија можела да се обрати до Судот, сепак се договоривме да прати писмено известување до МВР за да се провери дали нашите служби имаат такви сознанија.…
Според анализите и проценките кои се прават и информациите кои ги добиваме Мијалков е се уште во државата, изјави на прес конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој не гледа лична одговорност за бегството на обвинетиот Сашо Мијалков и за тоа ги посочи пропустите во системот, истовремено отфрлувајќи ги шпекулациите за било каков договор за бегството на Мијалков. „За да се чувствува одговорност, значи дека треба да направите пропуст намерен или да не постапите во однос на овие насоки што се дадени. Според хронологијата на настаните, гледате дека МВР постапува веднаш од добивањето на информациите со сите расположливи средства.…
Шекеринска: Очигледно некој ја споделил информацијата со човекот кој требаше да се соочи со правдата
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на прес конференција при посетата на армискиот полигон „Криволак” во врска со последните случувања со Сашо Мијалков истакна дека пред ова бегство ниту владата ниту државата, ниту правосудниоте органи нема да ги затворат очите. „Ова не е превид, туку очигледно дека некој од малкутемина што знаеле ја споделиле таа информација со човекот што требаше да се соочи со правдата“, изјави Шекеринска за . Таа истакна дека Владата ќе бара одговорност од оние кај кои има пропусти за овој случај. „Ќе бараме одговорност, бидејќи веќе прашањето не е како да се обезбедат луѓето што бегаат од…
Премиерот Зоран Заев изутринава имал работен состанок со првите одговорни лица на институциите, кои имаат надлежност во врска со бегството на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков. Заев, како што посочуваат од Владата, состанокот го свикал со цел директно и лично да се информира за сите аспекти на случувањата изминатите денови, за истрагата и за чекорите кои институциите ги преземаат. -Премиерот стои цврсто на неговите јасни и јавно изнесени позиции дека сите надлежни институции, согласно своите надлежности имаат обврска да го лоцираат лицето Сашо Мијалков. Премиерот порачува дека граѓаните очекуваат детално објаснување, дека институциите се должни да дадат јасни одговори на…
Просечната исплатена нето плата во декември 2020 година изнесувала 28 294 денари и бележи раст од 5,4 отсто, објави Државиот завод за статистика. Според објавените податоци, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите информации и комуникации за 15,5 отсто, рударство и вадење на камен за 10,5 отсто и дејности на здравствена и социјална заштита за 10 отсто. Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите информации и комуникации за 14,4 отсто, финансиски дејности и дејности на осигурување 12,5 отсто и рударство…
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска изјави дека по барање на родители и на градинките од Комисијата за заштита од заразни болести побарале мислење за евентуално зголемување на бројот на деца кои во овие услови на пандемија би можеле да посетуваат градинка, но, оти таа останала на ставот дека опфатот не треба да се зголемува. Според Шахпаска, во моментов се јавува недостиг на места во градинките, иако, како што рече, има околу 9000 деца кои не одат во градинка, а согласно условите во протоколите обезбедиле место. Затоа апелираше родителите кои имаат друга алтернатива за чување на децата…
Оставка на Спасовски не е доволна, потребна е оставка на целата влада и формирање на техничка, рече лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес конференција. Тој се обрати и кон пратениците од владината коалиција од кои побара заедништво во изгласување недоверба на владата, а потоа и формирање на техничка влада којашто ќе ја предводи државата до следните избори. „Сите оние пратеници во парламентот, без разлика дали се од политичките партии од опозицијата и од власта, дали се од СДСМ или партиите во коалиција со СДСМ, да не бидат соучесници со мафијата, да се охрабрат и да кажат –…
Потребна е побрза динамика во носењето законски решенија за да се овозможи примена на одредени мерки од поддршката за стопанството, смета вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Според Битиќи, досегашните предвидувања и активности на Владата во однос на КОВИД кризата даваат резултат и оваа, 2021-ва, ќе биде година на заздравување на економијата. -Сепак, оваа криза не е целосно предвидлива и во случај да има потреба од дополнителни мерки, ќе треба да се постигне широк консезус во општеството за да се обезбедат доволно средства за да се искреираат и аплицираат тие дополнителни мерки кои би се однесувале на поддршка за исплата…
Утринава премиерот Заев повикал на средба двајца министри, неколку директори на агенции, први лица во обвинителствата и судовите, дознава ТВ 24. На средбата, премиерот барал детални информации за чекорите кои институциите ги преземале пред и за време на бегствотона Мијалков, како и за можните пропусти во постапките. Според извори на Телевизијата, во кабинетот, на средбата имало јасни и високи тонови, додека институциите покажувале со прст една на друга. Заев бил видно лут, па дури и се заканил дека доколку не се пронајде Мијалков, ќе има итни разрешувања, а од останатите јавно ќе побара одговорност. Средбата наводно завршила во нервозна атмосфера,…
Акцискиот план е усогласен 99 отсто и дава надеж дека можеме во овие неколку следни седмици да ја имаме таа меѓувладина конференција која ќе биде многу битна во подготовката на поповолна атмосфера пред разговорите за кои не крие нашиот премиер дека посакуваме да се случат во мај или јуни, по промовирањето на новата бугарска влада, вели специјалниот претставник на Владата за Бугарија, Владо Бучковски. -Идејата што сега ја промовираше нашето МНР, а го прифати бугарското МНР со одговорот на нашиот акциски план е да имаме еден заеднички документ кој би го усвоиле на заедничката владина конференција која ние претендирамве да…